МРТ 2: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: {{Инфокутија ТВ канал | Име на македонски = МТВ 2 | Име оригинал = | Лого = [[С...
(нема разлика)

Преработка од 01:29, 27 јули 2008

Предлошка:Инфокутија ТВ канал

МТВ 2 е вториот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е во 1974 година како втора програма на Телевизија Скопје.

Историја

На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.

Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.

Види исто така

Телевизии

Радија

Надворешни врски