Карло VII (Свето Римско Царство): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 22: Ред 22:


На [[23 ноември]] [[1744]] година Карло VII се вратил во Минхен и починал на [[20 јануари]] [[1745]] година. Причината за неговата смрт била [[гихт]]. Тој бил погребан во Театинската црква во Минхен.
На [[23 ноември]] [[1744]] година Карло VII се вратил во Минхен и починал на [[20 јануари]] [[1745]] година. Причината за неговата смрт била [[гихт]]. Тој бил погребан во Театинската црква во Минхен.

== Семејство ==

Карло VII и [[Марија Амалија Хабсбург-Австриска]] имале седум деца:
* Максмилијана Марија=
* [[Марија Антонија Баварска]]
* [[Терезија Бенедикт Баварска]]
* [[Максимилијан III Јосиф ]]
* Јозеф Лудвиг (1728 - 1733)
* [[Марија Ана Баварска (1734-1776) | Марија Ана Јозеф]] (1734 - 1776)
* [[Марија Јозеф Баварска]]

Преработка од 23:37, 16 јуни 2016

Карло VII (германски: Karl VII, роден на 6 август 1697 во Брисел - починал на 20 јануари 1745 во Минхен) — владетел од династијата на Вителсбаховците како цар на Светото Римско Царство (1742-1745), крал на Бохемија (1741-1743) и изборен кнез од Баварија (1726–1745).

Рани години

Карло VII Албрехт бил син на Максимилијан II Емануел (1662-1726) и неговата втора сопруга принцезата Тереза ​​Кунегунда Собиеска од Полска (1676-1730), ќерка на полскиот крал Јан III Собески. Во 1715 година неговото семејство се вратило од Брисел назад во Минхен.

Во 1717 и 1718 година тој учествувал со баварска војска во војна против Османлиите.

На 5 октомври 1722 година се оженил во Виена за војводката Марија Амалија Хабсбург-Австриска (1701-1756), ќерка на царот Јосиф I и неговата сопруга Вилхелмина Амалија фон Брауншвајг-Лунебург. Празнувањата при нивното враќање во Минхен на 17 октомври траеле до 4 ноември 1722 година и истите ги чинеле 4 милиони гилдери.

Тој го изградил од 1734 до 1739 година за сопругата дворецот Амалиенбург во паркот Нимфенбург. На љубовницата Јосифа Топор Моравитцки тој и ја подарил палатата Порција. Тој самоволно си ја додал титулата надвојвода на Австрија.

Во 1736 година Карло VII повторно учествувал со војска од 8.000 луѓе во војна против Османлиите.

Управување

Со договорот од Нимфенбург од 28 мај 1741 година Баварија влегла во Војната за австриското наследство во сојуз со Франција, Шпанија, Савоја и Прусија. На Карло Албрехт му била ветена царската круна. Тој со своите сили напредувал кон Виена. Франција ги поттикнала на баварците да ја нападнат Бохемија, која била многу понезаштитена за разлика од Виена. Баварија ја зазела Прага на 26 ноември 1741 година и на 12 февруари 1742 година Карло бил крунисан за цар на Светото Римско Царство под името Карло VII. Крунисувањето било извршено во црквата „Св. Вартоломеј“ (Bartholomäuskirche) во Франкфурт на Мајна од неговиот брат Клеменс Август Баварски, кој бил архиепископ на Келн.

Во меѓувреме, на 19 декември 1741 година Карло бил крунисан во Прага за крал на Бохемија.

Два дена по неговото крунисување, војниците на Марија Терезија, ќерка и наследничка на Карло VI, навлегле во Минхен. Царот Карло VII морал да се откаже од териториите на Хабсбурговците и ја изгубил и својата земја. Така тој живеел во егзил во Франкфурт. Марија Терезија му ја понудил Ница и Сицилија во замена за царската титула и Баварија, но Англија ставила вето и Баварија останала во рацете на Вителсбаховците.

На 23 ноември 1744 година Карло VII се вратил во Минхен и починал на 20 јануари 1745 година. Причината за неговата смрт била гихт. Тој бил погребан во Театинската црква во Минхен.

Семејство

Карло VII и Марија Амалија Хабсбург-Австриска имале седум деца: