Сирија: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
|||
Ред 84: | Ред 84: | ||
== Историја == |
== Историја == |
||
{{Main|Историја на Сирија}} |
{{Main|Историја на Сирија}} |
||
[[Податотека:Temple of Bel, Palmyra 15.jpg|мини|лево|Античкиот град [[Палмира]]]] |
|||
== Географија и клима == |
== Географија и клима == |
Преработка од 11:48, 11 септември 2015
Сириска Арапска Република الجمهورية العربية السورية Al-Jumhūriyyah al-ʿArabiyyah as-Sūriyyah |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Homat el Diyar Чувари на Земјата |
||||||
Главен град | Дамаск 33°30′N 36°18′E / 33.500° СГШ; 36.300° ИГД | |||||
Најголем град | Алепо | |||||
Службен јазик | арапски | |||||
други малцински јазици | арамејски, ерменски, курдски, туркменски | |||||
Демоним | Сириец | |||||
Уредување | Претседателски систем | |||||
• | Претседател | Башар ел-Асад | ||||
• | Премиер | Ваел Надер ел-Халки | ||||
Независност | од Франција | |||||
• | Прво објавување | септември 19361 | ||||
• | Второ објавување | 1 јануари 1944 | ||||
• | Призната | 17 април 1946 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 185,180 км2 (88-ма) | ||||
• | Вода (%) | 0.06 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2007 г. | 19.405.000 (54-ма) | ||||
• | Густина | 103 жит/км2 (101-ва) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупен | $94.408 милијарди [1] | ||||
• | По жител | $4,749[1] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2008 г. | |||||
• | Вкупно | $54.803 милијарди[1] | ||||
• | По жител | $2,756[1] | ||||
ИЧР (2013) | ▼ 0.473[2] низок · 166та |
|||||
Валута | Сириска фунта (SYP ) |
|||||
Часовен појас | EET (UTC+2) | |||||
• | (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .sy | |||||
Повик. бр. | 963 |
Сирија (арапски: سورية) или официјално Сириска Арапска Република (арапски: الجمهورية العربية السورية) — држава во Југозападна Азија. На запад излегува на Средоземното Море и граничи со Либан, на север со Турција, на исток со Ирак, на југ со Јордан и на југозапад со Израел.
Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион Левант, но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. Дамаск, денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот Омејадски Калифат, како и седиште на Мамлучкиот Султанат. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.[3]
Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април 1946 година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од 1949 до 1970 година. Уште од 1962 година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.[4]
Сирија е владеена од партијата „Бат“ уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален претседател на Сирија е Башар ел-Асад, кој е на таа позиција по втор пат. Башар ал-Асад е син на Хафиз ал-Асад, претседател на Сирија од 1970 до 2000 година.[5][6] Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на Израел со арапските држави.
Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е Алепо. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 км2 каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се Арапи, додека остатокот вбројува Курди, Ерменци и Туркмени.[6] Официјален јазик во државата е арапскиот, додека најголема религија е исламот.
Етимологија
Името „Сирија“ доаѓа од старогрчкиот збор за Сиријците „Σύριοι“ (Syrioi), термин кои старите Грци го користеле и за Асирците.[7][8] Некои научници веруваат дека старогрчкиот збор за Сиријците потекнува од зборот „Ἀσσυρία“, (Асирија), кој пак доаѓа од акадискиот збор Aššur.[9] Според други, терминот „Сирија“ доаѓа од називот „Сирион“, име кое го користеле Сидонците за планината Хермон.[10]
Историја
Географија и клима
Политички систем
Административна поделба
Сирија е поделена на 14 области („мухафази“). Тие се делат на вкупно 60 окрузи („минтаки“), кои пак понатаму се делат на подокрузи („нахии“). Нахиите се состојат од села, кои се најмалата административна единица во земјата.
На чело на секоја област стои управник предложен од надлежниот министер и назначен со одобрение од кабинетот. Со окрузите и подокрузите управуваат функционери назначени од управникот, заедно со избран совет. Функционерите треба да имаат одобрение од надлежниот министер.
ЕкономијаНаселение, јазик и религијаПоголем дел од сириското население живее во долината на реката Еуфрат и покрај сириското крајбрежје. Вкупното население на Сирија изнесува 22.198.110 жители со густина на население од 99 жители на метар квадратен. Според светските анализи за бегалци во светот, Сирија е дом на околу 1.852.300 бегалци. Голем дел од овие бегалци се од Ирак, но има и бегалци од Палестина и Сомалија.[11] Образованието во Сирија е бесплатно од 6 до 11 година. Образовниот систем е составен од 6 години основно образование, проследено до тригодишно средно образование и тригодишно високо образование. Писменоста на Сирија е 86% за мажите и 73.6% за жените. ЈазициОфицијален јазик во Сирија е стандардниот арапски јазик, но најмногу зборувана варијанта е сирискиот арапски дијалект. Покрај арапскиот, во Сирија се зборува и курдски јазик, јазик кој го зборуваат Курдите. Од останатите малцински јазици може да се сретнат и ерменскиот, турскиот и туркменскиот јазик. Пред појавувањето на исламот во државата, во регионот лингва франка бил арамејскиот јазик. Како христијански литургиски јазик може да се забележи и сирискиот јазик. КултураНаводи
Користена литература
ПоврзаноНадворешни врски
|