Костинци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 23: Ред 23:


== Историja ==
== Историja ==
Селото Костинци за прв пат во пишаните историски документи се споменува во 1337 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{цитирана книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=српски| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | pages = 373}}</ref>. Во средниот век постоело селиште со име Костино, кое во 1335 година било потврдено како посед на манастирот Трескавец од царот Душан. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци. Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во Втората светска војна. За време на Првата светска војна на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“. Недалеку од селото се местностите Езериште и Рибник. Во Рибник се ловела риба за манастирот Трескавец близу Прилеп. Во Костинци постои црква Рождество на Пресвета Богородица, изградена во XIX век, крај која се и селските гробишта. Потегот Езериште порано било црковен имот, кој потоа го завладеал еден чифлик-сајбија, за на крај тоа земјиште да го купат селаните. Селска и црковна слава е Мала Богородица. За време на турското владеење, воглавно во XIX век, во Костинци имало седум чифлици од кои еден бил во сопственост на жител од Зајас кај Кичево, а другите биле од Прилеп. Како и во другите села, тие тука претходно биле полјаци и ќаи – чувари на стока. Сите селани работеле како момци и ортаци на чифлиците, а по 1912 година ја купиле земјата. Во средината на педесетите години на ХХ век Костинци било општина за поголем број села од овој северен крај на Прилепското Поле. Бројот на домаќинства во текот на ХХ век изнесувал: 41 во 1921 г., 53 во 1948 г., 56 во 1954 г., 76 во 1961 година.
Селото Костинци се споменува во 1337 година под името ''Костино'', кога кралот [[Стефан Душан]] го приложил на [[Манастир Трескавец|манастирот Трескавец]].<ref name=jovantrifunoski>{{цитирана книга| last = Ф. Трифуноски| first = Јован| title = Битољско-прилепска котлина| language=српски| publisher = Српска академија наука и уметности| year = 1998 | pages = 373}}</ref> Кон крајот на XIX век во селото постоеле седум [[чифлик|чифлици]], чии сопственици биле: Ибраим, Аџи Мале, Сулеман-ефенди, Рашид и др.<ref name=jovantrifunoski></ref> По 1912 година, жителите ја купиле земјата од чифликсајбиите.<ref name=jovantrifunoski></ref>


== Економија ==
== Економија ==

Преработка од 19:37, 21 септември 2015

Костинци
Костинци во рамките на Македонија
Костинци
Местоположба на Костинци во Македонија
Костинци на карта

Карта

Координати 41°30′6″N 21°24′24″E / 41.50167° СГШ; 21.40667° ИГД / 41.50167; 21.40667Координати: 41°30′6″N 21°24′24″E / 41.50167° СГШ; 21.40667° ИГД / 41.50167; 21.40667
Регион Прилепско поле
Општина Општина Долнени
Пошт. бр. 7505
Шифра на КО 20051
Надм. вис. 618 м
Слава Мала Богородица
Костинци на Ризницата
Сушење на тутун во село Костинци
Ракав „со една вртешка“ од женска празнична кошула. Везен со волна во бои: „аловна“, „ѓувезна“, црна и жолта. С. Костинци, Прилепско поле, крај на 19 век.

Костинци е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.

Географиja и местоположба

Костинци е село во северниот дел Прилепското Поле и Општината Долнени, од десната страна на патот ПрилепМакедонски Брод. Тоа е полско село сместено помеѓу Секирци, Црнилиште, Зрзе и Слепче. Расположено е на надморска височина од 618 до 620 метри со изразити рамничарски одлики. Од градот Прилеп е оддалечено 30 километри во северозападен правец. Крај Костинци тече Стровјанската речица, која често се излева и го поплавува околното земјиште. Водата за пиење се добивала од бунари, а во денешно време селото има водовод кој се снабдува со вода од хидросистемот Студенчица. Костинци е составено од маала кои се нарекуваат по поголемите родови. Маалата меѓусебно се незначително оддалечени поради што селото е од збиен тип. Атарот е мал и зазема простор од 4,5 км2 на кои обработливото земјиште зафаќа површина од 418 хектари, на пасиштата отпаѓаат 14 ха, а на шумите само 3 хектари. Според тоа Костинци има исклучително поледелска функција. Потезите и местностите во селскиот атар ги носат следните имиња: Градски Пат, Сливски Пат, Зрзески Пат, Долгаечки Пат, Црнилишки Пат, Капина, Мртвица, Возовир, Ѓерекарица, Арапица („црна земја“), Езериште, Затока, Тапан, Јасика, Дуњи, Шуклеица, Гарелица, Аџиина Корија (сега под ливади), Брегои, Илјадница.

Историja

Селото Костинци за прв пат во пишаните историски документи се споменува во 1337 година под името Костино, кога кралот Стефан Душан го приложил на манастирот Трескавец.[1]. Во средниот век постоело селиште со име Костино, кое во 1335 година било потврдено како посед на манастирот Трескавец од царот Душан. Потврдено е дека овој запис се однесува на денешното Костинци. Местноста Манастириште се наоѓа северозападно од Костинци крај железничката пруга каде што на површината на земјата се гледаат „бигори, тули, камења со староземски слики“ (една плоча со ликови „сурати“ била откопана во 1933). Дел од овие старини биле земени од бугарската војска во Втората светска војна. За време на Првата светска војна на ова место се појавил снажен извор и тогаш селаните таму имале бавчи. Силното врело пресушило во 1918 година, а повторно почнало да дава вода од 1941 до 1944 година. Таму е и местноста Капина каде се пронајдени стари гробови обложени со земјани плочи во внатрешноста. Покрај Манастириште еден потег се нарекува Дуња за кој селаните велат дека таму се наоѓало старото село Костинци. Бидејќи, местото било на сред патишта, селото било поместено на денешната местоположба. Тогаш пропаднал и храмот на Манастириште. Не се знае кога точно е основано денешното село Костинци. Најстариот род во него се Ѓерекарци. Основачот на тој род живеел кон крајот на XVIII век. Потоа се доселиле Јанкуловци, Џиковци и други македонски родови. Меѓу народот се говори дека земјата на која се сегашните куќи била „ниско место и во него стоела вода“. Недалеку од селото се местностите Езериште и Рибник. Во Рибник се ловела риба за манастирот Трескавец близу Прилеп. Во Костинци постои црква Рождество на Пресвета Богородица, изградена во XIX век, крај која се и селските гробишта. Потегот Езериште порано било црковен имот, кој потоа го завладеал еден чифлик-сајбија, за на крај тоа земјиште да го купат селаните. Селска и црковна слава е Мала Богородица. За време на турското владеење, воглавно во XIX век, во Костинци имало седум чифлици од кои еден бил во сопственост на жител од Зајас кај Кичево, а другите биле од Прилеп. Како и во другите села, тие тука претходно биле полјаци и ќаи – чувари на стока. Сите селани работеле како момци и ортаци на чифлиците, а по 1912 година ја купиле земјата. Во средината на педесетите години на ХХ век Костинци било општина за поголем број села од овој северен крај на Прилепското Поле. Бројот на домаќинства во текот на ХХ век изнесувал: 41 во 1921 г., 53 во 1948 г., 56 во 1954 г., 76 во 1961 година.

Економија

Демографија

Според пописот од 2002 година, во селото Костинци живеат 101 жител, сите Македонци.


Културни и природни знаменитости

Цркви[2]
Археолошки локалитети[3]
  • Манастириште - неопределено од непознат период;
  • Дуња - неопределено од непознат период;
  • Капина - неопределено од непознат период;

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

  1. Предлошка:Цитирана книга
  2. Предлошка:Цитирана книга
  3. Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеогрофско проучавоњо, Београд 1998

Надворешни врски

Предлошка:Населени места во општина Долнени