Готлоб Ернст Шулце: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 26: Ред 26:
}}
}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Шулце, Готлоб Ернст}}
{{ОСНОВНОПОДРЕДУВАЊЕ:Шулце, Готлоб Ернст}}
[[Категорија:Германски философи]]
[[Категорија:Германски филозофи]]
[[Категорија:Скептици]]
[[Категорија:Скептици]]
[[Категорија:Родени во 1761 година]]
[[Категорија:Родени во 1761 година]]

Преработка од 18:55, 15 септември 2015

Готлоб Ернст Шулце (герм. Gottlob Ernst Schulze, 23 август 176114 јануари 1833) е германски философ, претставник на скептицизмот. Роден е во месноста Хелдрунген (денес во Тирингија). Професорувал во Витенберг, Хелмштет и Гетинген.[1] Неговото највлијателно дело е „Енесидем“ (Aenesidemus), каде авторот преку скептична полемика се обидува да ги побие исказите во „Критика на чистиот разум“ од Имануел Кант и „Философија на елементите“ од Карл Леонхард Рајнхолд.

Во Гетинген, Шулце станал ментор на идниот философ Артур Шопенхауер кого го посоветувал да се задржи на изучувањето на Платон и Кант. Овој совет имал големо влијание во философијата на Шопенхауер. Во зимскиот семестар 1810/1811, Шопенхауер кај Шулце изучувал и психологија и метафизика.[2]

Шулце починал во Гетинген.

Мисли

  • „Умствените растројства се појавуваат во услови на удобствија — затоа нема да ги најдете кај дивите племиња.“
  • „Еден особен вид на споредба се нарекува остроумност … Она што произлегува од неа се идеи за скриените, но сепак површни сличности во нештата.“
  • Вистината е кривa линија, а философијата е бројот на тангентите што ѝ се доближуваат до бесконечност без да ја допрат, — асимптотите.“
  • „Утврдувањето дали едно расудување е аналитичко или синтетичко зависи и од тоа што сè опфаќа нашето поимување за „субјект“. Така, она што за некого е аналитичко, за друг ќе биде синтетичко.“
  • „Кој ја осознал природата сама по себе?“

Наводи

  1. Encyclopedia of Philosophy, том 7, New York: Macmillan, 1972
  2. Schopenhauer, Manuscript Remains, Vol. 2, Berg, 1988, ISBN 0-85496-539-4

Предлошка:Лични податоци