Олтар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нова страница
 
ситна поправка
Ред 1: Ред 1:
'''Олтар''' – место на кое се извршува жртвен [[обред]]. На него [[свештеник]]от му ја принесува жртвата на [[божество]]то. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии. Во [[христијанство]]то се нарекува „[[чесна трпеза]]“ и се наоѓа во олтарскиот простор.
'''Олтар''' – место на кое се извршува жртвен [[обред]]. Во [[христијанство]]то, во олтарскиот простор се наоѓа „[[чесна трпеза|чесната трпеза]]“, местото каде [[свештеник]]от му ја принесува жртвата на [[божество]]то. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.


Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. На источната страна од храмот се наоѓа олтарот (кај католичките цркви олтарот е на западната страна).
Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во [[Црква „Пресвето Срце Исусово“ - Битола|битолската католичка црква]] олтарот се наоѓа на исток).




Ред 8: Ред 8:
[[Податотека:Олтар - Св. Атанасиј.JPG|мини|Олтар во црквата Св. Атанасиј во [[Радиовце]]]]
[[Податотека:Олтар - Св. Атанасиј.JPG|мини|Олтар во црквата Св. Атанасиј во [[Радиовце]]]]
'''Олтарот''' е најсветиот и најважниот дел на христијанската [[црква (објект)|црква]]. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од [[храм]]от и од средишниот дел ([[наос]]от) е одвоен со [[иконостас]].
'''Олтарот''' е најсветиот и најважниот дел на христијанската [[црква (објект)|црква]]. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од [[храм]]от и од средишниот дел ([[наос]]от) е одвоен со [[иконостас]].
Зборот олтар е од [[латински јазик|латинско]] потекло и значи ''жртвеник'', ''светилиште''.
Зборот олтар е од [[латински јазик|латинско]] потекло, од зборот '''altare''' и значи ''жртвеник'', ''светилиште''.


Во [[олтар]]от се наоѓаат: [[трпеза]] - [[престол]], [[проскомидија]] и [[ѓаконик]]. На престолот мора да има: [[антиминс]], [[Свето Евангелие]], [[крст]], [[дарохранилка]] во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, [[мироносница]] - потребна за свето крстење, свеќи, [[кандило]] и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: [[путир]], [[дискос]], [[копје]], [[лажичка]], одела за служба ...
Во [[олтар]]от се наоѓаат: [[трпеза]] - [[престол]], [[проскомидија]] и [[ѓаконик]]. На престолот мора да има: [[антиминс]], [[Свето Евангелие]], [[крст]], [[дарохранилка]] во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, [[мироносница]] - потребна за свето крштевање, свеќи, [[кандило]] и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: [[путир]], [[дискос]], [[копје]], [[лажичка]], одежда за служба...





Преработка од 21:08, 20 ноември 2015

Олтар – место на кое се извршува жртвен обред. Во христијанството, во олтарскиот простор се наоѓа „чесната трпеза“, местото каде свештеникот му ја принесува жртвата на божеството. Олтарот влече корени од дамнешни верски искуства на човештвото, но е присутен и во современите религии.

Христијанските храмови се поставуваат во правец исток-запад. Во православните храмови олтарот се наоѓа на источната страна, додека кај католичките цркви олтарот е на западната страна (има исклучоци, на пример во битолската католичка црква олтарот се наоѓа на исток).


Олтарски простор во христијанските цркви

Олтар во црквата Св. Атанасиј во Радиовце

Олтарот е најсветиот и најважниот дел на христијанската црква. Тој е подигнат во однос на останатиот дел од храмот и од средишниот дел (наосот) е одвоен со иконостас. Зборот олтар е од латинско потекло, од зборот altare и значи жртвеник, светилиште.

Во олтарот се наоѓаат: трпеза - престол, проскомидија и ѓаконик. На престолот мора да има: антиминс, Свето Евангелие, крст, дарохранилка во која се наоѓаат материјал за причестување на болни лица, мироносница - потребна за свето крштевање, свеќи, кандило и службеник. Проскомидијата е место во олтарот, каде се чува сè што е потребно за богослужба: путир, дискос, копје, лажичка, одежда за служба...


Олтарот симболично го претставува небото каде престојува Бог. Се смета за најсвето место во храмот, па во него може да влегуваат само лица посветени на црковната служба.[1]


Галерија

Наводи

  1. Љиљана Стошиќ, „Речник црквених појмова“, Завод за уџбенике и наставна средства, Београд

Надворешни врски