Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 40: | Ред 40: | ||
[[Податотека:Februarski pohod 1944.jpg|мини|десно|Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход.]] |
[[Податотека:Februarski pohod 1944.jpg|мини|десно|Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход.]] |
||
Бригадата учествувала во [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]] (во првата половина на февруари 1944), во кој поминала околу 300 km. На 12 април 1944 во село Долно |
Бригадата учествувала во [[Февруарски поход|Февруарскиот поход]] (во првата половина на февруари 1944), во кој поминала околу 300 km. На 12 април 1944 во село [[Долно Родиво]], Мегленско бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон Дебарца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април - 6 мај), Дебарца била повторно ослободена. |
||
== Пролетна офанзива == |
== Пролетна офанзива == |
Преработка од 22:08, 10 ноември 2015
Прва македонско-косовска ударна бригада | |
---|---|
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944 | |
Активна | 11 ноември 1943 – 24 јуни 1944 |
Големина | 800 борци |
Битки | Февруарски поход Пролетна офанзива |
Одликувања | |
Команданти | |
Истакнати команданти | Петар Брајовиќ |
Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 ноември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.
Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.
Формирање на бригадата
Со цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.
Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.
Почетни дејствија
Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебарца, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.
Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ извршила марш преку планината Галичица и Албанија и на 13 декември 1943 година пристигнала во Меглен, Егејска Македонија. По заминувањето на бригадата слободната територија во Дебарца повторно била окупирана од страна на Германците и балистите, при што биле запалени селата Мраморец, Турје и Сливово.
Февруарскиот поход
Бригадата учествувала во Февруарскиот поход (во првата половина на февруари 1944), во кој поминала околу 300 km. На 12 април 1944 во село Долно Родиво, Мегленско бригадата била поделена на група македонски и група косовски батаљони и била упатена кон Дебарца. Притоа со борбите со бугарските и германските сили во Охридско и Кичевско (29 април - 6 мај), Дебарца била повторно ослободена.
Пролетна офанзива
Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е Првата македонска ударна бригада, а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.