Промени

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
с
== Географија ==
{{main|Географија на Обединетото Кралство}}
 
[[Податотека:Uk topo en.jpg|мини|лево|Топографска карта на Обединетото Кралство.]]
Велика Британија лежи помеѓу [[Ирска]] и [[континент]]ална [[Европа]]. Велика Британија е остров што лежи на растојание од северозападниот брег на Европа, чинејќи го главниот дел од територијата на Обединетото Кралство (United Kingdom). Трите земји што го покриваат островот се [[Англија]], [[Шкотска]] и [[Велс]]. Покрај нив во рамките на кралството се наоѓа уште и [[Северна Ирска]]. Островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по [[Јава]] и [[Хоншу]]. Главен град е [[Лондон]]. Тој е културен, политички и административен центар. Други поголеми градови се [[Ливерпул]], [[Манчестер]], [[Бирмингем]], [[Лидс]], [[Бристол]], [[Единбург]], [[Глазгов]], [[Кардиф]] и други.
Велика Британија е остров кој се наоѓа на северозападниот дел на [[Европа]], помеѓу северниот дел на [[Атлантски Океан]] и [[Северно Море]]. Северозападно од Франција. Се состои од четири земји - Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Таа зазема голем дел од британските острови. [[Северна Ирска]] не лежи на островот Велика Британија туку на островот Република Ирска. Англија, Шкотска и Велс формираат повеќе од два главни острови. [[Оркниски Острови|Оркниските]] и [[Шетландски Острови|Шетландските Острови]] лежат северно од [[Шкотска]], a [[Хебриди]]те западно. Островот Енглези е северозападно од Велс.

Прегледник