Борис I: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 21: Ред 21:
Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез [[Ростислав]] во есента на [[863]] година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на [[Византија]]. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати [[Православие|православното христијанство]] од [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.
Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез [[Ростислав]] во есента на [[863]] година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на [[Византија]]. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати [[Православие|православното христијанство]] од [[Цариградска патријаршија|Цариградската патријаршија]]. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.


Според делумно уништениот [[натпис от Балши]], град кој денеска се наоѓа во близина на [[Белград (Албанија)|Берат]] во [[Албанија]] како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов, Бугарите покрстувањето односно [[Христанизација на Бугарија|христијанизацијата]] на населението ја добиле во [[866]] година:
Според делумно уништениот [[натпис от Балши]], град кој денеска се наоѓа во близина на [[Белград (Албанија)|Берат]] во [[Албанија]] како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов<ref>Моско Москов, "Именник на българските ханове-нов прочит", 1988 г.</ref>, Бугарите покрстувањето односно [[Христанизација на Бугарија|христијанизацијата]] на населението ја добиле во [[866]] година:


{{цитат|Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како МИхаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година}}
{{цитат|Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како Михаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година<ref>[http://www.promacedonia.org/vz1b/vz1b_3_1.html Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018). III. Национализация на българската държава. 1. Междудържавното положение на България и покръщането на българите"], София, 1927 г.</ref>}}


Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот [[василевс]] [[Михаил III|Михаил]].
Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот [[василевс]] [[Михаил III|Михаил]].


Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. [[Бертински летописи|Бертинските летописи]] опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди.
Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. [[Бертински летописи|Бертинските летописи]] опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови<ref>Съдът над историците: българската историческа наука, документи и дискусии 1944-1950, Академично изд-во М. Дринов, 1995, ISBN 9544302476, стр. 246.</ref><ref>Годишник На Софийския университет "Св. Климент Охридски". Център за Славяно-византийски проучвания "Иван Дуйчев". Том 10, София, стр. 89 .</ref>. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди<ref>[http://www.kultura.bg/bg/article/view/12512 Георги Тодоров, ''Св. Борис и митът за избиването на 52-та рода'', в. ''Култура'', брой 2 (2441), 19 януари 2007 г.]</ref>.


== Бугарската патриаршија ==
== Бугарската патриаршија ==

Преработка од 21:56, 22 октомври 2015

Свети Цар Борис
Роден 9 век
 ?
Починал 2 мај 907 год.
Бугарија

Борис I или Борис-Михаил (? - 2 мај 907) — бугарски владетел на Првото Бугарско царство од Крумовата династија во периодот од од 852 година како хан и од 864 до 889 година како кнез, кога се повлекол за да во 893 година повторно владее на кратко кога го детонирал својот најголем син Владимир Расате од престолот и го качи на истиот другиот син, Симеон. Борис I е познат по тоа што ги покрстил Бугарите во 864 година и го вовел старословенскиот јазик во употреба.

Покрстување

Покрстувањето на Борис
Бугарија во времето на хан Пресијан и кнез Борис I

Во почетокот на неговото управување, Бугарите влегле во серија на неуспешни воени конфликти со Источнофранкиска империја, Византија и Хрватска. Византискиот император Константин Порфирогенит запишал на кратко за еден неуспешен поход на Борис во соседното Српско кнежевство, при кој престолонаследникот Владимир заедно со дванаесет големи боили паднале во заробеништво. Тогаш, од тага по својот син, Борис бил принуден да склучи мир. Борис ги изгубил сите војни кои ги водел.

Во 862-863 година Борис I склучил воен сојуз со кралот Лудвиг II Германски и започнал да преговара со него за примање на христијанството во Бугарија од Римскиот папа. За да го разруши овој сојуз, Византија во коалиција со Велика Моравија и Хрватска во 863 година започнала војна против Бугарија. За Борис I оваа војна била неуспешна и тоа го разнишало значително политичкото господство на Бугарите по средниот тек на Дунав.

Како одговор на молбите на великоморавскиот кнез Ростислав во есента на 863 година, византиските сили повторно навлегле во бугарските земји. Зафатените на запад бугарски војски не можеле да пружат сериозен отпор на Византија. Започнале мировни преговори, чиј резултат бил склучениот мировен договор помеѓу Бугарија и Византија. Борис I се задолжил да го раскине својот сојуз со германскиот император и заедно со својот народ да го прифати православното христијанство од Цариградската патријаршија. Бугарскиот владетел го прифатил христијанството речиси тајно за да избегне можни внатрешни конфликти во империјата.

Според делумно уништениот натпис от Балши, град кој денеска се наоѓа во близина на Берат во Албанија како и според Тадеуш Василевски и Моско Москов[1], Бугарите покрстувањето односно христијанизацијата на населението ја добиле во 866 година:

Се покрсти од Бога архонтот на Бугарија Борис, покрстен како Михаил заедно со дадениот му од Бога народ во летото 6374 година[2]


Бугарскиот владетел го прифатил името на својот 24 годишен духовен татко, византискиот василевс Михаил.

Веднаш по покрстувањето во земјата избувнал бунт во круговите на неколку незадоволни бугарски провинции. Главниот проблем се гледал во зголеменото византиско влијание во земјата. Бертинските летописи опишуваат како Борис со неколкумина верни поданици успеал не само да се спаси туку и да го задуши бунтот и ги зароби противниците. Кнезот ги казнил со смрт организаторите. Загинале 52 болјари со целите нивни родови[3][4]. Според некои истражувачи станува збор за само 52 смртни пресуди[5].

Бугарската патриаршија

Икона на цар Борис

По покрстувањето Борис побарал дозвола од Цариградската патриаршија за самостојна Бугарска патријаршија(види Бугарска православна црква), но му било откажано. Во резултат на тоа бугарскиот цар се обратил кон Рим за дозвола од папата. Бугарските пратеници биле пресретнати со голема радост во Ватикан. Папата испратил во Бугарија двајца римски епископи, од кои Борис го избрал епископот Формоза да биде Бугарски патриарх.

Во 867 год. нови бугарски пратеници биле дојдени во Рим со молба папата да го ракоположи Формоза за патриарх. Папа Николај I откажал, но на 13 ноември 867 година неочекувано умрел. Новиот папа Адриан II исто така не се согласил и Борис ги прекинал бугаро-римските односи, враќајки ги римските пратеници назад со многу дарови.

Борис пак се обратил кон Константинопол со истата молба и на Осмиот Вселенски Собор (869-870 год.) се создала Бугарската црковна диоцеза, на чие чело како поглавар со титула „митрополит на Драстар“ бил поставен гркот Георги. Тој бил потчинет на Цариградската патриаршија.

Во 886 г. на бугарски црковен собир било решено Бугарската архиепископија да стане афтокефална (самостојна). На чело на Бугарската црква застанал Јосиф Исповедник, архиепископ и прв бугарски патријарх, којшто ја спроведува прословенската политика на Борис I, и подоцна на цар Симеон I.

Словенската писменост во Бугарија

Како ктитор на манастирот Св. Наум покрај Охрид, фреска од 1806 година

Во истото време (краjот на 885 г.) Борис радосно ги примил учениците на Кирил и Методиј, кои што били протерани од Велика Моравија. Словенскиот јазик станал официјален јазик на Бугарија, заменувајќи го грчкиот. Климент Охридски бил испратен во 886 г. како словенски учител во областа Кутмичевица, каде ja основал Oхридската книжевна школа.

По непрекинато 36-годишно управување во 889 год. царот Борис доброволно се откажал од престолот и се повлекол во манастир. Борис имал четири синови: Расате-Владимир, Гаврил, Симеон и Јаков. За свој наследник го назначил првородениот син Владимир-Расате.

Неумешната анти-византиска политика на кнез Владимир-Расате, спроводена со обид за враќане кон паганството, го принудила Борис да го напушти манастирот и да превземе решителни мерки. Тој го симнал Владимир-Расате од престолот, го ослепил го и го фрлил во темница. Потоа тој свикал народен собор во 893 г., на кој го најавил владеењето на својот трет син, Симеон I, на престолот и преместувањето на главниот град на Бугарија од Плиска во Преслав. Во истото време Климент станал епископ на Величката епархиja со центар во Охрид (според некои бугарски теории, на Охридската епископија како дел од Бугарската православна црква), а Наум дошол од Преслав во Охрид да jа води Охридската школа.

Надворешни врски

Предлошка:Владетел почеток Предлошка:Владетел Предлошка:Владетел крај


  1. Моско Москов, "Именник на българските ханове-нов прочит", 1988 г.
  2. Васил Н. Златарски, "История на Първото българско Царство. II. От славянизацията на държавата до падането на Първото царство (852—1018). III. Национализация на българската държава. 1. Междудържавното положение на България и покръщането на българите", София, 1927 г.
  3. Съдът над историците: българската историческа наука, документи и дискусии 1944-1950, Академично изд-во М. Дринов, 1995, ISBN 9544302476, стр. 246.
  4. Годишник На Софийския университет "Св. Климент Охридски". Център за Славяно-византийски проучвания "Иван Дуйчев". Том 10, София, стр. 89 .
  5. Георги Тодоров, Св. Борис и митът за избиването на 52-та рода, в. Култура, брой 2 (2441), 19 януари 2007 г.