Прва македонско-косовска ударна бригада: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Ред 33: | Ред 33: | ||
== Почетни дејствија == |
== Почетни дејствија == |
||
[[Податотека:Prva makedonsko-kosovska brigada, 1944.jpg|мини|лево|Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината [[Караорман]], 1944 година.]] |
[[Податотека:Prva makedonsko-kosovska brigada, 1944.jpg|мини|лево|Борци од Првата македонско-косовска ударна бригада на планината [[Караорман]], мај 1944 година.]] |
||
== Февруарскиот поход == |
== Февруарскиот поход == |
Преработка од 14:01, 10 ноември 2015
Прва македонско-косовска ударна бригада | |
---|---|
Борци на Првата македонско-косовска бригада во Февруарскиот поход, 1944 | |
Активна | 11 ноември 1943 – 24 јуни 1944 |
Големина | 800 борци |
Битки | Февруарски поход Пролетна офанзива |
Одликувања | |
Команданти | |
Истакнати команданти | Петар Брајовиќ |
Првата македонско-косовска ударна бригада била формирана на 11 септември 1943 година во село Сливово, Дебарца. Бригадата се состоела од: Батаљонот „Мирче Ацев“, Кичевскиот батаљон, Првиот косовски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовски батаљон „Боро Вукмировиќ“.
Освен Македонци, во редовите на бригадата се бореле и Срби, Црногорци, Албанци, Словенци.
Формирање на бригадата
Со цел формирање на бригадата, двата македонски и двата косовски батаљони биле концентрирани во Сливово уште на 10 ноември 1943 година. Наредниот ден, на 11 ноември, во претпладневните часови, членот на Врховниот штаб и делегат на ЦК на КПЈ, Светозар Вукмановиќ - Темпо, одржал говор по повод формирањето на бригадата. За командант бил поставен Петар Брајовиќ, за заменик командант Чеде Филиповски - Даме, за политички комесар Мита Миљковиќ и за заменик политички комесар Вера Ацева.
Во редовите на бригадата скоро 22% биле членови на КПЈ, а повеќе од 50% од младите биле членови на СКОЈ. Голем број од борците биле жени.