Венцел I (војвода на Саксонија-Витенберг): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
НС
(нема разлика)

Преработка од 12:06, 23 јуни 2016

Венцел I (германски: Wenzel I., Herzog von Sachsen-Wittenberg, роден во 1337 - починал на 15 мај 1388 во Целе) — владетел од династијата Аскани како војвода од Саксонија, изборен кнез од Саксонија и кнез од Линебург во периодот од 1370 до 1388 година.

Рани години

Венцел бил син на војводата Рудолф I (починал во 1356) и на неговата трета сопруга Агнес од Линдов , ќерка на Улрих I од Линдов.

Управување

Во декември 1370 година Венцел го наследил својот починат полубрат Рудолф II, бидејќи тој немал наследници. Во 1376 година како изборен кнез учествувал во изборот на Венцел IV Мрзливиот за германски крал и во 1377 година во Алтмарк помагнал во изборот на Карло IV за цар на Светото Римско Царство.

Венцел починал ненадејно од тешка болест за време на опсадата на Целе. Најверојатно бил отруен.