Ваденско Море: Разлика помеѓу преработките

Координати: 53°32′N 6°53′E / 53.533° СГШ; 6.883° ИГД / 53.533; 6.883
Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 16: Ред 16:
Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на [[човек|човечките]] активности,<ref>C. Michael Hogan. 2011. [http://www.eoearth.org/article/Wadden_Sea?topic=49523 ''Wadden Sea''. eds. P. Saundry & C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC]</ref> што може да се забележи од системите од бразди и [[насип]]и на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од [[Ден Хелдер]] во [[Холандија]] на југозапад, ги одминува големите речни [[естуар|устија]] на [[Германија]] и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од [[Есбјерг]] во [[Данска]]. Овој потег има вкупна должина од 500&nbsp;км и површина од околу 10.000&nbsp;км². Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото [[Ејселмер]] крај насипот Афслејтдејк.
Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на [[човек|човечките]] активности,<ref>C. Michael Hogan. 2011. [http://www.eoearth.org/article/Wadden_Sea?topic=49523 ''Wadden Sea''. eds. P. Saundry & C. Cleveland. Encyclopedia of Earth. National Council for Science and the Environment. Washington DC]</ref> што може да се забележи од системите од бразди и [[насип]]и на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од [[Ден Хелдер]] во [[Холандија]] на југозапад, ги одминува големите речни [[естуар|устија]] на [[Германија]] и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од [[Есбјерг]] во [[Данска]]. Овој потег има вкупна должина од 500&nbsp;км и површина од околу 10.000&nbsp;км². Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото [[Ејселмер]] крај насипот Афслејтдејк.


Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население - [[Фризи]]те. Меѓутоа, [[западнофризиски јазик|фризискиот јазик]] не се говори во најзападниот дански остров [[Тексел]] веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров [[Хелголанд]] етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.
Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население [[Фризи]]те. Меѓутоа, [[западнофризиски јазик|фризискиот јазик]] не се говори во најзападниот дански остров [[Тексел]] веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров [[Хелголанд]] етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.


==Природа==
==Природа==

Преработка од 20:49, 3 јули 2016

Ваденско Море
светско наследство на УНЕСКО
Критериумприродно: viii, ix, x
Навод1314
Запис2009 (XXXIII заседание)

Ваденското Море (холандски: Waddenzee, германски: Wattenmeer, долногермански: Wattensee/Waddenzee, дански: Vadehavet, западнофризиски: Waadsee) е крајбрежен појас во југоисточниот дел на Северното Море. Сместено е помеѓу брегот на северозападна континентална Европа и Фризиските Острови, образувајќи плитка водна површина со плитаци и мочуришта. Целото подрачје се одликува со голема биолошка разновидност. Во 2009, холандскиот и германскиот дел на морето биле прогласени за светско наследство на УНЕСКО.[1]

Според стручњаците, Ваденското Море има еден од највидоизменетите брегови во светот како последица на човечките активности,[2] што може да се забележи од системите од бразди и насипи на копното и ниските крајбрежни острови. Ваденското Море се протега од Ден Хелдер во Холандија на југозапад, ги одминува големите речни устија на Германија и завршува кај северната граница на Скалинген, северно од Есбјерг во Данска. Овој потег има вкупна должина од 500 км и површина од околу 10.000 км². Во рамките на Холандија, морето се граничи со езерото Ејселмер крај насипот Афслејтдејк.

Островите во морето се нарекуваат Ваденскоморски Острови или Фризиски Острови, кои го добиле името од месното население — Фризите. Меѓутоа, фризискиот јазик не се говори во најзападниот дански остров Тексел веќе со векови. Данските Ваденскоморски Острови никогаш немале фризиско население. Оддалечениот германски остров Хелголанд етнички е фризиски, но не се наоѓа во Ваденското Море.

Природа

Солено мочуриште и плитаци кај Вестерхевер, Германија

Зборот wad е холандски поим за „плитак“ (долногермански и германски: Watt, дански: Vade). Подрачјето се карактеризира со пространи плитаци од тиња, подлабоки приливни брази (приливни потоци), а островите во оваа област постојано се потопуваат и излегуваат на површина. Пејзажот во голема мера е создаден од бурни приливи во периодот од X до XIV век, преплавувајќи и носејќи ги тресетните површини зад крајбрежните песочни дини. Денешните острови се остатоци од некогашните дини.

Островите имаат со дини и широки песокливи плажи кон Северното Море и низок приливен брег кон Ваденското Море. Брановите и струите постојано однесуваат наноси, постепено менувајќи го обликот на островите. На пример, островите Влиланд и Амеланд низ вековите се поместени источно, губејќи го копното на една страна и добивајќи ново на друга.

Ваденското Море е значајно по богатата флора и фауна, особено птиците. Местото е зимувалиште за стотици илјади крајбрежни птици, патки и гуски, богато живеалиште за галеби и рибарки.[3]

Фоки на островот Терсхелинг, Холандија

Поврзано

References

Надворешни врски



53°32′N 6°53′E / 53.533° СГШ; 6.883° ИГД / 53.533; 6.883