Јарослав Сајферт: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Ред 10: Ред 10:
Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на [[20. век]]. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните [[1920]]-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „[[Поетизам|поетизам]]“. Во [[1930]]-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.</ref>
Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на [[20. век]]. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните [[1920]]-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „[[Поетизам|поетизам]]“. Во [[1930]]-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.</ref>

Сајферт ја објавил првата збирка во [[1921]] година, со наслов „Градот во солзи“ и таа била воодушевено дочекана од критиката од редовите на [[Комунисти|комунистичката]] левица, на која ѝ припаѓал и Сајферт. Сепак, дури и во оваа збирка, неговите стихови не биле пропагандистички, туку тој ги прикажувал сликите од животот на [[Пролетеријат|пролетерите]], онака како што тој самиот го живеел. Во [[1923]] година, тој ја објавил втората збирка „Самата љубов“ во која отсуствувала пролетерската тенденција, поради што била гневно дочекана од левичарската критика. Имено, со исклучок на неколку пролетерски [[стих]]ови, збирката е целосно посветена на [[љубов]]та. Поради тоа, истакнатиот поет С. К. Нојман го обвинил Сајферт дека не е „идејно изграден“ и дека го напушта фронтот на класната борба. Но, од друга страна, истакнатиот чешки критичар Ф. К. Шалда го забележал сезнибилитетот на Сајферт и го споредил со ликовното дело на цариникот Русо.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 78-80.</ref>
Сајферт ја објавил првата збирка во [[1921]] година, со наслов „Градот во солзи“ и таа била воодушевено дочекана од критиката од редовите на [[Комунисти|комунистичката]] левица, на која ѝ припаѓал и Сајферт. Сепак, дури и во оваа збирка, неговите стихови не биле пропагандистички, туку тој ги прикажувал сликите од животот на [[Пролетеријат|пролетерите]], онака како што тој самиот го живеел. Во [[1923]] година, тој ја објавил втората збирка „Самата љубов“ во која отсуствувала пролетерската тенденција, поради што била гневно дочекана од левичарската критика. Имено, со исклучок на неколку пролетерски [[стих]]ови, збирката е целосно посветена на [[љубов]]та. Поради тоа, истакнатиот поет С. К. Нојман го обвинил Сајферт дека не е „идејно изграден“ и дека го напушта фронтот на класната борба. Но, од друга страна, истакнатиот чешки критичар Ф. К. Шалда го забележал сезнибилитетот на Сајферт и го споредил со ликовното дело на [[Анри Русо]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 78-80.</ref>

Во [[1924]] година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од [[Карел Тајге]]), а во [[1925]] година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и [[радио]]то) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на [[џез]]от, модерното, [[циркус]]от итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во [[Париз]], каде што започнал да го преведува [[Гијом Аполинер]]. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка. Дури следната негова збирка „[[Славеј]]от пее лошо“, инспирирана од неговата посета на [[СССР]], а објавена во [[1926]] година, ги ублажила критиките од страна на левичарите, бидејќи во неа се среќаваат социјални и политички теми, поврзани со [[Октомвриска револуција|Октомвриската револуција]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-82.</ref>

Во [[1929]] година, Сајферт ја објавил збирката „Поштенски гулаб“, а истата година тој раскинал со [[Комунистичка партија на Чехословачка|Комунистичката партија на Чехословачка]] (КПЧ) и го потпишал познатиот Манифест на седумте комунистички писатели во кој се критикувало доаѓањето на [[Клемент Готвалд]] на чело на КПЧ. Меѓутоа, во овој период, неговата поезија ја достигнала зрелоста, а тој започнал да пишува и за настаните поврзани со судбината на неговата татковина. Така, во [[1937]] година ја објавил збирката „Осум дена“, посветена на [[смрт]]та на првиот претседател на [[Чехословачка]], [[Томаш Масарик]] (насловот на збирката го изначува осумте дена на тага од смртта до погребот на Масарик). Во [[1938]] година ја објавил збирката „Згаснете ги светлата“, во која се предвидувала несреќната судбина на Чехословачка по [[Минхенски договор|Минхенскиот договор]].<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 84-85.</ref>

Во [[1945]] година, Сајферт ја објавил збирката „Кацига на глината“, посветена на борците за ослободување од нацистичката окупација. Подоцна, тој со восхит го дочекал враќањето на демократскиот претседател [[Едвард Бенеш]] кому му ја посветил песната „Септември“ од [[1948]] година, но таа не можела да биде објавена во Чехословачка. Во [[1950]] година се појавила неговата најпотресна збирка „Песна за Викторка“, објавена во ограничен тираж. Збирката, посветена на чешката писателка [[Божена Немцова]] и нејзиниот книжевен лик Викторка, била остро дочекана од критиката. Во тоа особено предничел поетот [[Иван Скала]], кој во бројот 19 на списанието „Создавање“ (''Tvorba'') од [[1950]] година го обвинил Сајферт за рамнодушност кон работниот народ, за нихилизам кон граѓаните, отфрлање на современоста. Во кампањата против Сајферт се истакнувал и критичарот [[Ладислав Штол]], кој го обвинил дека не е бил борец, дека омекнал и дека неговата поезија не била партиска. Сајферт успеал да се спаси од нападите само благодарение на својата огромна популарност, како и поддршката од страна на [[Витјеслав Незмал]] и [[Марија Пујманова]]. Сепак, во [[1956]] година, на вториот конгрес на чехословачките писатели, Иван Скала извршил самокритика поради нападите врз него, а Сајферт ја повикал власта да ги рехабилитира невино прогонетите луѓе и забранетите писатели. Дури по познатиот [[20. конгрес на КПСС|XX конгрес на КПСС]], Сајферт постепено започнал да го зазема заслуженото место во чешката литература.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 86-89.</ref>

Во [[1924]] година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од [[Карел Тајге]]), а во [[1925]] година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и [[радио]]то) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на [[џез]]от, модерното, [[циркус]]от итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во [[Париз]], каде што започнал да го преведува [[Гијом Аполинер]]. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-81.</ref>

*„Свадбен пат“ (1925 год.);
*„Славејот пее лошо“ (1926 год.)

Во 1924 година сајферт го презел своето прво патување во Франција. Ги преведувал Аполинер и Пол Верлен. Тој се вратил на својот мелодичен лиризам со „Збогум пролет“ (1937 год.)

За својата поезија, Сајферт во три наврати јс добил државната награда: во [[1936]], [[1955]] и [[1968]] година, а во [[1967]] година бил прогласен за народен уметник. Најпосле, во 1984 година го добил и највисокото признание - Нобеловата награда.
==Библиографија==
Најпознати дела на Сајферт се:<ref>„Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.</ref>
* „Градот во солзи“ (1921 год.);
* „Самата љубов“ (1923 год.);
* „На брановите на TSF“ (1925 год.);
* „Свадбен пат“ (1925 год.);
* „Славејот пее лошо“ (1926 год.);
* „Поштенски гулаб“ (1929 год.);
* „Ѕвезди над Рајската градина“ (1929 год.);
* „Јаболко од крилото“ (1933 год.);
* „Рацете на Венера“ (1936 год.);
* „Песни диктирани во ротацијата“ (1936 год.);
* „Збогум пролет“ (1937 год.);
* „Осум дена“ (1937 год.);
* „Есен во Чешка“ (1937 год.);
* „Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
* „Лепезата на Божена Немцова“ (1940 год.);
* „Облечена во светлина“ (1940 год.);
* „Камениот мост“ (1944 год.);
* „Кацига на глината“ (1945 год.);
* „Романса за кралот Вацкав IV“ (1949 год.);
* „Сиромавиот сликар замина во светот“ (1949 год.);
* „Песна за Викторка“ (1950 год.);
* „Моцарт во Прага“ (1951 год.);
* „Мајка“ (1954 год.)
* „Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
* „Извлечените страници“ (1957 год.);
* „Прага“ (1958 год.);
* „Ластовици над реката (1962 год.);
* „Стихови за Прага“ (1962 год.);
* „Концерт на островот“ (1965 год.);
* „Леењето на камбаната“ (1967 год.);
* „Халеевата комета“ (1967 год.);
* „Столбот на чумата“ (1968-1970 год.; дефинитивната верзија од 1977 год.);
* „Чадорот од Пикадили“ (1978 год.);
* „Сите убавини на светот“ (1981 год.);
* „Да се биде поет“ (1984 год.);

*„Осум дена“ (1937 год.);
*„Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
*„Облечена во светлина“ (1940 год.);
*„Камениот мост“ (1944 год.);
*„Шлем полн со глина“ (1945 год.);
*„Песна за Викторка“ (1950 год.);
*„Моцарт во Прага“ (1951 год.);
*„Мајка“ (1954 год.)
*„Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
*„Прага“ (1958 год.);
==Награди и признанија==
==Награди и признанија==
Сајферт е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1984 година, за неговата [[поезија]], полна со свежина и чувственост.
Сајферт е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1984 година, за неговата [[поезија]], полна со свежина и чувственост.

Преработка од 20:22, 30 јануари 2016

Jaroslav Seifert 1981
photo Hana Hamplová
Сајферт со својата ќерка Јана, 1931 година

Јарослав Сајферт (23 септември 1901, Прага, Австо-Унгарија - 10 јануари 1986, Прага, Чехословачка) бил чешки поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1984 година.

Биографија

Работел како новинар.

Творештво

Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на 20. век. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните 1920-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „поетизам“. Во 1930-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.[1]
Сајферт ја објавил првата збирка во 1921 година, со наслов „Градот во солзи“ и таа била воодушевено дочекана од критиката од редовите на комунистичката левица, на која ѝ припаѓал и Сајферт. Сепак, дури и во оваа збирка, неговите стихови не биле пропагандистички, туку тој ги прикажувал сликите од животот на пролетерите, онака како што тој самиот го живеел. Во 1923 година, тој ја објавил втората збирка „Самата љубов“ во која отсуствувала пролетерската тенденција, поради што била гневно дочекана од левичарската критика. Имено, со исклучок на неколку пролетерски стихови, збирката е целосно посветена на љубовта. Поради тоа, истакнатиот поет С. К. Нојман го обвинил Сајферт дека не е „идејно изграден“ и дека го напушта фронтот на класната борба. Но, од друга страна, истакнатиот чешки критичар Ф. К. Шалда го забележал сезнибилитетот на Сајферт и го споредил со ликовното дело на Анри Русо.[2]
Во 1924 година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од Карел Тајге), а во 1925 година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и радиото) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на џезот, модерното, циркусот итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во Париз, каде што започнал да го преведува Гијом Аполинер. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка. Дури следната негова збирка „Славејот пее лошо“, инспирирана од неговата посета на СССР, а објавена во 1926 година, ги ублажила критиките од страна на левичарите, бидејќи во неа се среќаваат социјални и политички теми, поврзани со Октомвриската револуција.[3]
Во 1929 година, Сајферт ја објавил збирката „Поштенски гулаб“, а истата година тој раскинал со Комунистичката партија на Чехословачка (КПЧ) и го потпишал познатиот Манифест на седумте комунистички писатели во кој се критикувало доаѓањето на Клемент Готвалд на чело на КПЧ. Меѓутоа, во овој период, неговата поезија ја достигнала зрелоста, а тој започнал да пишува и за настаните поврзани со судбината на неговата татковина. Така, во 1937 година ја објавил збирката „Осум дена“, посветена на смртта на првиот претседател на Чехословачка, Томаш Масарик (насловот на збирката го изначува осумте дена на тага од смртта до погребот на Масарик). Во 1938 година ја објавил збирката „Згаснете ги светлата“, во која се предвидувала несреќната судбина на Чехословачка по Минхенскиот договор.[4]
Во 1945 година, Сајферт ја објавил збирката „Кацига на глината“, посветена на борците за ослободување од нацистичката окупација. Подоцна, тој со восхит го дочекал враќањето на демократскиот претседател Едвард Бенеш кому му ја посветил песната „Септември“ од 1948 година, но таа не можела да биде објавена во Чехословачка. Во 1950 година се појавила неговата најпотресна збирка „Песна за Викторка“, објавена во ограничен тираж. Збирката, посветена на чешката писателка Божена Немцова и нејзиниот книжевен лик Викторка, била остро дочекана од критиката. Во тоа особено предничел поетот Иван Скала, кој во бројот 19 на списанието „Создавање“ (Tvorba) од 1950 година го обвинил Сајферт за рамнодушност кон работниот народ, за нихилизам кон граѓаните, отфрлање на современоста. Во кампањата против Сајферт се истакнувал и критичарот Ладислав Штол, кој го обвинил дека не е бил борец, дека омекнал и дека неговата поезија не била партиска. Сајферт успеал да се спаси од нападите само благодарение на својата огромна популарност, како и поддршката од страна на Витјеслав Незмал и Марија Пујманова. Сепак, во 1956 година, на вториот конгрес на чехословачките писатели, Иван Скала извршил самокритика поради нападите врз него, а Сајферт ја повикал власта да ги рехабилитира невино прогонетите луѓе и забранетите писатели. Дури по познатиот XX конгрес на КПСС, Сајферт постепено започнал да го зазема заслуженото место во чешката литература.[5]

За својата поезија, Сајферт во три наврати јс добил државната награда: во 1936, 1955 и 1968 година, а во 1967 година бил прогласен за народен уметник. Најпосле, во 1984 година го добил и највисокото признание - Нобеловата награда.

Библиографија

Најпознати дела на Сајферт се:[6]

• „Градот во солзи“ (1921 год.);
• „Самата љубов“ (1923 год.);
• „На брановите на TSF“ (1925 год.);
• „Свадбен пат“ (1925 год.);
• „Славејот пее лошо“ (1926 год.);
• „Поштенски гулаб“ (1929 год.);
• „Ѕвезди над Рајската градина“ (1929 год.);
• „Јаболко од крилото“ (1933 год.);
• „Рацете на Венера“ (1936 год.);
• „Песни диктирани во ротацијата“ (1936 год.);
• „Збогум пролет“ (1937 год.);
• „Осум дена“ (1937 год.);
• „Есен во Чешка“ (1937 год.);
• „Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
• „Лепезата на Божена Немцова“ (1940 год.);
• „Облечена во светлина“ (1940 год.);
• „Камениот мост“ (1944 год.);
• „Кацига на глината“ (1945 год.);
• „Романса за кралот Вацкав IV“ (1949 год.);
• „Сиромавиот сликар замина во светот“ (1949 год.);
• „Песна за Викторка“ (1950 год.);
• „Моцарт во Прага“ (1951 год.);
• „Мајка“ (1954 год.)
• „Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
• „Извлечените страници“ (1957 год.);
• „Прага“ (1958 год.);
• „Ластовици над реката (1962 год.);
• „Стихови за Прага“ (1962 год.);
• „Концерт на островот“ (1965 год.);
• „Леењето на камбаната“ (1967 год.);
• „Халеевата комета“ (1967 год.);
• „Столбот на чумата“ (1968-1970 год.; дефинитивната верзија од 1977 год.);
• „Чадорот од Пикадили“ (1978 год.);
• „Сите убавини на светот“ (1981 год.);
• „Да се биде поет“ (1984 год.);

Награди и признанија

Сајферт е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1984 година, за неговата поезија, полна со свежина и чувственост.

Наводи

1. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.
2. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 78-80.
3. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-82.
4. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 84-85.
5. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 86-89.
6. „Izabrana bibliografija Jaroslava Sajferta“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 93-94.