Кајмакчалан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с спорен е податокот
Ред 6: Ред 6:


==Знаменитости==
==Знаменитости==
За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу [[Бугарска армија|бугарската армија]], од една страна, и [[Француска армија|француската]] и [[Српска армија|српската војска]], од друга страна, како дел од [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]]. Притоа, само во периодот од 12 до [[30 септември]] [[1916]] година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на [[Македонци]] од месното население во [[Мариово]] и од цела [[Македонија]]. Во спомен на овој настан, на црквата „[[Св. Илија]]“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот [[Александар Караѓорѓевиќ]]. До пред некое време, во [[Црква (објект)|црквата]], во посебна урна, се наоѓало [[Срце|срцето]] на швајцарскиот [[Форензика|форензичар]], публицист и професор, Арчибалд Рајс. Исто така, на врвот се наоѓа и познатата [[Камбанарија|камбана]], која ја донирал [[Михајло Пупин]].<ref>Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.</ref>.
За време на [[Прва светска војна|Првата светска војна]], на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу [[Бугарска армија|бугарската армија]], од една страна, и [[Француска армија|француската]] и [[Српска армија|српската војска]], од друга страна, како дел од [[Македонски фронт|Македонскиот фронт]]. Притоа, само во периодот од 12 до [[30 септември]] [[1916]] година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на [[Македонци]] од месното население во [[Мариово]] и од цела [[Македонија]]. Во спомен на овој настан, на црквата „[[Св. Илија]]“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот [[Александар Караѓорѓевиќ]]. До пред некое време, во [[Црква (објект)|црквата]], во посебна урна, се наоѓало [[Срце|срцето]] на швајцарскиот [[Форензика|форензичар]], публицист и професор, Арчибалд Рајс.<ref>Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, ''Економија и бизнис'', година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.</ref>


== Наводи ==
== Наводи ==

Преработка од 12:30, 2 септември 2016

Спомен капелата од Битката на Кајмакчалан во 1916 година.

Кајмакчалан — врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со виина од 2.521 м.[1] Тој е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во Грција. Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.

Местоположба

Од врвот се гледаат Островското езеро и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.[2]

Знаменитости

За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во составот на двете завојувани војски на фронтот биле мобилизирани голем број на Македонци од месното население во Мариово и од цела Македонија. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс.[3]

Наводи

  1. Статистички годишник на СР Македонија. Републички завод за статистика. 1978.
  2. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.
  3. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.

Надворешни врски