Јарослав Сајферт: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 7: Ред 7:
Работел како новинар.
Работел како новинар.



<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77-92.</ref>
==Творештво==
==Творештво==
Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на [[20. век]]. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните [[1920]]-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „[[Поетизам|поетизам]]“. Во [[1930]]-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.</ref>
Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на [[20. век]]. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните [[1920]]-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „[[Поетизам|поетизам]]“. Во [[1930]]-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.<ref>Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, ''Stub kuge''. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.</ref>

Преработка од 13:15, 30 јануари 2016

Jaroslav Seifert 1981
photo Hana Hamplová
Сајферт со својата ќерка Јана, 1931 година

Јарослав Сајферт (23 септември 1901, Прага, Австо-Унгарија - 10 јануари 1986, Прага, Чехословачка) бил чешки поет, добитник на Нобеловата награда за литература во 1984 година.

Биографија

Работел како новинар.

Творештво

Сајферт зазема истакнато место не само во чешката поезија, туку нема никакво сомнение дека тој претставува еден од големите поети на 20. век. Творештвото на Сајферт поминало низ две големи фази: во раните 1920-ти, тој бил истакнат претставник на пролетерската поезија, а потоа, од средината на 1920-тите и еден од најистакнатите претставници на чешкиот поетски правец наречен „поетизам“. Во 1930-тите, Сајферт суверено ги ползувал придобивките на разните европски „изми“, но сепак, изградил специфичен поетски јазик.[1]
Сајферт ја објавил првата збирка во 1921 година, со наслов „Градот во солзи“ и таа била воодушевено дочекана од критиката од редовите на комунистичката левица, на која ѝ припаѓал и Сајферт. Сепак, дури и во оваа збирка, неговите стихови не биле пропагандистички, туку тој ги прикажувал сликите од животот на пролетерите, онака како што тој самиот го живеел. Во 1923 година, тој ја објавил втората збирка „Самата љубов“ во која отсуствувала пролетерската тенденција, поради што била гневно дочекана од левичарската критика. Имено, со исклучок на неколку пролетерски стихови, збирката е целосно посветена на љубовта. Поради тоа, истакнатиот поет С. К. Нојман го обвинил Сајферт дека не е „идејно изграден“ и дека го напушта фронтот на класната борба. Но, од друга страна, истакнатиот чешки критичар Ф. К. Шалда го забележал сезнибилитетот на Сајферт и го споредил со ликовното дело на цариникот Русо.[2]
Во 1924 година, Сајферт го посетил Париз (придружуван од Карел Тајге), а во 1925 година се појавила неговата трета книга „На брановите на ТСФ“ (TSF се француските иницијали за безжичната врска и радиото) со која му се приклучил на поетскиот правец „поетизам“, којшто се одликувал со поезија посветена на „сите убавини на светот“ и во која преовладува духот на џезот, модерното, циркусот итн. Оваа збирка била напишана под влијание на патувањето во Париз, каде што започнал да го преведува Гијом Аполинер. Со неа, Сајферт уште повеќе ги разбеснил своите партиски соборци, меѓутоа добил пофалби од конзервативниот антикомунистички критичар Фердинанд Пероутка.[3]


  • „Свадбен пат“ (1925 год.);
  • „Славејот пее лошо“ (1926 год.)

Во 1924 година сајферт го презел своето прво патување во Франција. Ги преведувал Аполинер и Пол Верлен. Тој се вратил на својот мелодичен лиризам со „Збогум пролет“ (1937 год.)

  • „Осум дена“ (1937 год.);
  • „Изгаснете ги светилките“ (1938 год.);
  • „Облечена во светлина“ (1940 год.);
  • „Камениот мост“ (1944 год.);
  • „Шлем полн со глина“ (1945 год.);
  • „Песна за Викторка“ (1950 год.);
  • „Моцарт во Прага“ (1951 год.);
  • „Мајка“ (1954 год.)
  • „Момчето и ѕвездите“ (1956 год.);
  • „Прага“ (1958 год.);

Награди и признанија

Сајферт е добитник е на Нобеловата награда за литература во 1984 година, за неговата поезија, полна со свежина и чувственост.

Наводи

  1. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 77.
  2. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 78-80.
  3. Aleksandar Ilić, „Pogovor: Slavuj slobodno peva“ во: Jaroslav Sajfert, Stub kuge. Beograd: Mali vrt, 2014, стр. 80-81.