Кнежевство Антиохија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с P.Nedelkovski ја премести страницата Кнежество Антиохија на Кнежевство Антиохија презапишувајќи врз пренасочување: правопис
(нема разлика)

Преработка од 18:23, 18 октомври 2016

Кнежество Антиохијакрстоносна држава која била создадена во време на првата крстоносна војна на територијата на денешна Турција и Сирија во периодот од 1098 се до 1268 година.

Опсада на Антиохија

Додека Болдвин Болонски и Танкрид се упатиле кон исток преку Мала Азија кон Едеса, голем дел од основната армија на крстоносците во првата крстоносна војна продолжиле кон југ за да ја опседнат Антохија. Така, таа започнала во октомври 1097 година под ракаводство на Боемунд I Антиохиски. Со околу четиристотини кули, градот бил повеќе од тешко за да се освои. Опсадата продолжила и во зимата, и покрај тоа што на христијаните започнало да им се намалува храната, па затоа според легендата тие биле принудени дури да си ги јадат сопствените коњи. Така, опсадата траела се до 3 јуни 1098 година, кога крстоносците сепак успеале да ја заземат Антиохија. Но по само четири дена, огромна муслиманска војска тргнувајќи од Мосул и предводена од страна на Кербогха, пристигнала пред вратите на Антиохија, за да по само дваесетина дена повторно биде освоена од страна на муслиманската војска.