Кајмакчалан: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Sv. Petar na Kajmakčalan.jpg|thumb|Спомен капелата од [[Битка на Кајмакчалан|Битката на Кајмакчалан]] во 1916 година.]]
[[Податотека:Sv. Petar na Kajmakčalan.jpg|thumb|Спомен капелата од [[Битка на Кајмакчалан|Битката на Кајмакчалан]] во 1916 година.]]
'''Кајмакчалан''' е врв на планината [[Ниџе]]. Се наоѓа на јужната граница од [[Македонија]], со виина од 2.521&nbsp;м.<ref>{{наведена книга|title=Статистички годишник на СР Македонија|publisher=Републички завод за статистика|date=1978}}</ref> Тој е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во [[Грција]]. Кај [[Бугари|Бугарите]], врвот е познат како Борисов Град, а кај [[Срби|Србите]] како Порта на слободата и Праг на татковината.
'''Кајмакчалан''' врв на планината [[Ниџе]]. Се наоѓа на јужната граница од [[Македонија]], со виина од 2.521&nbsp;м.<ref>{{наведена книга|title=Статистички годишник на СР Македонија|publisher=Републички завод за статистика|date=1978}}</ref> Тој е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во [[Грција]]. Кај [[Бугари|Бугарите]], врвот е познат како Борисов Град, а кај [[Срби|Србите]] како Порта на слободата и Праг на татковината.


==Местоположба==
==Местоположба==

Преработка од 11:09, 18 септември 2015

Спомен капелата од Битката на Кајмакчалан во 1916 година.

Кајмакчалан — врв на планината Ниџе. Се наоѓа на јужната граница од Македонија, со виина од 2.521 м.[1] Тој е петти највисок врв во Македонија и трет највисок врв во Грција. Кај Бугарите, врвот е познат како Борисов Град, а кај Србите како Порта на слободата и Праг на татковината.

Местоположба

Од врвот се гледаат Островското езеро и Петерското езеро во Грција, како и областа Мариово во Македонија. Во близина на Кајмакчалан се наоѓаат селата Скочивир, во Македонија, како и селото Чеган и ски-центарот Ворас, во Грција.[2]

Знаменитости

За време на Првата светска војна, на Кајмакчалан се воделе тешки борби меѓу бугарската армија, од една страна, и француската и српската војска, од друга страна, како дел од Македонскиот фронт. Притоа, само во периодот од 12 до 30 септември 1916 година, во жестоките борби на врвот загинале над 4.600 војници од српската војска. Во спомен на овој настан, на црквата „Св. Илија“, сместена на самиот врв, се наоѓа посвета напишана од кралот Александар Караѓорѓевиќ. До пред некое време, во црквата, во посебна урна, се наоѓало срцето на швајцарскиот форензичар, публицист и професор, Арчибалд Рајс. Исто така, на врвот се наоѓа и познатата камбана, која ја донирал Михајло Пупин.[3]

Наводи

  1. Статистички годишник на СР Македонија. Републички завод за статистика. 1978.
  2. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92.
  3. Алекандар Матески, „Убава Македонија - Кајмакчалан“, Економија и бизнис, година 17, број 196, 30 октомври 2014, стр. 92-93.

Надворешни врски