Киевски Рус: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
}}
 
'''Киевски состојбадржавата''' ([[Руски јазик|руски]] ''Киевская Русь'', [[Украински јазик|украински]]: ''Київська Русь'') е поим, кој бил воведен во употреба од современи историчари за означување на периодот на древноруската држава во [[Источна Европа]] од крајот на [[9 век]], како резултат на преместување на престолнината од [[Ладога]] во [[Киев]] и обединувањето на власта на кнезовите од династијата Руриковичи на двата главни центри на источните Словени и Русите — [[Новгород]] и [[Киев]]. Киевска Русија е една од најголемите држави, која постоела во [[Среден век|Средновековието]]. Како основач на оваа држава се смета кнезот [[Владимир I Велики]]. Периодот на владеење на [[Владимир I Велики]] ([[980]]-[[1015]].) и [[Јарослав I Мудриот]] ([[1019]]-[[1054]]) го претставува периодот на Златното владеење на Киевска Русија.
== Создавање на Киевска состојба државата==
 
Племенското име [[Рос]] за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на [[Остроготите]]. „Во готскиот јазик називот Росоман значи човек од племето Рос“. Племенското име Рос за прв пат го споменува историчарот Јорданес во VI век. Тие во почетокот ја признавале врховната власт на Остроготите. Териториите на племето Рос се наоѓала блиску до територијата на Остроготите. Во еден анонимен сириски извор се вели дека племето Рос живеело северно од Сирија. Тие не живееле војнички живот и не јавале на коњи. Територијата на која живеело племето Рос била од езерото Ладога до устието на реката Дњестар и од Карпатите до реката Волга, а во потесна смисла областа околу Киев, подрачјето околу реката Рос западниот дел од Перејеславското кнежевство и југозападниот дел на Черниговското кнежевство до градот Курск на реката Сејм. Во некои извори Русите се нарекуваат и Роди или Родијци според името на богот Род. Внатрешна Русија покрај племето Рос ја сочинувале и племињата Полјани и Северјани. Полјаните ја населувале територијата околу Киев, а северјаните по течението на реките Десна и Сејм. Во VI век било формирано сојуз на овие три племиња кој што траел до 8 век. На чело на сојузот се наоѓал заеднички војсководач или кнез. Во периодот од VII до IX век територијата на државата се проширила кон териториите на племињата Драговичи, Древјани, Полочани и Новгородци. Први познати владетели на Киевска Рус биле кнезовите Дир и Асколд. Тие се сметале за потомци на кнежевскиот род што го основал Киј. Во време на овие кнезови Русите војувале со Византија во 860, 866, 874 година. Нови походи кон Византија биле за време на кнезот Олег 907 год. и кнезот Игор 941 год. Додека Русите војувале со Византија северните руски области биле нападнати од Норманите кои успеале да принудат одредени племиња да им плаќаат данок но набрзо биле протерани во Шведска. Во времето на кнезот Олег се случило повторно обединување на „Внатрешна Русија“.
 
== Киевска состојбадржавата во време на Олга ==
 
Кнегињата Олга ја превземала власта по смрта на нејзиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на нејзиниот малолетен син Свјетослав. Таа го задушила востанието на Древјаните и го убила нивниот кнез Мала и некои древјански благородници, го запалила главниот град на Древјаните и други населени места а голем број од населението ги продала како робови. Древјаните биле принудени да им плаќаат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Дуљебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале Пољаците. Во 957 година Олга заминала за Цариград . Таму го примила христијанството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова нејзино покрстување бил нејзин личен чин но сепак ја потикнал мисионерската дејност на византиската црква во Киевска Рус. Меѓутоа меѓу Рус и Византија сеуште владеела недоверба.„Констан Порфирогенит му давал упатство на својот син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, бидејќи само со подржување на притисокот на Печенезите на Русија може да се спречи тој народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното влијание од Цариград претставува опасност за нејзина та држава и побарала од Отон I да помогне во ширењето на Христијанството. Меѓутоа пред да дојдат германските мисионери во Киевска Рус се подобриле односите меѓу Киевска Рус и Византија. Било обновено ширењето на Христијанството преку Цариград. Новиот византиски император Роман I побарал од кнегињата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрување на односите меѓу Византија и Киевска Рус.
 
== Киевска состојбадржавата во време на Владимир ==
 
Во 964 год. синот на Игор и Олга Свјетослав станал полнолетен и ја превзел власта владеел до 972 год. Тој бил многу воинствен. Ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со Печенезите 972 год. По неговата смрт дошло до борба за власт меѓу неговите синови Јарополк, Олег и Владимир. На крајот власта ја земал Владимир (980-1015). Тој ја продолжил политиката на татко му. Војувал против Полска и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварувањето на овие планови му помогнало примањето на Христијанството. Христијанството го примил од Византија. Византискиот император Василиј II побарал помош од Рус за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6000 војници. Kако награда Василиј II му ја ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христијанството. Тој го прифатил барањето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит кој бил потчинет на рускиот патријарх. Самиот кнез се пoкрстил во 988 год. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстувањето на Киевска Рус му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ја централизира власта како и во борбата со неговите браќа. Тој во почетокот сакал да создаде единствен пагански пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во Киев и Перун бил поставен за врховен бог. Меѓутоа и покрај тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христијанството со својата црковна хиерархија му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстувањето на Киевска Рус било од големо значење на Византија. Со тоа се проширила нејзината свера на влијание си оглед на тоа дека најголемата источно европска држава потпаднала под црковно влијание на Византија. Во почетокот со руската црква управувале митрополити испратени од Цариград. Во Киевска Рус започнале да доаѓаат образовани луѓе од Цариград .Започнале да се градат храмови и да се отвараат училишта. Првата митроплија во Киев била формирана во време на кнезот Асколд, а за време на Владимир биле основани епископии во уште осум други градови. Владимир на црквата и доделил една десетина од неговиот имот и од имотот на неговите бојлари. На преминот од XI во XII век била воведена редовна црковна десетина од приходот на целото население. Руската црква имала потреба од црковни книги на словенски јазик.Биле донесени книги од Македонија и Бугарија. Започнала да се развива преведувачка дејност а исто така била создадена и црковна литература на словенски јазик и кирилско писмо. Во време на Владимир државата се проширила на запад до руско-полското етничко подрачје, на исток до несловенските племиња.Зацврстувањето на христијанството придонело во изградување на феудалниот систем во Киевска Рус. Зајакнала центалната власт.Киевскиот кнез ја носел титулата „велики кнез“ а локалните кнезови ја признавале неговата врховна власт.Великиот кнез поседувал многу имоти и собирал данок од потчинетите земји. Во почетокот данокот се плаќал во натура а потоа во пари. Две третини од данокот биле за државата, а една третина му припаѓала лично на кнезот. Населението покрај плаќање на данок имало обврска да служи во војската. Населението имало статус на слободни луѓе, но имало обврска да плаќа данок на државата. Аристократијата се состоела од бојлари, од припадници на кнежевската војна дружина и од управници на градовите, а некогашните народни собранија биле заменети со совети на кнезови. Постоела и соседска општина, која што била управувана од старешини наречени старци. „Општината под управа на своите старешини (Старци) собирала данок од поедини домови и го доставувала во собиралиштата“.
Анонимен корисник

Прегледник