Тане Николов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
видеото е избришано од YouTube
Ред 31: Ред 31:
За време на Првата светска војна создал [[Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа]] коjа била активна во [[Западна Тракиja]]. Во [[1924]] година се повлекол од револуционерната дејност во [[Асеновград]]. Починал на [[17 јануари]] [[1947]] година во [[Асеновград]].<ref>Таню Николов (1873-1993). Научна конференция. Доклади и съобщения, Хасково, 1993.</ref><ref>Печилков, Андрей. Таню Николов, Смолян 1993.</ref> <ref>Бурулянова, Даниела. Войводата Таню Николов – царят на Родопа, в: Сборник „Международна конференция 90 години Балканска война“, Кърджали 2002, стр. 458-470.</ref>

== Надворешни врски ==
* [http://www.youtube.com/watch?v=oJ1uALB-6CM&NR=1 Архивски кадри со воjводата Тане Николов.]

== Извор ==
== Извор ==

Преработка од 14:23, 25 февруари 2016

Тане Николов
Тане Николов
Роденмарт 9, 1873(1873-03-09)
Хасково, Отоманска империја (денешна БугаријаБугарија)
Починалјануари 19, 1947(1947-01-19) (возр. 73)
Асеновград, Република Бугарија)

Тане Николов Жеков бил бугарски револуционер, учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација, а потоа станал лидер на Внатрешната тракиска револуционерна организациjа.

Биографија

Тане Николов со воjводи од ВТРО (1922).
Тане Николов во Скопjе во 1941 г.

Роден е на 9 март 1873 година во Хасково, Османлиска империја, денеска во Бугарија. Учел во родниот град и потоа во воена служба.

Во 1902 година ја напуштил армијата со чин подофицер. Во август 1902 година станал четник во четата на Константин Антонов. Од 1903 година станал самостоен војвода.

За време на Илинденското востание раководил со чета во Западна Тракија каде останал и по востанието. Во 1906 година се префрлил во Леринско.

Во 1907 година бил назначен за војвода во Прилепско и Велешко каде успеал да ги прогони четите на Јован Бабунски и Глигор Љамев. Учествувал во т.н. битка на Ножот.

По битката бил назначен за ревизор на сите чети во Западна Македонија. Во 1908 година бил делегат на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО како делегат на Битолскиот округ.

После Хуриетот, на 24 септември 1908 година во Солун Тане Николов извршил атентат врз Јане Сандански, при обид да ја исполни смртната пресуда врз Сандански која била издадена од страна на Конгресот.

Тане Николов учествувал со своите чети во Балканските војни во Македонија. За време на Првата светска војна е со чета во источна Србија.

За време на Првата светска војна создал Внатрешна Тракиска Револуционерна Организациjа коjа била активна во Западна Тракиja. Во 1924 година се повлекол од револуционерната дејност во Асеновград. Починал на 17 јануари 1947 година во Асеновград.[1][2] [3]

Извор

  1. Таню Николов (1873-1993). Научна конференция. Доклади и съобщения, Хасково, 1993.
  2. Печилков, Андрей. Таню Николов, Смолян 1993.
  3. Бурулянова, Даниела. Войводата Таню Николов – царят на Родопа, в: Сборник „Международна конференция 90 години Балканска война“, Кърджали 2002, стр. 458-470.