Страдањата на младиот Вертер: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
обновување
→‎Содржина: ситна поправка
Ред 8: Ред 8:


== Содржина ==
== Содржина ==
Поголемиот дел од книгата е напишан во форма на писма, но содржи и делови во кои „издавачот“ на книгата им се обраќа на читателите со дополнителни објаснувања.
Поголемиот дел од книгата е напишан во форма на писма, но содржи и делови во кои „издавачот“ на книгата им се обраќа на читателите со дополнителни објаснувања. Романот се состои од следниве делови:
* Прва книга
* Втора книга
* Соопштение
* Издавачот кон читателот

===Прва книга===
===Прва книга===
Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од [[4 мај]] [[1771]] година, а последното од [[10 септември]]: Вертер заминал во мало провинциско градче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во [[природа]] и во разговори со локалното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, [[интелигенција]] и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил [[љубов]], знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.</ref>
Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од [[4 мај]] [[1771]] година, а последното од [[10 септември]]: Вертер заминал во мало провинциско градче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во [[природа]] и во разговори со локалното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, [[интелигенција]] и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил [[љубов]], знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.<ref>J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.</ref>

Преработка од 23:16, 30 август 2016

Првото издание од 1774 година

Страдањата на младиот Вертер (германски: Die Leiden des jungen Werthers) - роман на Гете, од 1774 година.

Инспирација

Книгата „Страдањата на младиот Вертер“ била објавена во 1774 година. Таа била напишана под влијание на делата на Ричардсон и Русо, но во неа се проткаени и бројни реални настани од животот на Гете, како: трагичната судбина на вецларскиот правник Ерусалим, кој извршил самоубиство во октомври 1772 година; љубовта на Гете кон Шарлота (Лота) Буф од мај до септември 1772 година, која во април 1773 година се омажила за неговиот пријател Кестнер; неговата следна љубов кон Максимилијана Ла Рош, која била омажена за љубоморниот Брентан итн. Всушност, самиот Гете постојано нагласувал дека во оваа книга ги внесол своите најинтимни чувства и поради тоа таа е единствено дело кое не може да се повтори.[1]

Од разговорот на Гете до Екерман од 2 јануари 1824 година може да се заклучи дека намерата на Гете не била само да ги прикаже љубовните страдања на еден млад човек, туку неговите идеи се општи – недоволноста на човекот, сударот на човекот со природата и со граѓанскиот поредок итн.[2]

Содржина

Поголемиот дел од книгата е напишан во форма на писма, но содржи и делови во кои „издавачот“ на книгата им се обраќа на читателите со дополнителни објаснувања. Романот се состои од следниве делови:

  • Прва книга
  • Втора книга
  • Соопштение
  • Издавачот кон читателот

Прва книга

Во првата книга се прикажани писмата што младиот Вертер му пишува на својот пријател Вилхелм при што првото писмо е од 4 мај 1771 година, а последното од 10 септември: Вертер заминал во мало провинциско градче, каде ги поминува деновите во долги прошетки во природа и во разговори со локалното население. Еднаш прошетал до блиското планинско место Валхајм кое на прв поглед му се допаднало. Одејќи на една забава ја запознал убавата Шарлота (Лота) која го пленила со својата убавина, интелигенција и добрина и тој веднаш се вљубил во неа. Меѓутоа, Шарлота била свршена за Алберт, кој привремено бил отсутен. За тоа време, Вертер се зближил со Лота, иако никогаш не ѝ изјавил љубов, знаејќи дека таа е свршена. Подоцна, тој се запознал со Алберт кој му оставил добар впечаток и двајцата станале добри пријатели. Неговите средби со Лота продолжиле, но тој не можел да го издржи притисокот и еден ден ненадејно го напуштил Валхајм.[3]

Втора книга

Во втората книга се прикажани писмата што Вертер им ги пишува на Вилхелм, но и на Лота и Алберт. Првото писмо е од 20 октомври 1771 година, а последното од 24 март: Вертер ја прифатил службата во еден град, каде работел како помошник на пратеникот на дворот на еден гроф. Цело време Вертер е незадоволен од здодевниот пратеник, но за среќа ја ужива симпатијата на грофот. Еден ден, додека бил во посета на грофот, случајно останал на приемот што го приредил тој, но сите присутни благородници негодувале поради неговото присуство. Утредента, нивните озборувања се прошириле низ целиот град и Вертер не можел да издржи, па побарал да го отпуштат од службата. Оттука, тој заминал на имотот на некој кнез.[4]

Соопштение

Во овој дел се наведени писмата на Вертер од 19 април до 6 декември: По краткиот престој кај кнезот, Вертер повторно не можел да се смири и го напуштил. Најпрвин го посетил своето родно место, а потоа повторно заминал кај Лота. Таму го поминувал времето препуштајќи им се на спомените, но бил тажен поради неможноста да ја има Лота. Повторно шетал низ природата, но прошетките веќе не му го исполнувале срцето, Хомер го заменил со Осијан и постојано бил обземен со мрачно расположение.[5]

Издавачот кон читателот

Во овој дел, „издавачот“ на книгата ги раскажува последните денови кои претходеле на смртта на Вертер при што одвреме-навреме, случките ги поткрепува со извадоци од неговите писма. Вертер сè повеќе тонел во депресија, а неговите односи со Алберт се заостриле, бидејќи тој настојувал да го оддалечи Вертер од својата свршеница. Поради присуството на Вертер малку се влошиле и односите меѓу Лота и Алберт, бидејќи Лота била растргната меѓу љубовта и верноста кон сопругот и сочувството кон Вертер. При една средба, Лота побарала од Вертер да не ја посетува до Бадник, а тогаш тој ја донесол одлуката да умре. Вертер не ја послушал нејзината молба и неочекувано ја посетил. На таа средба, тој ѝ читал поеми на Осијан, кои кај него и кај Лота предивикале силен впечаток. Тогаш, Вертер за првпат ја бакнал Лота, која избегала и се заклучила во својата соба. Растроениот Вертер се вратил во својот дом и вечерта го испратил слугата до домот на Лота, со молба до Алберт да му позајми пиштол. Токму Лота била таа која му го врачила пиштолот на слугата. На полноќ, Вертер си пукал во главата, а изутрината го пронашле облеан во крв, но сè уште со траги од живот. Сепак, на пладне, тој починал, а ноќта таткото на Лота го закопал меѓу две липи, на местото коешто претходно го одредил Вертер.[6]

За романот

Веднаш по нејзиното објавување, книгата доживеала голем успех и била преведена на повеќе јазици. Под нејзиното влијание, многу луѓе се облекувале во стилот на Вертер, а биле забележани и неколку самоубиства. Истовремено, како реакција на ова дело, се појавиле и неколку пародии, како и бројни остри критики. Така, критичарите му забележувале на Гете за спојувањето на мотивот на трагичната љубов со мотивот на повредената чест; што дозволил Лота без поговор да му го предаде пиштолот на слугата на Вертер; што го воздигнувал ликот на еден слаб човек-самоубиец итн.[7]

Како одговор на критичарите, Гете истакнувал дека уметничкото дело не може да биде штетно. Така, обраќајќи му се на еден англиски бискуп, наведен во разговорот со Екерман од 17 март 1830 година, Гете истакнал: „Кога веќе така зборувате за мојот кутар „Вертер“, тогаш како би требало да се зборува против насилниците кои со едне потег на перото испраќаат во војна сто илјади луѓе од кои ќе погинат осумдесет илјади и кои меѓусебно се поттикнуваат на убиство, палење и грабеж. Вие го фалите бога по таквите настани и ја пеете Tedeum!... А барате писателот да ви поднесе сметка и сакате да фрлите проклетство на неговото дело само затоа што тоа, погрешно сфатено од неколку ограничени умови, во најлош случај го ослободил светот од малкумина глупаци и никаквеци!... Тоа е значи злостроство, а што си дозволувате вие, свештениците и владетелите!... Зло би било ако една книга може да делува како нешто што е понеморално од самиот живот...“[8]

Сепак, под притисок на критичарите, во 1787 година Гете го подготвил изменетото второ издание на „Страдањата на младиот Вертер“ во кое направил одредени измени: ги засилил некои болни црти во карактерот на Вертер, го прикажал Алберт во подобра светлина, вметнал паралелно дејство со теми од селскиот живот, а во поговорот јасно ги опоменал читателите да не го следат примерот на Вертер.[9]

Романот „Страдањата на младиот Вертер“ извршил големо влијание врз развојот на романтизмот чии дела биле преполни со вертеровската „светска болка“. Притоа, некои романтичарски дела, како „Рене“ на Шатобријан и „Последните писма на Јакопо Ортисо“ на Фосколо, биле напишани под непосредно влијание на „Страдањата на младиот Вертер“.[10]

Наводи

  1. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-136.
  2. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 135-138.
  3. J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 5-62.
  4. J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 63-76.
  5. J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 77-100.
  6. J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 101-133.
  7. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 137.
  8. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 137-138.
  9. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 138.
  10. Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, Jadi mladoga Vertera. Beograd: Rad, 1959, стр. 138.

Надворешни врски

  • Die Leiden des jungen Werthers
  • The Sorrows of Young Werther на Проектот „Гутенберг“
  • GradeSaver study guide: The Sorrows of Young Werther
  • Free Audiobook (in German) from LibriVox
  • The-Sorrows-of-Young-Werther.com (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox)
  • Die-Leiden-des-jungen-Werthers.de (personalised e-mail edition sending Werther's letters to your mailbox, in German)
  • „[[William Makepeace Thackeray]]'s [[Sorrows of Werther]]. cs.rice.edu. URL–wikilink conflict (help)