Саси: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: File:Central Europe, 919-1125.jpg|thumb|Татковината на Сасите, по која денешните германски држави [[С...
 
с додадена Категорија:Германски племиња користејќи го HotCat
Ред 24: Ред 24:
==Види исто така==
==Види исто така==
[[Германски племиња|Листа на германски племиња]]
[[Германски племиња|Листа на германски племиња]]

[[Категорија:Германски племиња]]

Преработка од 17:27, 25 април 2016

Татковината на Сасите, по која денешните германски држави Саксонија и Саксонија-Анхалт ги добиле своите имиња

Саси или Саксонци се германско племе чија татковина се наоѓала на територијата на денешна северна Германија. Помеѓу 3 и 5 век под притисок на Франките тие се селат кон западна Европа, а век подоцна заедно со Англите и Јитите се селат на Британскиот полуостров, по што се претопуваат во Англичани. Англиските грофовии Есекс и Сусекс се именувани по нив.

Етимологија

Најприфатена претпоставка е дека името на Сасите потекнува од зборот сакс (англ. seax), вид на нож по кој тие биле познати. Овој нож е од големо симболично значење за англиските грофовии Есекс и Мидлсекс. Неговото име, покрај во овие две покраини, се појавува и во Сусекс и Весекс.

Историја

Рана историја

Континентална историја

Култура

Социјална структура

Нортамбријскиот теолог и историчар Беда околу 730г. запишал дека „континенталните Саксони немаат крал, но имаат неколку елдормани (англ. elder man, буквално стар човек) кои за време на војна имаат голема власт, но се еднакви со останатите во мирно време.“

Религија

Сасите на почетокот биле пагани, но во седмиот век под влијание на Јутите се конвентирале во Христијани.

Сасите и Балканот

Сасите се познати по нивните развиени рударски вештини, така што во средината на 13 век благодарение на нив доаѓа до развој на рударството во средновековна Србија. Таму ги нарекувале Саси, додека кај Дубровчаните се сретнуваат како Алемани, Алмани, Теотонци и Тедеши. Не се разјаснети околностите поради кои тие се населуваат на овие простори, но се претпоставува дека повикот на српскиот крал Стефан Урош I (1243-1276), како и монголската наезда од 1241 ги принудила на преселба. Бугарскиот цар Иван Шишман ги вика на македонската планина Осогово, каде што го отвораат рудникот Саса. Во нивна чест, таму денеска се наоѓа и селото Саса.

Види исто така

Листа на германски племиња