Панкреас: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 2 бајти ,  пред 6 години
с
Делот од панкреасот кој има ендокрина функција е изграден од приближно 3 милиони<ref name=":0">{{Cite journal|title = A 3D map of the islet routes throughout the healthy human pancreas|url = http://www.nature.com/articles/srep14634|journal = Scientific Reports|date = 2015-09-29|pmc = 4586491|pmid = 26417671|volume = 5|doi = 10.1038/srep14634|first = Constantin|last = Ionescu-Tirgoviste|first2 = Paul A.|last2 = Gagniuc|first3 = Elvira|last3 = Gubceac|first4 = Liliana|last4 = Mardare|first5 = Irinel|last5 = Popescu|first6 = Simona|last6 = Dima|first7 = Manuella|last7 = Militaru|pages=14634}}</ref> [[панкреасни островчиња]]. Секое островче е изградено од четири главни видови на клетки. Тие релативно тешко можат да се разликуваат меѓу себе со употреба на стандардните техники за боење, но можат да се класифицираат во зависност од нивната секреција на: α [[алфа клетка|алфа клетки]] кои секретираат [[глукагон]] (ја зголемува концентрацијата на глукоза во крвта), β [[бета клетка|бета клетки]] кои секретираат [[инсулин]] (ја намалува концентрацијата на глукоза во крвта), δ [[делта клетка|делта клетки]] кои секретираат [[соматостатин]] (ја регулира/запира секрецијата од α и β клетките) и [[PP клетка|PP клетки]], или γ (гама) клетки, кои секретираат [[панкреасен полипептид]].<ref>BRS physiology 4th edition ,page 255-256, Linda S. Constanzo, Lippincott publishing</ref>
 
Основната [[Физиологија|физиолошка]] улога на инсулинот е намалување на концентрацијата на глукозата во крвта (хипергликемичнохипогликемично дејство) и го овозможува преносот на глукоза преку [[Клеточна мембрана|клеточната мембрана]]. Глукагонот има спротивно, антагонистичко дејство од инсулинот врз концентрацијата на глукоза во крвта. Тоа значи дека глукагонот, при состојба на хипогликемија, ја зголемува концентрацијата на гроздовиот шеќер во крвта. Тоа го остварува преку разградување на резервниот [[јаглехидрат]] [[гликоген]] во [[Црн дроб|црниот дроб]] до глукоза (процес познат и како [[гликогенолиза]]).
 
Регулацијата на лачењето на овие два хормона од страна на панкреасот се остварува со количеството на глукоза во крвта. Врз секрецијата на инсулинот влијае и [[Вегетативен нервен систем|вегетативниот нервен систем]]. Притоа, [[Парасимпатичен нервен систем|парасимпатикусот]] ја зголемува, а [[Симпатичен нервен систем|симпатикусот]] ја намалува неговата секреција.

Прегледник