Османлии: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
сНема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Отоманци на Османлии презапишувајќи врз пренасочување
(нема разлика)

Преработка од 01:49, 17 јануари 2016

Отоманци
Вкупен број
11,692,480 (1520)[1]
15,000,000(1566)[2]
30,000,000 (1683)[3]
7,230,660(1831)[1]
35,350,000 (1856) [1]
17,388,604 (1881)[1]
20,884,000 (1906) [1]
18,520,000 (1914)
14,629,000 (1919)
Подрачја со значајно население
Јазици
Отомански турски јазик
Вероисповед
Ислам
Сродни народи
Турски народи.

Османлии или отоманци — поим кој го означува туркојазичното население на Отоманската империја. Своето име го добиле по Осман I кој се смета и за основател на царството. Овие Турци водат потекло од селџуците кој во 11 век на просториите на денешен Иран и Ирак создале Селџукска држава. Со пропаѓањето на Отоманската империја, овие отоманци се “претопиле“ во денешните Турци.

Потекло и историја

Потеклото на отоманците може да се проследи назад во 11 век, кога на територијата на Анадолија опстојувале неколку мали муслимански емирати со туркиско потекло. Главната цел на овие т.н. Анадолски бејлици била да ги одбранат своите територии од страна на Византија. Во текот на тој период, во освоените земји во Анадолија се населеле голем број на турски народи.[4]Меѓутоа, во 1073 година и победата на Селџучкото царство во битката кај Манцикерт, овие анадолски Бејлици добиле можност да прогласат своја независност од Селџуците. Меѓу овие помали кнежества било и кнежеството со престолнина во Согут. Тоа било предводено од страна на Ертугрул. Кога во 1281 година починал, неговиот син Осман станал негов наследник.

Население

Вкупниот број на население на Отоманската империја до ден денес претставува прашање кое е дебатирано од страна на голем број истражувачи и историчари. За скоро половина милениом од своето постоење, населението на империјата не можело точно да се пресмета, освен доколку се исклучат бројките за работната популација. Ова главно се должело на постојаното менување на границите на империјата како и на неброењето на сите жители кои живееле во неа. Ова пред се се однесува на жените, кои не биле броени во сите неофицијални пописи. Првиот официјалне попис на населението се случил од 1881 до 1893 година. По завршувањето на пописот било познато кои се основните етнички групи кои живееле во империјата. Покрај муслиманите, во империјата живееле и Грци, Ерменци, Бугари, Католици, Евреи, Протестанти, Латини, Цигани и други.[5] [6] Нов попис на населението бил направен во периодот од 1905 до 1906 година.

Наводи

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 M. Kabadayı, Inventory for the Ottoman Empire / Turkish Republic 1500-2000
  2. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 206
  3. L. Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, 281
  4. Предлошка:Цитирана книга
  5. Karpat, 1978 & pp.237-274
  6. Shaw, 1978 & p.323-338

Предлошка:Османлиска империја