Антарктик: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
Дада Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
с Отстрането уредувањето на 31.11.74.28 (разговор), вратено на последната верзија на Apcbg |

Ред 3: | Ред 3: | ||
| align=center colspan=2 style="background:#f9f9f9;" | [[Податотека:LocationAntarctica.png|200px|Location of Antartica]] |
| align=center colspan=2 style="background:#f9f9f9;" | [[Податотека:LocationAntarctica.png|200px|Location of Antartica]] |

| '''Површина''' || 13.200.000 |
| '''Површина''' || 13.200.000 км² |

| '''Население''' || ~ |
| '''Население''' || ~1.000 |

| '''Управа''' || |
| '''Управа''' || нема, управуван согласно [[Антарктички договор|Антарктичкиот договор]] |

| '''Територијални претензии''' || [[Аргентина]]
[[Австралија]]
[[Чиле]]
[[Франција]]
[[Нов Зеланд]]
[[Норвешка]]
[[Велика Британија]] |
| '''Територијални претензии''' || [[Аргентина]]
[[Австралија]]
[[Чиле]]
[[Франција]]
[[Нов Зеланд]]
[[Норвешка]]
[[Велика Британија]] |

Ред 13: | Ред 13: | ||
| '''Интернет наставка''' || [[.aq]] |
| '''Интернет наставка''' || [[.aq]] |

| '''Повикувачки број''' || + |
| '''Повикувачки број''' || +672 |

Ред 21: | Ред 21: | ||
Иако митовите и претпоставките за [[Terra Australis]] ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од [[1820]] година а првото пристигнување во [[1821]] година од Руската експедиција на [[Михаил Петрович Лазарев]] и [[Фабијан Готлиб фон Белингхаузен]]. |
Иако митовите и претпоставките за [[Terra Australis]] ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од [[1820]] година а првото пристигнување во [[1821]] година од Руската експедиција на [[Михаил Петрович Лазарев]] и [[Фабијан Готлиб фон Белингхаузен]]. |

Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по [[Азија]], [[Африка]], [[Северна Америка]], и [[Јужна Америка]]. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечна [[висина]] и најниска просечна [[влажност]], како и најниска просечна температура. |
Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по [[Азија]], [[Африка]], [[Северна Америка]], и [[Јужна Америка]]. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечна [[висина]] и најниска просечна [[влажност]], како и најниска просечна температура. |

== Климатски услови == |
== Климатски услови == |
Преработка од 22:28, 27 октомври 2016
Површина | 13.200.000 км² |
Население | ~1.000 |
Управа | нема, управуван согласно Антарктичкиот договор |
Територијални претензии | Аргентина Австралија Чиле Франција Нов Зеланд Норвешка Велика Британија |
Интернет наставка | .aq |
Повикувачки број | +672 |
Антарктик (од грчкиот збор ἀνταρκτικός, "спротивно од Арктик") е континент кој го опкружува Земјиниот Јужен пол. Тоа е најладното место на Земјата и е скоро целосно покриен со мраз; сепак, тоа е и најголемата пустина во светот. Не треба да се меша со Арктикот, кој се наоѓа близу до Земјиниот Северен пол на спротивната страна на планетата.
Иако митовите и претпоставките за Terra Australis ("Јужна земја") потекнуваат од античко време, првото прифатено откривање на континентот датира од 1820 година а првото пристигнување во 1821 година од Руската експедиција на Михаил Петрович Лазарев и Фабијан Готлиб фон Белингхаузен.
Со површина од 13.200.000 km², Антарктикот е петиот континент по големина, по Азија, Африка, Северна Америка, и Јужна Америка. Сепак, тој е убедливо најмалку населен, всушност нема постојано насление. Исто така тоа е континент со најголема просечна висина и најниска просечна влажност, како и најниска просечна температура.
Климатски услови
Антарктика е најладното место на земјата. Температурите се движат од -85 и -90 степени Целзиусови во зима и околу 30 степени повисоко во лето. Климатски бранови ретко пробиваат во внатрешноста на континентот, па центарот е ладен и сув. Има малку врнежи во текот на годината, но мразот може да се задржи поголем период. Скоро целиот континент е покриен со мраз, кој е во просек 2,5 километри длабок.
На крајот на континентот дуваат јаки катабатички ветрови. Во внатрешноста пак, ветровите се поблаги.
Во зависност од висината, настануваат долги периоди на постојана темнина или постојана сончева светлина, односно климата на која се навикнати луѓето не се појавува на овој континент.
На Антарктик се појавуваат три природни феномени:
- аурора аустралис или јужните светлини
- дијамантски прав - облак од ситни кристали од мраз
- пархелион, или лажно сонце, светла точка покрај вистинското сонце.
Географија
Континентот Антарктика се наоѓа јужно од јужен поларен круг, опкружен од Јужниот Океан. Физички Антарктикот е поделен на два дела од планини близу до Росовото и Веделовото Море. Делот од континентот западно од Веделовото Море и источно од Росовото Море се нарекува Западен Антарктик а остатокот Источен Антарктик.
Релјеф
Релјефот на Антарктикот е претежно планински, со големи надморски височини. Околу 65% од територијата се над 2 000м. Највсока планина е Винсоновиот Масив, со 5 140 м. Скоро во средината на Антарктикот се наоѓа Јужниот Пол каде што во 1911 година прв стигнал Норвежанецот Роналд Амундсен.
Флора и Фауна
Единствено на Гремовата Земја се присутни некои лишаи и мов додека животинскиот свет е поразновиен и побогат. Најкарактеристични се пингвините, кои живеат во колонии во крајбрежните делови на континентот. За разлика од копнениот дел, во водите околу Антарктикот живеат разни морски животни, а најкарактеристични се китовите.
Население
Се претпоставува дека во секој момент барем 1.000 луѓе живеат на континентот. Оваа бројка варира во зависност од месецот. Иако Антарктикот нема постојани жители, неколку држави имаат постојани истражувачки станици на континентот. Многу од нив имаат персонал во текот на целата година.
Првото дете родено на подрачјето околу Јужниот Пол е девојче Норвежанче, родена на 8 октомври 1913 година, додека Емилио Макрос Палма е првиот човек роден токму на Антарктикот (во базата „Есперанца“) во 1978 година, неговите родители биле пратени на континентот заедно со седум други фамилии.
Истражувачки станици и стопанство
На Антарктикот се наоѓаат неколку десетини станици во кои се вршат разни научни истражувања. Утврдени се резерви во разни рудни наоѓалишта (јаглен, железо, сребро, злато, ураниум и други), но не се врши нивна експлоатација. Антарктикот е надвор од светските сообраќајни текови.
Комуникација
Интернационалниот повикувачки број за Антарктикот е +672.
На континентот е развиена безжична телефонска мрежа. Постојат едно келиски предаватели кои користат AMPS технологија во Аргентинската база Марамбио и Entel Chile GSM-предавател на Островот на Кралот Џорџ. Сите останати комуникации се одвиваат преку сателитски врски.
Македонски топоними на Антарктикот
Меѓу наименуваните места на ледениот континент има и немал број објекти со имиња на херои, населби, географски и историски локалитети од Македонија.[1] Такви се називите
- Врв Банско, Остров Ливингстон 62°36′51″S 59°49′00″W / 62.61417° ЈГШ; 59.81667° ЗГД
- Карпа Христов, Остров Ливингстон 62°42′00″S 60°03′30″W / 62.70000° ЈГШ; 60.05833° ЗГД
- Врв Делчев, Остров Ливингстон 62°38′28″S 59°56′16″W / 62.64111° ЈГШ; 59.93778° ЗГД
- Рид Делчев, Остров Ливингстон 62°37′55″S 59°54′15″W / 62.63194° ЈГШ; 59.90417° ЗГД
- Врв Дрангов, Остров Гринвич 62°32′32″S 59°37′48″W / 62.54222° ЈГШ; 59.63000° ЗГД
- Рт Грмен, Остров Смит 62°59′08″S 62°36′30″W / 62.98556° ЈГШ; 62.60833° ЗГД
- Залив Груев, Остров Гринвич 62°30′21″S 59°33′43″W / 62.50583° ЈГШ; 59.56194° ЗГД
- Врв Илинден, Остров Гринвич 62°32′09″S 59°41′44″W / 62.53583° ЈГШ; 59.69556° ЗГД
- Планина Климент Охридски, Остров Александар 69°31′00″S 71°30′00″W / 69.51667° ЈГШ; 71.50000° ЗГД
- Ледник Конгур, Остров Смит 62°54′23″S 62°25′48″W / 62.90639° ЈГШ; 62.43000° ЗГД
- Долина Кресна, Остров Ливингстон 62°37′33″S 60°18′21″W / 62.62583° ЈГШ; 60.30583° ЗГД
- Врв Кубер, Остров Ливингстон 62°39′21″S 59°57′53″W / 62.65583° ЈГШ; 59.96472° ЗГД
- Рид Кузман, Остров Ливингстон 62°38′09.9″S 60°09′42.5″W / 62.636083° ЈГШ; 60.161806° ЗГД
- Врв Мелник, Остров Ливингстон 62°36′06.4″S 60°09′11.2″W / 62.601778° ЈГШ; 60.153111° ЗГД
- Рид Мелник, Остров Ливингстон 62°36′04″S 60°08′30″W / 62.60111° ЈГШ; 60.14167° ЗГД
- Миладинови Острови, Остров Пустинен 62°28′30″S 60°20′45″W / 62.47500° ЈГШ; 60.34583° ЗГД
- Врв Неофит, Остров Смит 63°01′10″S 62°35′07″W / 63.01944° ЈГШ; 62.58528° ЗГД
- Залив Осогово, Остров Ливингстон 62°39′05″S 61°11′42″W / 62.65139° ЈГШ; 61.19500° ЗГД
- Врв Паисиј, Остров Ливингстон 62°37′34″S 59°54′02″W / 62.62611° ЈГШ; 59.90056° ЗГД
- Рид Пешев, Остров Ливингстон 62°41′56″S 60°07′47″W / 62.69889° ЈГШ; 60.12972° ЗГД
- Врв Петрич, Остров Ливингстон 62°36′56″S 60°10′39″W / 62.61556° ЈГШ; 60.17750° ЗГД
- Залив Разлог, Остров Ливингстон 62°26′44″S 60°00′00″W / 62.44556° ЈГШ; 60.00000° ЗГД
- Полуостров Рожен, Остров Ливингстон 62°43′00″S 60°15′00″W / 62.71667° ЈГШ; 60.25000° ЗГД
- Ледник Руен, Остров Ливингстон 62°41′55″S 60°16′20″W / 62.69861° ЈГШ; 60.27222° ЗГД
- Ледник Рупите, Остров Смит 63°00′04″S 62°30′25″W / 63.00111° ЈГШ; 62.50694° ЗГД
- Рт Самоил, Остров Ливингстон 62°43′38″S 60°09′07″W / 62.72722° ЈГШ; 60.15194° ЗГД
- Рт Сандански, Остров Ливингстон 62°30′33″S 60°41′41″W / 62.50917° ЈГШ; 60.69472° ЗГД
- Врв Спартакус, Остров Ливингстон 62°38′16″S 59°55′20″W / 62.63778° ЈГШ; 59.92222° ЗГД
- Врв Свети Кирил, Остров Ливингстон 62°42′15″S 60°12′57″W / 62.70417° ЈГШ; 60.21583° ЗГД
- Премин Свети Иван Рилски, Остров Ливингстон 62°39′55″S 60°04′54″W / 62.66528° ЈГШ; 60.08167° ЗГД
- Антарктичка научна база „Св. Климент Охридски“, Остров Ливингстон 62°38′29″S 60°21′53″W / 62.64139° ЈГШ; 60.36472° ЗГД
- Врв Свети Методиј, Остров Ливингстон 62°42′56″S 60°14′51″W / 62.71556° ЈГШ; 60.24750° ЗГД
- Врв Свети Наум, Остров Ливингстон 62°41′38″S 60°06′21″W / 62.69389° ЈГШ; 60.10583° ЗГД
- Ледник Струма, Остров Ливингстон 62°36′30″S 60°08′00″W / 62.60833° ЈГШ; 60.13333° ЗГД
- Врв Вапцаров, Остров Ливингстон 62°37′15″S 59°54′25″W / 62.62083° ЈГШ; 59.90694° ЗГД
- Врв Вихрен (Антарктик), Остров Ливингстон 62°39′35″S 60°02′14″W / 62.65972° ЈГШ; 60.03722° ЗГД
Поврзани статии
- Јужен пол
- Јужен Океан
- Животни во Антарктикот - Пингвини, Фоки, Морски лавови, Китови
- Мраз, Санта мраз, Глечер
Наводи
- ↑ „Бугарите“ Гоце Делчев и Цар Самуил на Антарктикот. Фокус, 11 февруари 2016.
Надворешни врски
- 70South
- Antarctic Treaty Secretariat
- ANetStation
- The Antarctic Digital Database - a source of digital topographic map data for Antarctica
- Argentine Antarctic history
- Australian Antarctic Division
- British Antarctic Survey
- Council of Managers of National Antarctic Programs (COMNAP), official homepage.
- German Antarctic Ships and Stations
- Portals on the World - Antarctica from the Library of Congress
- The Russian State Museum of Arctic and Antarctic
- The Scientific Committee for Antarctic Research - coordinating body for Antarctic Science
- Antarctic Research Stations
- The World Factbook – Antarctica from the U.S. Central Intelligence Agency
- Latest Antarctic news and information by 70South
- Biodiversity at Ardley Island, South Shetland archipelago, Antarctica
- Antarctic Place-names Commission of Bulgaria
- Меѓународен регистар на антарктичките имиња (на англиски)