Морис Метерлинк: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 37 бајти ,  пред 6 години
нема опис на уредувањето
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
 
Во [[1889]] година ги објавува својата прва стихозбирка „Стаклена градина” и пиесата „Принцезата Мален” која добива блескава оценка од афторитетниот француски политичар [[Окраф Мирбо]]. Од тој момент Метерлинг конечно се занимава активно со писателска дејност. Во тек на неколку години создава поетски [[Драма|драми]] во духот на естетиката на [[Симболизам|симболизмот]] - „Неканета” (1890), „Слепци” (1890) и особено „Пелеас” и „Мелизант” (1892), поставена од францускиот режисер Орелијан Лине По во парискиот авангарден театар и е основа на либретето според кое Клот Дебиси ја напишал истоимената [[опера]] (1902). Во 1894 година Метерлинк пишува три куклени пиеси: „Аладин и Паломи”, „Таму внатре” и „Смртта на Тентажил”. Од 1896 година живее во [[Франција]]. Се здобива со популарност со драмите „Мона Вана” (1902) и „Сина птица” (1908), алегорична приказна поставена првпат од Константин Станиславски во Московскиот художествен театар во 1909 година. Метерлинг е најзначајниот претставник на симулизмот во театарот, еден е од претходниците на театарот на апсудрот; влијае врз драмското творештво на Бекет. Автор е и на филозовски есеи „Животот на пчелите” (1901) и други, посветени на бесмртноста на душите, на границите на врските, на одговорноста на човекот. Од 1927 до 1942 година објавува збирки есеи, меѓу кои посебно интересирање предизвика „Животот на термитите” (1927). Во оваа книга, тој е категоричен за бесперспективноста на тоталитарниот режим.Во годините на [[Втората светска војна]] живее во [[САД]]. Во 1947 година доаѓа во [[Ница]]. Почесен доктор по право е на Универзитетот во [[Глазгов]]. Во 1932 година кралот на [[Белгија]] го удостојува со титулата гроф.
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
{{Нобелова награда за литература}}

Прегледник