Билен чај: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с отстранета Категорија:Чај; додадена Категорија:Билни чаеви користејќи го HotCat
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''Bилен чај''' — секаков вид на чај што не е направен од [[чајно растение|чајната грмушка]] (''Camellia sinensis''), туку од разни [[билки]] и суво [[овошје]]. Билен чај се прави од суви или свежи листови, цветови, плодови или корења од огромен број на билки или овошки. Делот од растениото кој е наменет за правење чај најчесто се потура во зовриена вода, се остава одреден период да отстои, и после се прецедува и се засладува по желба со мед или шеќер.
'''Bилен чај''' (наречен и '''хербален чај''') — секаков вид на чај што не е направен од [[чајно растение|чајната грмушка]] (''Camellia sinensis''), туку од разни [[билки]] и суво [[овошје]]. Билен чај се прави од суви или свежи листови, цветови, плодови или корења од огромен број на билки или овошки. Делот од растениото кој е наменет за правење чај најчесто се потура во зовриена вода, се остава одреден период да отстои, и после се прецедува и се засладува по желба со мед или шеќер.


Многу компании произведуваат чај во филтер ќесички, кој е лесен за приготвување, но повеќето љубители преферираат да козумираат чај кои самите го имаат набрано.
Многу компании произведуваат чај во филтер ќесички, кој е лесен за приготвување, но повеќето љубители преферираат да козумираат чај кои самите го имаат набрано.

Преработка од 18:14, 19 јануари 2016

Bилен чај (наречен и хербален чај) — секаков вид на чај што не е направен од чајната грмушка (Camellia sinensis), туку од разни билки и суво овошје. Билен чај се прави од суви или свежи листови, цветови, плодови или корења од огромен број на билки или овошки. Делот од растениото кој е наменет за правење чај најчесто се потура во зовриена вода, се остава одреден период да отстои, и после се прецедува и се засладува по желба со мед или шеќер.

Многу компании произведуваат чај во филтер ќесички, кој е лесен за приготвување, но повеќето љубители преферираат да козумираат чај кои самите го имаат набрано.

Билните чаеви имаат лековити дејства и се користат во народната медицина за секаков вид на заболувања.

Листа на билни чаеви


Чај од:

  • Горски чај или Оригано - се прави од цветот и стеблото, се пие како народен лек против настинка
  • Жалфија - се прави од лисот, се пие за тегоби во желудникот и се користи за лечење на рани на непцето
  • Јаглика - се прави од целата билка, се пие за респираторни болиести и за несоница.
  • Камилица - се прави од цветот, се користи за исипрање на очите
  • Кантарион - се прави од цветот и стеблото, се пие за засилување на имунитетот и за лечење на рани во дигестивниот систем
  • Коприва - се прави од листот, се користи како добар извор на железо, се пие за слаба крвна слика
  • Липа - се прави од цветот, се пие за релаксација и добар сон
  • Мајчина душица - се прави од цветот и стеблото, се пие против воспаленија на белите дробови
  • Нане - се прави од листот, и се пие за тегоби во дигестивниот систем
  • Планински чај - се прави од цветот, листот и стеблото, се користи како народен лек против настинка
  • Шипинка - се прави од плодот, се користи како добар извор на Витамин Ц, се пие како народен лек против настинки