Државна изборна комисија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
19999o (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
ситна поправка
Ред 38: Ред 38:
}}
}}


'''Државната Изборна Комисија''' или '''ДИК''' според [[Уставот на Република Македонија]] е надлежна за спроведување на сите избори во [[Република Македонија]]. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира [[Собранието на Република Македонија]], по претходен политички консензус.
'''Државната изборна комисија''' или '''ДИК''' според [[Уставот на Република Македонија]] е надлежна за спроведување на сите избори во [[Република Македонија]]. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира [[Собранието на Република Македонија]], по претходен политички консензус.


== Избор и состав ==
== Избор и состав ==

Преработка од 07:38, 4 јуни 2016

Државна изборна комисија
Лого на комисијата
Податоци за органот
Надлежност Собрание на РМ
Седиште Скопје, Македонија Македонија
Раководител Александар Чичаковски
Мрежно место
sec.mk


Државната изборна комисија или ДИК според Уставот на Република Македонија е надлежна за спроведување на сите избори во Република Македонија. ДИК е составена од претседател, потпретседател и членови. Сите членови на ДИК ги избира Собранието на Република Македонија, по претходен политички консензус.

Избор и состав

Државната изборна комисија е составена од седум членови (претседател, потпретседател и пет други членови). Тие функцијата ја вршат професионално, со право на повторен избор. Нивниот мандат е четири години, а се избираат во рок од 60 дена од денот на одржувањето на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија. Политичките партии во опозиција предлагаат претседател и двајца членови на ДИК, a партиите на власт предлагаат потпретседател и тројца членови на ДИК. Сите нив ги избира Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Кандидатите за членови на ДИК треба да бидат државјани на Република Македонија со постојано место на живеење во Република Македонија, да се дипломирани правници со најмалку осум години работно искуство како правници и да не бидат членови на орган на политичка партија.

Досегашни претседатели на ДИК

Досегашни претседатели на ДИК биле:[1]

  • Никола Коневски (1990- )[2]
  • Петар Најденов
  • Лилјана Ингилизова-Ристова, 1995-1999
  • Јосиф Лукановски, 1999-2002
  • Мирјана Лазаревска-Трајковска, 2002-2004
  • Стево Пендаровски, 2004-
  • Јован Јосифовски, 2006
  • Александар Новаковски, 2006-2011
  • Борис Кондарко, 2011-2013
  • Никола Рилковски, 2013-2015 [3]
  • Александар Чичаковски 2015-

Наводи

Надворешни врски