Ана де Стал: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12: Ред 12:
[[Категорија:Личности од Француската револуција]]
[[Категорија:Личности од Француската револуција]]
[[Категорија:Француски филозофи]]
[[Категорија:Француски филозофи]]
[[Категорија:Философи од 18 век]]
[[Категорија:Филозофи од 18 век]]
[[Категорија:Филозофи од 19 век]]
[[Категорија:Филозофи од 19 век]]
[[Категорија:Родени во 1766 година]]
[[Категорија:Родени во 1766 година]]

Преработка од 19:24, 10 октомври 2015

Мадам де Стал

Ана-Луиза Жермена, баронеса де Стал-Холштајн (француски: Anne-Louise Germaine baronne de Staël-Holstein), позната како Мадам де Стал (француски: Madame de Staël; 22 април 1766 - 14 јули 1817) — истакната француска писателка, ќерка на видниот книжевник Жак Некер. Во 1810 година ја напиша книгата - манифест „За Германија“, која Наполеон ја забранил, затоа што авторот се восхитува на германската философија и литература. Ја сметаат за основоположник на францускиот романтизам. Таа е политичар со напредни идеи, пистаелка и теоретичарка на книжевноста, претставува интересна и за периодот во кој живеела доста либерална и конфликтна личност. Нејзините романи се надоврзување на предромантичарските романи. Романот на стравот и ужасот („црниот роман“), и сентименталните романи со клиширани љубовни заплети, мошне омилени кај најшироката читателска публика во тоа време. Нејзиниот бурен живот како да го навестува вкупниот сензибилитет на романтизмот и на XIX век, „векот кој сакаше да се обраќа во прво лице“, како што велат критичарите за романтизмот. Како теоретичар на литературата („Есеј за измисленото, Книжевноста по однос на институциите и За книжевноста“), таа се залага за роман кој своите ликови би ги довел во поцврста врска со стварноста, а нив би ги направил поуверливи одошто се во сентименталните, љубовни „лимонади“.[1]

Во делото „За книжевноста“ таа jа споредува литературата на западните со литературата на источните народи и доаѓа до заклучок дека тие се разликуваат по вкус и дух. Со тоа и задава смртен удар на класицистичката теорија, која тврдеше дека литературата мора да им се покорува на едни исти закони, без разлика на емстото на настанувањето на делото. Во романите (Делфин и Корина), таа застапува први феминистички гледишта, со што жестоко го критикува машкото општество во кое за жените нема место освен како сопруги и љубовници. Романите имаат голем успех во тоа време, бидејќи се целосно либерални: се залагаат за уништување на култот на браковите, кои доколку не се среќни стануваат стега која треба да се поднесува цел живот; го критикуваат машкото општество во кое жените не можат да најдат своие место според интелектуалните умствени способности и ја воведуваат подоцна омилената тема кај романтичарите - правилото на страст, како и темата на несреќната и невозвратената љубов која произлегува од тоа кога страста целосно загосподарува со животот на човекот. Поради своите напредни гледишта и за општеството и за книжевноста (давање предност на личноста, индивидуалноста, чуваствата и страста кои ниедно општество не ги сака оти не може да ги контролира), таа голем дел од својот живот ќе помине во прогонство, сметана за непријател на Наполеон Бонапарта.[2]

Наводи

  1. Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.17
  2. Учебник по македонски јазик и литература за III година за реформираното гимназиско образование - стр.18