Влашка: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
original
Ред 67: Ред 67:
[[Категорија:Поранешни држави на Балканот]]
[[Категорија:Поранешни држави на Балканот]]
[[Категорија:Земји-наследнички на Византија на Балканот]]
[[Категорија:Земји-наследнички на Византија на Балканот]]
[[Категорија:Вазални земји на Отоманското царство]]
[[Категорија:Вазални земји на Отоманското Царство]]
[[Категорија:Отоманска Романија]]
[[Категорија:Отоманска Романија]]

Преработка од 23:39, 8 септември 2016

Кнежество Влашка
Цѣра Рȣмѫнѣскъ
Землѧ Ѹгровлахїиска
вазал на Отоманската Империја(1417–1859)
(под руско влијание 1774–1856)
1330 – 1859
Знаме Грб
Местоположба на Влашка
Влашка во 14 век
Главен град Кимпулунг, Курта де Арџеш (1317-1418)
Трговиште (1418-1659)[1]
Букурешт (from 1659)
Јазици романски, црковнословенски
Вероисповед Православие
Уредување монархија
Принц
 -  1310–52 Басараб I (прв)
 -  1859–62 Александру Јоан Куза (последен)
Историја
 -  обединување 1330
 -  отомански суверенитет 1417[2]
 -  Долгата војна во Унгарија и Молдавски магнатски војни 1593–1621
 -  Договори:
    - Ќучук Кајнарџа

    - Едрене

21 јули  [ст. ст. 10 July] 1774
14 септември  [ст. ст. 2 September] 1829
 -  Органски статут 1834–1835
 -  Унија со Молдавија 5 февруари [ст. ст. 24 јануари] 1859 1859

Влашка (романски: Tara romaneasca или Valahia) — историски и географски регион во Романија. Таа се наоѓа на север од Дунав и јужно од Јужните Карпати. Понекогаш е нарекувана Мунтенија или во превод Голема Влашка, додека пак постои и друга наречена Олтенија или Мала Влашка.

Од 1330 година Влашка станала самостојно кнежевство. Еден од нејзините деспоти бил Влад III Цепеш (1431-1476), подобро познат како грофот Дракула. По долгиот отпор, кон крајот на 15 век Влашка целосно станала зависна од Османлиите. По битката кај Ровиње во 1395 година, Влашка станала вазална земја на Османлиите, а во времето на Мирчо Стариот била обврзана да плаќа првично данок а подоцна самиот влашки кнез бил поставуван од османлискиот султан.

Влашка никогаш не станала дел од турски санџак за разлика од другите освоени територии кај Дунав. Од 1716 година Високата порта започнала да назначува за управители на областа Грци - фанариоти, со што се зголемило влијанието на Фенар и незадоволство кај влашкото население. Управувањето на фанариотите престанало во 1821 година кога избувнало востание на чело со Тудор Владимиреску. Истата година Стефан Богориди бил назначен за кнез на Влашка од страна на султанот.

Во 1831 година бил донесен статут на Влашка, а во 1859 година заедно со Молдавија било објавено создавањето на Обединетото кнежество Влашко и Молдавија на чело со Александру Јоан Куза. На 24 декември 1861 година Александру Куза ја прогласил независноста на новата држава Романија, но Романија својата независност ја добила по крајот на Руско-турската војна во 1877 година.

Поврзано

Наводи

  1. Romania & Moldova
  2. Giurescu, Istoria Românilor, p.481