Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41: Ред 41:
== Пролетна офанзива ==
== Пролетна офанзива ==
[[Податотека:Prva makedonsko-kosovska brigada, 1944.jpg|мини|лево|Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината [[Караорман]], мај 1944 година.]]
[[Податотека:Prva makedonsko-kosovska brigada, 1944.jpg|мини|лево|Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината [[Караорман]], мај 1944 година.]]

Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е [[Прва македонска ударна бригада|Првата македонска ударна бригада]], а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.


[[Категорија:Бригади на НОВМ]]
[[Категорија:Бригади на НОВМ]]

Преработка од 15:23, 10 ноември 2015

Прва македонско-косовска ударна бригада
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944
Активна11 ноември 1943 – 24 јуни 1944
Големина800 борци
БиткиФевруарски поход
Пролетна офанзива
ОдликувањаОрден на народен херој Орден на народното ослободување Орден на братството и единството со златен венец
Команданти
Истакнати
команданти
Петар Брајовиќ

Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 септември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.

Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.

Формирање на бригадата

Со цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.

Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.

Почетни дејствија

Веднаш после формирањето, бригадата водела борби против германските и балистичките единици на теренот на Кичево и против бугарските единици на подрачјето на Крушево, Ресен и Охрид. Во почетокот на декември водела одбранбени борби против германско-балистичките единици кои концентрично напаѓале од Кичево, Дебар и Струга на слободната територија во Дебарци, каде се наоѓал и Централниот комитет на КП на Македонија и Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија.

Под притисок на надмоќните германско-балистички единици, бригадата заедно со Главниот штаб и ЦК на КПМ извршила марш преку планината Галичица и Албанија и на 13 декември 1943 година пристигнала во Мегленско, Егејска Македонија.

Февруарскиот поход

Пролетна офанзива

Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината Караорман, мај 1944 година.

Од групата македонски батаљони на 8 јуни 1944 година формирана е Првата македонска ударна бригада, а од групата косовско-метохиски батаљони на 24 јуни 1944 била формирана Првата косовско-метохиска бригада.