Хитрино: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Хитрино''' е село во североисточниот дел на Бугарија во Шуменска област. Тоа е...
(нема разлика)

Преработка од 10:07, 13 декември 2016

Хитрино е село во североисточниот дел на Бугарија во Шуменска област. Тоа е административен центар на истоимената општина Хитрино.

Хитрино се наоѓа во североисточниот дел на Лудогорието. Тоа е еднакво оддалечено од Црното Море и Дунав и е на 20 километри од областниот град Шумен. Селото се наоѓа на главниот пат помеѓу Силистра и Шумен. Преку Хитрино оди главната пруга Варна - Русе.

Во 5:40 часот локално време на 10 декември 2016 година 7 лица загинале,[1] а 29 биле повредени по експлозијата на цистерна от излетал от шините воз. Возот, кој превезувал пропан-бутан и пропен, експлодирал и се запалил. Пожарот зафатил најмалку педесет објекти [2], а 20 згради во Хитрино биле уништени.

Наводи

  1. „Најмлаку седум лица загинаа во експлозијата на воз во Бугарија“. +info. Посетено на 10 December 2016.
  2. Gigova, Radina. „Bulgaria train derailment: 5 killed in blast“. CNN. Посетено на 10 December 2016.