Кариби: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information |
с →Островски групи: ситна поправка |
||
Ред 21: | Ред 21: | ||
==Островски групи== |
==Островски групи== |
||
'''[[Бахамски Архипелаг]]''' (Лукајански Архипелаг)<ref>Архипелагот се наоѓа во Атлантскиот Океан, не во Карипското Море. |
'''[[Бахамски Архипелаг]]''' (Лукајански Архипелаг)<ref>Архипелагот се наоѓа во Атлантскиот Океан, не во Карипското Море. Архипелагoт е дел од Западните Инди.</ref> |
||
*{{flag|Bahamas}} |
*{{flag|Bahamas}} |
||
*{{flag|Turks and Caicos Islands}} (Обединето Кралство) |
*{{flag|Turks and Caicos Islands}} (Обединето Кралство) |
Преработка од 09:34, 14 март 2016
- Западни Инди води тука. За други значења видете Западни Инди (појаснување)
сино = Карипско Море зелено = Западни Инди |
Кариби (англиски: Caribbean, холандски: Caraïben, француски: Caraïbes, шпански: Caribe) или Карипски Острови — регион во Средна Америка, кој се состои од Карипското Море, неговите острови (повеќето од кои го обиколуваат морето), и околните брегови. Регионот се наоѓа југоисточно од Северна Америка, источно од копнена Средна Америка, и на север и запад од Јужна Америка.
Етимологија
Името „Кариби“ е дадено по Карибите, една од најдоминантните америндиски групи во регионот во времето на европскиот контакт за време на доцниот 15 век. Аналогното „Западни Инди“ потекнува од Кристофер Колумбовата идеја дека тој се укотвил на Индите (тогаш се мислело дека тие ја опфаќале цела јужна и источна Азија) кога всушност тој стигнал до Америка. Шпанскиот термин „Антили“ бил општо-посветен на новооткриените земји.карабија е популарно име за групата острови во карипското море.
Географија
Сместена највеќе на Карипската Плоча, областа зафаќа повеќе од 7000 острови, островчиња, атоли и гребени. Западните Инди се состојат од Антилите, поделени на поголеми Големи Антили, кои го ограничуваат морето на север и Малите Антили на југ и исток (вклучувајќи ги Заветрените Острови) и Бахамите, кои се наоѓаат североисточно од морето. Бермудите лежат многу посеверно, во Атлантскиот Океан и понекогаш се вклучуваат во Западните Инди. Геополитички, Западните Инди обично се сметаат за подрегион на Северна Америка и се организирани во 28 територии, вклучувајќи суверените држави, прекуморските дестинации и зависните области.
Островски групи
Бахамски Архипелаг (Лукајански Архипелаг)[1]
- Бахами
- Туркс и Кајкос (Обединето Кралство)
- Јамајка
- Кајмански Острови (Обедиенто Кралство)
- Порторико (САД)
- Заветрени Острови
- Американски Девствени Острови (САД)
- Британски Девствени Острови (Обединето Кралство)
- Ангвила (Обединето Кралство)
- Антигва и Барбуда
- Свети Мартин
- Саба (Карипска Холандија)
- Свети Евстахиј (Карипска Холандија)
- Свети Вартоломеј (Француски Антили)
- Свети Китс и Невис
- Монтсерат (Обединето Кралствп)
- Гваделуп (Француски Антили)
Наводи
- ↑ Архипелагот се наоѓа во Атлантскиот Океан, не во Карипското Море. Архипелагoт е дел од Западните Инди.
Поврзано
Оваа статија од областа на географијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|