Сода-вода: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating interwiki links, now provided by Wikidata on d:q264554
Ред 9: Ред 9:
{{reflist}}
{{reflist}}


[[Категорија:Пијалоци]]
[[Категорија:Пијалаци]]


[[it:Acqua di Seltz]]
[[it:Acqua di Seltz]]

Преработка од 20:10, 25 април 2016

Зголемена слика на меурчиња од гас во сода-вода.

Сода-вода, позната и како газирана вода или кисела вода, е вид на минерална вода која настанува од обична вода H2O, во која е растворен гасот јаглероден диоксид CO2. Притоа се создава реверзибилна реакција, односно динамичка рамнотежа, во која дел од молекулите на гасот и водата реагираат и формираат јаглеродна киселина H2CO3, а дел од молекулите од гасот остануваат во водата во форма на меурчиња. Оттаму и киселиот вкус на газираната вода.

Поради својата освежителна трпкост (од меурчињата) и киселост, сода-водата е основна состојка на многу безалкохолни пијалоци.

Сода-вода, евентуално и со други минерални примеси, се наоѓа и во природата. Во Македонија најпознат извор е Меџитлија, близу до Битола. Изворите на сода-вода во природата може да бидат опасни за луѓето бидејќи околу нив е многу голема концентрацијата на јаглероден диоксид и други отровни гасови[1].

Наводи