Борис I: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32: Ред 32:
[[Податотека:TzarBorisDidacticGospelConstantinePreslavski.jpg|десно|thumb|240px|Икона на цар Борис]]
[[Податотека:TzarBorisDidacticGospelConstantinePreslavski.jpg|десно|thumb|240px|Икона на цар Борис]]


По покрстувањето, Борис побарал дозвола од [[Цариградската патриаршија]] за самостојна Бугарска патријаршија (види: [[Бугарска православна црква]]), но му било откажано. Како резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон [[Рим]] за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во [[Ватикан]]. Главното прашање на бугарскиот владетел кон римскиот папа било прогласување на главата на Бугарската црква за патријарх. Така, во Бугарија биле испратени кардиналот [[Формоз Портуенски]], епископ [[Павле Популонски]] и свештеници. Борис својот избор го направил за [[Формоз Портуенски]], кој подоцна станал римски папа.
По покрстувањето, Борис побарал дозвола од [[Цариградската патриаршија]] за самостојна Бугарска патријаршија (види: [[Бугарска православна црква]]), но му било откажано. Како резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон [[Рим]] за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во [[Ватикан]]. Главното прашање на бугарскиот владетел кон римскиот папа било прогласување на главата на Бугарската црква за патријарх. Така, во Бугарија биле испратени кардиналот [[Формоз Портуенски]], епископ [[Павле Популонски]] и свештеници. Борис својот избор го направил за [[Формоз Портуенски]]<ref>Portus — кардиналско епископско седалище от III в. в римското предградие Порто, обединено през 1986 г. с епархията на Санта Руфина</ref>, кој подоцна станал римски папа.


Во [[867]] година нови бугарски пратеници пристигнале во [[Рим]] со молба папата да го ракоположи Формоз за патриарх, но [[папа Николај I]] откажал. На [[13 ноември]] [[867]] година неочекувано Николај починал. Новиот [[папа Адријан II]] исто така не се согласил. Во Бугарија биле испратени други двајца епископи - Гримуалд Полимартиски и Доминик Тривенски. Папата му понудил на Борис да избере архиепископ на Бугарија меѓу нив двајцата и Павле Популонски. Борис упатил ултимативно барање за бугарски архиепископот да биде ракоположен за ѓакон Марин или некој од кардиналите на папата, но и ова барање на Борис било одбиено по кое Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.
Во [[867]] година нови бугарски пратеници пристигнале во [[Рим]] со молба папата да го ракоположи Формоз за патриарх, но [[папа Николај I]] откажал. На [[13 ноември]] [[867]] година неочекувано Николај починал. Новиот [[папа Адријан II]] исто така не се согласил. Во Бугарија биле испратени други двајца епископи - Гримуалд Полимартиски и Доминик Тривенски<ref>Polymartium — антично епископско седалище в Лацио</ref>. Папата му понудил на Борис да избере архиепископ на Бугарија меѓу нив двајцата и Павле Популонски. Борис упатил ултимативно барање за бугарски архиепископот да биде ракоположен за ѓакон Марин или некој од кардиналите на папата, но и ова барање на Борис било одбиено по кое Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.


Борис повторно започнал преговори со [[Константинопол]]. Така, на [[Четврти Цариградски Собор|Четвртиот Цариградски Собор]] (869-870) на вонредна седница, бугарското црковено прашање било решено преку компромис - се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „''митрополит на Драстар''“ бил поставен гркот Георги, со седиште во [[Плиска]], директно потчинет на Цариградската патријаршија. Папските пратеници добиле голем поткуп и биле испратени назад во [[Рим]]. Бугарската црква имала седум митрополии и била конструирана по византиски модел.
Борис повторно започнал преговори со [[Константинопол]]. Така, на [[Четврти Цариградски Собор|Четвртиот Цариградски Собор]] (869-870) на вонредна седница, бугарското црковено прашање било решено преку компромис - се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „''митрополит на Драстар''“ бил поставен гркот Георги, со седиште во [[Плиска]], директно потчинет на Цариградската патријаршија. Папските пратеници добиле голем поткуп и биле испратени назад во [[Рим]]. Бугарската црква имала седум митрополии и била конструирана по византиски модел.


Во [[879]] година на патријаршискиот престол во [[Цариград]] седнал по втор пат патријарх [[Фотиј I Цариградски]] и свикал нов црковен собор. На [[24 декември]] [[879]] година Фотиевиот собор предвидел дека Цариградската патријаршија повеќе нема да устоличува во Бугарија дури да биде упатено слично барање. Во пракса тоа значело дека Бугарската црква станала автокефална (самостојна). На чело на бугарската црква застанал [[Јосиф I]], архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведувал прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар [[Симеон I]].
Во [[879]] година на патријаршискиот престол во [[Цариград]] седнал по втор пат патријарх [[Фотиј I Цариградски]] и свикал нов црковен собор. На [[24 декември]] [[879]] година Фотиевиот собор предвидел дека Цариградската патријаршија повеќе нема да устоличува во Бугарија дури да биде упатено слично барање. Во пракса тоа значело дека Бугарската црква станала автокефална (самостојна). На чело на бугарската црква застанал [[Јосиф I Бугарски]], архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведувал прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар [[Симеон I]].


== Словенската писменост во Бугарија ==
== Словенската писменост во Бугарија ==

Преработка од 23:03, 22 октомври 2015

Свети Цар Борис
Роден 9 век
 ?
Починал 2 мај 907 год.
Бугарија

Борис I или Борис-Михаил (? - 2 мај 907) — бугарски владетел на Првото Бугарско царство од Крумовата династија во периодот од од 852 година како хан и од 864 до 889 година како кнез, кога се повлекол за да во 893 година повторно владее на кратко кога го детонирал својот најголем син Владимир Расате од престолот и го качи на истиот другиот син, Симеон. Борис I е познат по тоа што ги покрстил Бугарите во 864 година и го вовел старословенскиот јазик во употреба.

Покрстување

Покрстувањето на Борис
Бугарија во времето на хан Пресијан и кнез Борис I

Во почетокот на неговото управување, Бугарите влегле во серија на неуспешни воени конфликти со Источнофранкиска империја, Византија и Хрватска. Византискиот император Константин Порфирогенит запишал на кратко за еден неуспешен поход на Борис во соседното Српско кнежевство, при кој престолонаследникот Владимир заедно со дванаесет големи боили паднале во заробеништво. Тогаш, од тага по својот син, Борис бил принуден да склучи мир. Борис ги изгубил сите војни кои ги водел.

Во 862-863 година Борис I склучил воен сојуз со кралот Лудвиг II Германски и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа. За да го разруши овој сојуз, Византија во коалиција со Велика Моравија и Хрватска во 863 година започнала војна против Бугарија. За Борис I оваа војна била неуспешна и тоа го разнишало значително политичкото господство на Бугарите по средниот тек на Дунав.

Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез Ростислав во есента на 863 година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на Византија. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати православното христијанство од Цариградската патријаршија. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.

Според делумно уништениот натпис от Балши, град кој денеска се наоѓа во близина на Берат во Албанија како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов[1], Бугарите покрстувањето односно христијанизацијата на населението ја добиле во 866 година:

Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како Михаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година[2]


Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот василевс Михаил.

Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. Бертинските летописи опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови[3][4]. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди[5].

Бугарска црква

Икона на цар Борис

По покрстувањето, Борис побарал дозвола од Цариградската патриаршија за самостојна Бугарска патријаршија (види: Бугарска православна црква), но му било откажано. Како резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во Ватикан. Главното прашање на бугарскиот владетел кон римскиот папа било прогласување на главата на Бугарската црква за патријарх. Така, во Бугарија биле испратени кардиналот Формоз Портуенски, епископ Павле Популонски и свештеници. Борис својот избор го направил за Формоз Портуенски[6], кој подоцна станал римски папа.

Во 867 година нови бугарски пратеници пристигнале во Рим со молба папата да го ракоположи Формоз за патриарх, но папа Николај I откажал. На 13 ноември 867 година неочекувано Николај починал. Новиот папа Адријан II исто така не се согласил. Во Бугарија биле испратени други двајца епископи - Гримуалд Полимартиски и Доминик Тривенски[7]. Папата му понудил на Борис да избере архиепископ на Бугарија меѓу нив двајцата и Павле Популонски. Борис упатил ултимативно барање за бугарски архиепископот да биде ракоположен за ѓакон Марин или некој од кардиналите на папата, но и ова барање на Борис било одбиено по кое Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.

Борис повторно започнал преговори со Константинопол. Така, на Четвртиот Цариградски Собор (869-870) на вонредна седница, бугарското црковено прашање било решено преку компромис - се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги, со седиште во Плиска, директно потчинет на Цариградската патријаршија. Папските пратеници добиле голем поткуп и биле испратени назад во Рим. Бугарската црква имала седум митрополии и била конструирана по византиски модел.

Во 879 година на патријаршискиот престол во Цариград седнал по втор пат патријарх Фотиј I Цариградски и свикал нов црковен собор. На 24 декември 879 година Фотиевиот собор предвидел дека Цариградската патријаршија повеќе нема да устоличува во Бугарија дури да биде упатено слично барање. Во пракса тоа значело дека Бугарската црква станала автокефална (самостојна). На чело на бугарската црква застанал Јосиф I Бугарски, архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведувал прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар Симеон I.

Словенската писменост во Бугарија

Како ктитор на манастирот Св. Наум покрај Охрид, фреска од 1806 година

Во истото време (краjот на 885 г.) Борис радосно ги примил учениците на Кирил и Методиј, кои што били протерани од Велика Моравија. Словенскиот јазик станал официјален јазик на Бугарија, заменувајќи го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде ja основал Oхридската книжевна школа.

По непрекинато 36-годишно управување во 889 год. царот Борис доброволно се откажал од престолот и се повлекол во манастир. Борис имал четири синови: Расате-Владимир, Гаврил, Симеон и Јаков. За свој наследник го назначил првородениот син Владимир-Расате.

Неумешната анти-византиска политика на кнез Владимир-Расате, спроводена со обид за враќане кон паганството, го принудила Борис да го напушти манастирот и да превземе решителни мерки. Тој го симнал Владимир-Расате од престолот, го ослепил го и го фрлил во темница. Потоа тој свикал народен собор во 893 г., на кој го најавил владеењето на својот трет син, Симеон I, на престолот и преместувањето на главниот град на Бугарија од Плиска во Преслав. Во истото време Климент станал епископ на Величката епархиja со центар во Охрид (според некои бугарски теории, на Охридската епископија како дел од Бугарската православна црква), а Наум дошол од Преслав во Охрид да jа води Охридската школа.

Надворешни врски

Предлошка:Владетел почеток Предлошка:Владетел Предлошка:Владетел крај


  1. Моско Москов, "Именник на българските ханове-нов прочит", 1988 г.
  2. Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018). III. Национализация на българската държава. 1. Междудържавното положение на България и покръщането на българите", София, 1927 г.
  3. Съдът над историците: българската историческа наука, документи и дискусии 1944-1950, Академично изд-во М. Дринов, 1995, ISBN 9544302476, стр. 246.
  4. Годишник На Софийския университет "Св. Климент Охридски". Център за Славяно-византийски проучвания "Иван Дуйчев". Том 10, София, стр. 89 .
  5. Георги Тодоров, Св. Борис и митът за избиването на 52-та рода, в. Култура, брой 2 (2441), 19 януари 2007 г.
  6. Portus — кардиналско епископско седалище от III в. в римското предградие Порто, обединено през 1986 г. с епархията на Санта Руфина
  7. Polymartium — антично епископско седалище в Лацио