Аристотел: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:


Потоа Аристотел го придрижувал [[Ксенократ]] до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со [[Теофраст]] до островот [[Лезбос]], каде заедно ја истражувале [[ботаника]]та и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со [[Питија]], посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј, Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Велики во 343 година пне.<ref name="philosophy1972"/>
Потоа Аристотел го придрижувал [[Ксенократ]] до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со [[Теофраст]] до островот [[Лезбос]], каде заедно ја истражувале [[ботаника]]та и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со [[Питија]], посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј, Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Велики во 343 година пне.<ref name="philosophy1972"/>

Аристотел бил назначен за глава на Македонската кралска академија. Во тој период тој предавал не само на Александар, туку и на двајца други идни царови: [[Птоломеј I Сотер|Птоломеј]] и [[Касандар]].<ref name="Peter Green">Peter Green, ''Alexander of Macedon'', University of California Press Ltd. (Oxford, England) 1991, {{p.|58|59}}</ref> Аристотел го охрабрил Александар за источното освојување и неговиот однос кон [[Персија]] бил непоколебливо [[Етноцентризам|етноцентристички]]. Во еден популарен пример, тој го советува Александар да биде „лидер на Грците и деспот на варварите, да се грижи за едните како за што се грижи за неговите пријатели и роднини и да се справи со другите како со ѕверови и растенија“.<ref name="Peter Green"/>

Во 335 година пне, Аристотел се вратил во Атина, основајќи своја школа таму позната како [[Лицеј]]. Аристотел држел предавања во школото наредните дванаесет години. Додека бил во Атина, неговата жена Питија умрела и Аристотел стапил во односи со Ерпилис, која му родила син кого го именувал по неговиот татко, [[Никомах (син на Аристотел)|Никомах]]. Според енциклопедијата [[Суда]], тој исто така имал и љубовник, Палаефат.<ref>William George Smith,''Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology'', {{vol.|3}}, [http://www.ancientlibrary.com/smith-bio/2421.html {{p.|88}}]</ref>

Периодот додека бил во Атина, помеѓу 335 и 323 година пне, се смета за период во кој Аристотел создал моногу негови дела.<ref name="philosophy1972"/> Тој пишувал многу дијалози од кои само делови се зачувани. Оние делови кои се зачувани се трактати и не биле наменети за распространето објавување. Општо се смета дека биле помагала на неговите ученици при предавање. Неговите најважни трактати се: ''[[Физика (Аристотел)|Физика]]'', ''[[Метафизика (Аристотел)|Метафизика]]'', ''[[Никомахова етика]]'', ''[[Политика (Аристотел)|Политика]]'', ''За душата'' и ''[[Поетика (Аристотел)|Поетика]]''.

Аристотел не само што го проучувал речиси секој предмет што е можно, туку и дал огромен придонес за повеќето од нив. Во физичката наука Аристотел изучувал анатомија, астрономија, [[ембриологија]], географија, геологија, метеорологија, физика и зоологија. Во филозофијата, тој пишувал за за многу предмети како што се: естетика, етика, власт, метафизика, политика, економија, психологија, реторика и теологија. Тој исто така го проучивал образованието, странските обичаи, книжевноста и поезијата. Неговиот севкупен труд претставува виртуелна енциклопедија на грчкото знаење.

При крајот на неговиот живот, Александар и Аристотел биле странци во поглед на односот на Александар со Персија и Персијците. Широко позната традиција во антиката искажува сомнеж дека Аристотел е поврзан со смртта на Александар, но постојат малку докази.<ref>Peter Green, ''Alexander of Macedon'', University of California Press Ltd. (Oxford, England), 1991, {{p.|379}} and 459.</ref>

Преработка од 17:30, 2 декември 2015

Аристотел (грчки: Αριστοτέλης ; 384 − 322 пне.)[1] бил грчки филозоф и научник роден во македонскиот град Стагир, Халкидик, на северната периферија на Класична Грција. Неговиот татко, Никомах, умрел додека Аристотел сè уште бил дете, за подоцна Проксен да биде негов старател.[2] На осумнаесет години, тој се придружил на Платоновата Академија во Атина и останал таму сè до неговата триесет и седма година (приближно 347 пне). Неговите дела покриваат многу теми меѓу кои се физика, биологија, зоологија, метафизика, логика, етика, естетика, поезија, театар, музика, реторика, лингвистика, политика и власт и го претставувааат првиот сеопфатен систем на Западната филозофија. Набрзо по смртта на Платон, Аристотел ја напуштил Атина и по барање на Филип II Македонски, го подучувал Александар Велики почнувајќи од 343 година пне.[3] Според Енциклопедија Британика, "Аристотел бил првиот вистински научник во историјата... [и] секој научник му должи."[4]

Подучувањето на Александар Велики му донело многу можности и изобилство на материјали. Тој основал библиотека во Лицеј која што овозможила печатење на стотици негови книги. Фактот дека Аристотел бил ученик на Платон придонел за неговите поранешни погледи за Платонизмот, но по смртта на Платон, Аристотел се впуштил во емпиристичките студии и се пренасочил од Платонизмот кон емпиризмот.[5] Тој верувал дека сите човекови поими и целокупното нивно знаење строго произлегло од нивното восприемање. Аристотеловото гледиште за природните науки претставува основа на многу од неговите дела.

Аристотеловото гледиште за физичката наука длабоко влијаело за формирање на средновековната ученост. Влијанието постоело и во ренесансата и не било систематски заменето сè до просветителството и теориите како класичната механика. Некои од Аристотеловите зоологиски набљудувања, како што е хектокотилната (репродуктивна) рака на октоподот, не биле потврдени или одбиени сè до 19-ти век во модерната логика.

Во метафизиката, Аристотелизмот длабоко влијаел врз еврејско-исламските филозофски и теологиски мисли за време на средниот век и подолжил да влијае врз христијанската теологија, особено схоластичката традиција на католичката црква. Аристотел бил добро познат помеѓу средновековните муслимански интелектуалци и почитуван како „Првиот учител“ (арапски: المعلم الأول).

Неговата етика, иако секогаш влијателна, се здобила со голем интерес со современото доаѓање на доблесната етика. Сите гледишта на Аристотеловата филозофија остануваат да бидат предмет на активно изучување и до денес. И покрај тоа што Аристотел напишал многу елегантни расправи и дијалози, Цицерон го опишал неговиот книжевен стил како „златна река“.[6] Се смета дека само третина од неговиот труд е зачувана.[7]

Живот

Аристотел, чие име значи „најдобрата цел“,[8] се родил во 384 пне. во Стагир, Халкидик, окулу 55км источно од денешен Солун.[9] Неговиот татко Никомах бил личен лекар на Аминта III Македонски. Иако малку се знае за детството на Аристотел, тој веројатно поминал некое време во македонската палата, запознавајќи се за првпат со македонската монархија.[10]

Кога имал осумнаесет години, Аристотел отпатувал во Атина за да го продолжи своето образование во Платоновата Академија. Тој таму останал речиси дваесет години пред да ја напушти Атина во 348/47 година пне. Традиционалната приказна кажува дека неговото заминување се должи на разочарувањето од предавањето на Академија во рацете на внукот на Платон, Спевсип, иако е можно тој да стравувал од анти-македонските чувства и заминал пред да умре Платон.[11]

Потоа Аристотел го придрижувал Ксенократ до судот на својот пријател Хермиј во Мала Азија. Таму, тој патувал со Теофраст до островот Лезбос, каде заедно ја истражувале ботаниката и зоологијата на островот. Аристотел се оженил со Питија, посвоена ќерка или внука на Хермиј. Таа му родила ќерка, кои исто така ја именувале Питија. Набрзо по смртта на Хермиј, Аристотел бил поканет од Филип II да биде учител на неговиот син Александар Велики во 343 година пне.[3]

Аристотел бил назначен за глава на Македонската кралска академија. Во тој период тој предавал не само на Александар, туку и на двајца други идни царови: Птоломеј и Касандар.[12] Аристотел го охрабрил Александар за источното освојување и неговиот однос кон Персија бил непоколебливо етноцентристички. Во еден популарен пример, тој го советува Александар да биде „лидер на Грците и деспот на варварите, да се грижи за едните како за што се грижи за неговите пријатели и роднини и да се справи со другите како со ѕверови и растенија“.[12]

Во 335 година пне, Аристотел се вратил во Атина, основајќи своја школа таму позната како Лицеј. Аристотел држел предавања во школото наредните дванаесет години. Додека бил во Атина, неговата жена Питија умрела и Аристотел стапил во односи со Ерпилис, која му родила син кого го именувал по неговиот татко, Никомах. Според енциклопедијата Суда, тој исто така имал и љубовник, Палаефат.[13]

Периодот додека бил во Атина, помеѓу 335 и 323 година пне, се смета за период во кој Аристотел создал моногу негови дела.[3] Тој пишувал многу дијалози од кои само делови се зачувани. Оние делови кои се зачувани се трактати и не биле наменети за распространето објавување. Општо се смета дека биле помагала на неговите ученици при предавање. Неговите најважни трактати се: Физика, Метафизика, Никомахова етика, Политика, За душата и Поетика.

Аристотел не само што го проучувал речиси секој предмет што е можно, туку и дал огромен придонес за повеќето од нив. Во физичката наука Аристотел изучувал анатомија, астрономија, ембриологија, географија, геологија, метеорологија, физика и зоологија. Во филозофијата, тој пишувал за за многу предмети како што се: естетика, етика, власт, метафизика, политика, економија, психологија, реторика и теологија. Тој исто така го проучивал образованието, странските обичаи, книжевноста и поезијата. Неговиот севкупен труд претставува виртуелна енциклопедија на грчкото знаење.

При крајот на неговиот живот, Александар и Аристотел биле странци во поглед на односот на Александар со Персија и Персијците. Широко позната традиција во антиката искажува сомнеж дека Аристотел е поврзан со смртта на Александар, но постојат малку докази.[14]

  1. That these undisputed dates (the first half of the Olympiad year 384/383 BC, and in 322 shortly before the death of Demosthenes) are correct was shown already by August Boeckh (Kleine Schriften VI 195); for further discussion, see Felix Jacoby on FGrHist 244 F 38. Ingemar Düring, Aristotle in the Ancient Biographical Tradition, Göteborg, 1957, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  2. „Biography of Aristotle“. Biography.com. Посетено на 12 March 2014.
  3. 3,0 3,1 3,2 Bertrand Russell, A History of Western Philosophy, Simon & Schuster, 1972.
  4. Encyclopædia Britannica (2008). The Britannica Guide to the 100 Most Influential Scientists. Running Press. стр. 12. ISBN 978-0-7624-3421-3.
  5. Barnes 2007, стр. 6.
  6. Cicero, Marcus Tullius (106–43 BC). „Academica Priora“. Book II, chapter XXXVIII, §119. Посетено на 25 January 2007. veniet flumen orationis aureum fundens Aristoteles Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: место (link)
  7. Jonathan Barnes, "Life and Work" in The Cambridge Companion to Aristotle (1995), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  8. Campbell, Michael. „Behind the Name: Meaning, Origin and History of the Name "Aristotle". Behind the Name: The Etymology and History of First Names. www.behindthename.com. Посетено на 6 April 2012.
  9. McLeisch, Kenneth Cole (1999). Aristotle: The Great Philosophers. Routledge. стр. 5. ISBN 0-415-92392-1.
  10. Anagnostopoulos, G., "Aristotle's Life" in A Companion to Aristotle (Blackwell Publishing, 2009), Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article.
  11. Carnes Lord, introduction to The Politics by Aristotle (Chicago: University of Chicago Press, 1984).
  12. 12,0 12,1 Peter Green, Alexander of Macedon, University of California Press Ltd. (Oxford, England) 1991, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article
  13. William George Smith,Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology, Предлошка:Vol., Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article
  14. Peter Green, Alexander of Macedon, University of California Press Ltd. (Oxford, England), 1991, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article and 459.