Зоја Зауцена: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
нс
(нема разлика)

Преработка од 13:44, 11 август 2015

Зоја Зауцена (? - 899) била византиска царица, втора сопруга на царот Лав VI Мудриот.

Првично Зоја била омажена за истакнатиот византиски великодостојник Теодор Гунијацис. По неговата смрт (според некои податоци, сопругот бил отруен по наредба на царот) Зоја станала љубовница на Лав VI, кој во тоа време бил оженет за Теофана. Во 893 година царицата Теофана се повлекла во манастир, а нејзиното место во дворот било зафатено од Зоја. Сепак нема сигурни податоци за статусот на Зоја Зауцена во периодот 893 - 897 година. Според Симеон Матафраст, бракот на Лав VI и Теофана бил поништен наскоро по повлекувањето во манастирот, а една година подоцна императорот се оженил за Зоја. Според Теофан Исповедник првиот брак на Лав VI не бил поништен поради што односот на царот и Зоја долго време бил незаконски. Теофан наведува дека Зоја и Лав VI се венчале во 897 година, по смртта на Теофана. Но и двајцата историчари се категорични дека по по омажувањето за импераорот, Зоја Зауцена ја добила само титулата августа.

Зоја му родила на Лав VI две ќерки:

  • Ана
  • ќерка, чие име не е познато

Зоја Зауцена починала во 899 година без да роди машки наследник на царот.