Разлика помеѓу преработките на „Димитар Мирчев“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 165 бајти ,  пред 5 години
с
не може цел текст во болд
с (не може цел текст во болд)
[[Податотека:Prof.D.Mircev.jpg|thumb]]
'''<u>Димитар Мирчев</u>''' Македонски универзитетски професор, Професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности, Салцбург, Австрија, во Оделот за општествени науки, право и економија.'''
 
'''Роден е во Сливен , 1942 г. Основно и средно образование завршил во Скопје а високо во Белград, на Правниот факултет (Управно-политичка насока), во септември 1965. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, 1969-1971 г. Магистрирал 1971 г. во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал во јануари 1977 г., на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“. Во 2003-2004 г. бил на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД.'''
 
'''Научната кариера ја започнал како асистент на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Скопје, 1967 г., каде подоцна е избиран за научен соработник и научен советник. На интердисциплинарните студии по новинарство, на Правниот факултет во Скопје е наставник од 1983 до 1986 г. Од 1990 г. е редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје и во еден мандат- раководител на Институтот за социологија. Во 1992-3 е проректор на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Во периодот 2010-2012 г. бил декан на Факултетот за политички науки на Универзитетот ФОН во Скопје. Наставник е на Дипломатската академија на МНР во Скопје. Редовен професор и ментор е на студиите на Европскиот центар за мир и развој на ООН во Белград. Предавал со свои тематски циклуси на универзитетите во Љубљана, Питсбург, Загреб, Сараево, Валенција. Бил ментор на 55 магистри и доктори на науки.'''
 
'''Добитник е на највисоките награди за придонес на науката и образованието во Република Македонија: Св. Климент Охридски, 2006 г., „11 октомври“, 2012 г. и „13 ноември“, 2015 г. Во 1998 г. Светиот отец, Папата Јован Павле Втори го прогласи за Витез на Големиот крст на Св. Грегориј Велики а за неговиот придонес за дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите. Во јавната и дипломатска кариера- бил член на Уставната комисија на Собранието на РМ, 1991-2 г. и на работната група која го подготви Нацрт- уставот на РМ од 1991 г., посебен пратеник на Претседателот на Републиката за надворешни мисии 1991-1993 г. и прв македонски амбасадор во светот ( Словенија и Ватикан ), 1993-1999 г.  Сега е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ и член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ, како и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО. Основач е и Почесен претседател на Европското движење во Македонија како и Претседател на Македонското политолошко друштво.'''
 
'''Проф. д-р Димитар Мирчев се смета за еден од лидерите на ткн. Македонска либерална пролет. Како учесник во студентските настани 1968 и подоцна како застапник на идеи за демократизација на СКМ и општеството, бил сменет од партиските должности. Оневозможено му е какво и да е истражување, јавно публикување, настапи, настава итн. Од тие причини докторира во Љубљана а од 1983 г. преоѓа на работа во Љубљана, во Југословенскиот центар за теорија и практика на самоуправувањето „Едвард Кардељ“ каде ја води научно-истражувачката и меѓународна дејност. ЦК ЦКМ оневозможува да стане директор на тој центар.'''
 
'''Во 1990 г., се враќа во Македонија каде активно се вклучува во процесот на осамостојување, независност и плурализација. Како член на Уставната комисија на Собранието на РМ, учествува во изработката на Уставот на Македонија од 1991 г. како и на Декларацијата за сувереност и независност на РМ. Обавува дипломатски мисии и активности во странство како пратеник на првиот претседател на РМ, К. Глигоров. Во јуни 1993 г. е именуван и ја презема должноста на прв амбасадор на РМ во Словенија, а од 1995 г. и во Светиот престол- Ватикан. Во 1998 година одликуван е од Неговата светост, папата Јован Павле Втори со витештво на Големиот крст на Св, Грегориј Велики а за заслуги во дипломатијата, мирот и разбирањето меѓу народите.'''
 
'''Како универзитетски професор и научен работник, објавил над 180 трудови, универзитетски учебници, студии, монографии и статии, добар дел од нив во странство. Предавал на универзитетите во Скопје, Љубљана, Загреб, Сараево, Валенција, Питсбург. Денес е член на Советот за меѓународни односи на Претседателот на РМ, член на Националниот совет за евро-интеграции на Собранието на РМ и член на Националната комисија за соработка со УНЕСКО.''' 
 
'''( Проф. д-р. Виолета Ачкоска. 2011. Лекции од историјата на современата македонска држава, 1944-1991. Скопје: Филозофски факултет на УКИМ, стр. 198)'''
 
== Публикации ==
'''Објавил околу 200 научни трудови, универзитетски учебници, монографии, есеи и истражувачки извештаи, во земјата и во странство, на англиски, словенечки, хрватски, српски.'''
 
'''Последниве години објавил повеќе монографии, студии и учебници а на повеќе јазици е објавена неговата Тетралогија „Македониум“:'''
* '''Драмата на плурализацијата. Политологија на кризата и систем­ски­те промени. Скопје: Магазин 21, 1991, стр. 183.'''
 
* '''Политичките говори на совремието. Избор. Скопје: Мисла, 1998, стр. 200.'''
 
* '''The Macedonian Foreign Policy 1991-2006. 2006. Skopje: EURM-AZ-BUKI. p.176.'''
 
* '''Модерната политологија. Темелите на проучувањето на политичкиот живот. (заедно со Др. Лидија Христова). Универз. учебник. 2008. Скопје: Култура и Универзитет ФОН. Стр. 439'''
 
* '''Македонија во Транзицискиот тунел. Политоскоп и сатирикон на последната петолетка. 2011. Скопје: Дневник. Стр. 278'''
 
* '''Quo vadis Македонијо?  Разговори во политичкиот етер. (заедно со С. Стаменов). 2014. Скопје: ССтаменовс Публ. 2014. Стр, 190'''
 
       '''*Тетралогијата МАКЕДОНИУМ, 2012-2015'''
* '''Балканскиот мегаетникум. Националните доктрини на македонските соседи. ВИГ Зеница. Скопје, 2012. Стр. 279'''
'''(The Balkan Mega-Ethnos. National Doctrines of Macedonia’s Neighbours. Toronto, Canada: Risto Stefov Publications. 2015. Pp.355'''
 
'''Balkanski mega-ethnikum. Nacionalne doktrine makedonskih sosed. Ljubljana: Univerza v Ljubljani, Fakulteta za druzbene vede, 2015. Str. 220'''
 
'''Balkanski megaetnikum. Nacionalne doktrine makedonskih suseda. Beograd: UN/ECPD. 2015 , str. 240'''
* '''Ферментација на демократијата и нацијата. Сите македонски политички пролети 1943-1973.  Скопје: Силсонс, 2013, стр. 119'''
 
* '''Идентитет и суверенитет. Скопје: Макавеј, 2014. Стр. 210'''
 
* '''Европеизам. Либерализам. Македонизам.  Скопје: Зојдер, 2015. Стр. 198'''
 
== Наводи ==
# Проф. д-р Димитар Мирчев Факултет за политички науки
# „Модерната политологија“ од д-р Димитар Мирчев и д-р Лидија Христова -Утрински Весник
 
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Мирчев, Димитар}}
[[Категорија:Македонски политиколози]]

Прегледник