Евдокија Бајана: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Infobox royalty|consort
|name =Евдокија Бајана
|title =[[Византиска императорка]]
|image =
|caption =
|succession =Сопруга на византискиот император
|reign = 900–901
|spouse =[[Лав VI Мудриот]]
|issue =Василиј ?
|house =[[Македонска династија]]
|house-type=
|father =
|mother =
|birth_date =
|birth_place =
|death_date =901
|death_place ={{починал во|Константинопол}}
|place of burial =[[Црква Свети Апостоли (Константинопол)|Црква Свети Апостоли)]]
}}
'''Евдокија Бајана''' (починала на {{починал на|12|април|901}} во {{починал во|Константинопол}}) била византиска царица, трета сопруга на царот [[Лав VI Мудриот]].
'''Евдокија Бајана''' (починала на {{починал на|12|април|901}} во {{починал во|Константинопол}}) била византиска царица, трета сопруга на царот [[Лав VI Мудриот]].



Преработка од 14:03, 11 август 2015

Евдокија Бајана
Византиска императорка
Сопруга на византискиот император
На престол900–901
Починал(а)901
Константинопол
Почивалиште
СопружникЛав VI Мудриот
ДецаВасилиј ?
ДинастијаМакедонска династија

Евдокија Бајана (починала на 12 април 901 во Константинопол) била византиска царица, трета сопруга на царот Лав VI Мудриот.

Според Теофан Исповедник, Евдокија потекнувала од темата Опсикион. Се омажила за император Лав VI во пролетта 900 година. Ова бил трет брак на царот. Претходните две сопруги на Лав VI починале без да му родат машки наследник. Од нив императорот имал неколку ќерки. Лав VI се надевал дека од бракот со Евдокија ќе се роди машки наследник на престолот. Ѓорѓи Острогорски споменува дека овој брак противречел на тогашните византиски закони и на практиката во православниот свет, поради што царот требало да побара дозвола да се омажи по трет пат од патријарх Антониј II Цариградски.

Евдокија починала година подоцна, на 12 април 901 година, при раѓањето на своето прво дете. Теофан споменува дека детето било момче кое останало некрстено. Во "За церемониите" меѓу имињата на децата на Лав VI се споменува и името Василиј што може да се идентификува со името на мртвородениот син на Евдокија. Во своето дело, Константин VII споменува дека Евдокија била погребана во црквата "Св. Апостоли" во Цариград.

По смртта на Евдокија императорот се оженил за Зоја Карбонопсина кој брак не бил признат од црквата за легитимен.