Лав III Сириец: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Нема опис на уредувањето
с Bjankuloski06 ја премести страницата Лав III Исавријанин на Лав III Сириец презапишувајќи врз пренасочување
(нема разлика)

Преработка од 17:44, 9 август 2015

Лав III Сириец
Цар на Византија
Лав III (лево) и неговиот син Константин V
На престол25 март 717 – 18 јуни 741
ПретходникТеодосиј III
НаследникКонстантин V
Роден(а)685
Починал(а)18 јуни 741 (56 или 55 години)
СопружникМарија
ДецаКонстантин V
Ана
Козма
Ирина
династијаСириска династија

Лав III Сириец или Исавријанин — ( 675 во денешен Караманмараш - 18 јуни 741 во Константинопол) — византиски цар кој владеел во периодот од 717 до 741 година[1].

Лав III бил основач на Сириската или Исавриска династија. Лав III е еден од најважните византиски владетели, кој успеал да ја извади империјата од периодот на анархија и кој успеал да се справи со арапската закана, кога во август 718 година Арапите биле поразени од бугарскиот хан Тервел по кое била повлечена опсадата на престолнината по четири години. Тој исто така ја наметнал новата црковна доктрина на иконоборството[2].

Лав бил оженет за Марија, со која имале четири деца: Константин V, Ана, Козма и Ирина.

Рани години

Вистинското родено име на Лав најверојатно било Конон. По народност е Сириец од скромно селско потекло. Лав бил роден во Германикеја, (денешниот град Караманмараш во Турција) во областа Комагена во северна Сирија, на границата меѓу Византиската империја и Арапскиот калифат. Уште како дете тој бил преселен заедно со својата фамилија од Јустинијан II во Тракија (695 година), како дел од империјалната политика на населување на напуштените балкански провинции.

Младиот Лав бил пастир заедно со својот татко, кога соборениот цар Јустинијан II патувал кон Константинопол (705 година) за повторното негово зазимање на престолот со бугарска помош. Лав му подарил 500 овци за неговите војници. Од благодарност Јустинијан го прогласил за спатариј (Spatharios), офицер во царската гарда. Така тој ја започнал својата воена кариера. Лав учествувал во воени походи во северен Кавказ, каде по крајот на походот, царот Анастасиј II го назначил за стратег (713- 715[3]) или воено-административен началник на источната војска која броела околу 15,000 војници во тема Анадолија.

Во 717 година Лав направил заговор заедно со генералот Артавазд против царот Теодосиј III. Генералот Артавазд бил верен со неговата ќерка Ана[4]. Така по успешниот заговор, Теодосиј III бил детониран и испратен во манастир.

Надворешна политика

Опсада на Цариград

Грчки оган, употребен при опсадата

На 25 март 717 година Лав III бил крунисан во Света Софија по абдикацијата на Теодосиј III. Во тоа време империјата се наоѓала во многу тешка положба, губејќи ја војната со Арапите, кои ја опседнале престолнината Константинопол во текот на една година. Опкружен од сите страни, градот бил на работ на пропаст. Арапските сили во даден момент имале над 100,000 војници[5], но во арапскиот камп, како и во опсадата на византиската престолнина, се појавил глад. Голем број на муслимански војници починале од различни болести и глад, а оние кои останале биле принудени според некои современи извори, да ги јадат мртвите коњи, тела и слично. Со бугарска помош од страна на Тервел како и со силното византиско оружје т.н. грчки оган[6], царот успеал да ги натера на Арапите да ја повлечат опсадата. Како резултат на битката Византиската империја била спасена од распаѓање, а југоисточна Европа била спасена од арапската инвазија во наредните векови. Оваа е една од најважните и решавачки борби во историјата на Византија.

Стабилизација

По прогласувањето на Лав за цар на Византија бил ставен крајот на периодот од историјата на Византија познат како Дваесетгодишна анархија, кој бил исполнет со голем број на меѓусебни конфликти и нестабилност во империјата. Лав III го ставил почетокот на Сириската династија, која со земјата управувала до 802 година.

Во 718 година бил задушен бунтот во Сицилија, а во 719 година бил спречен обидот на поранешниот царот Анастасиј II да се врати на престолот. Во управувањето на Лав III империјата доживеала нов период на политичка стабилизација, постигнувајќи успеси во војните со Арапите. Во текот на неговото владеење биле склучени договори и сојузи со Бугарите, Хазарите и Грузијците против Арапскиот калифат. Биле привлечени словенски доселеници во сосема пусти погранични области на империјата.

Арапите биле поразени од византиските војски во 726 година во Мала Азија. Во 740 година, тој повторно им нанел пораз во битката кај Акронион, Фригија.

Внатрешна политика

Како поранешен стратег на Анадолија, царот Лав III останал претставник на воено-земјишната аристократија и до крајот на владеењето ги бранел нејзините интереси. Со цел да ја зацврсти царската власт, тој извршил голем број на реформи, вовел ред во државната администрација и финансии. Лав III исто така издал нов зборник со закони Ecloga објавена во 726 година. Тој ја ограничил примената на смртна казна и го забранил ропството во Византија, вовел нов даночен и судски систем во корист на малите сопственици и создал нови теми во егејскиот регион.

Иконоборство

Византиско ионоборство од 9 век.[7]

Лав III го означил почетокот на византиското иконоборство[8]. Така, наместо икони, на јавните места започнале да се поставуваат крстови. Оформено под влијание на исламската идеја дека сликите на луѓе и животни не можат да бидат свети, иконоборството во Византија претставувало реакција против прекумерниот раст на монаштвото и манастирите, кои биле голем товар на државата и конкурент на нејзината власт.

Во 726 година бил издаден едикт според кој иконите биле забранети[9]. Но, едиктот бил пречекан со силно противење од константинополски патријарх Герман и од страна на клирот и народот. Папа Григур II и Јован Дамаскин, исто така, го кренале своjот глас во заштита на Православието, како и повеќето теолози и монасите, поради што тој започнал гонење и страшно мачење и убивање на истите. Како незадоволство од таа одлука, во Грција се дигнала буна, која во 727 година била задушена. Патријарх Герман I не сакал да го потпише царскиот указ и дал оставка, а на негово место Лав III го поставил неговиот истомисленик – патријархот Анастасиј[10].

Папата Григур II во својата преписка со царот му укажал на грешката, но тој не сакал да се покае, по кое западниот дел од црквата одбил повеќе да не плаќа данок на Константинопол. Во времето на папа Григур III бил свикан синод од 93 епископи на кој била донесена одлука дека секој кој ќе оди против иконите, ќе биде екскомунициран од црквата. Како одговор на тоа, Лав сакал да се одмазди, одземајќи ја областа Илирик, како и Калабрија и Сицилија од јурисдикцијата на римскиот папа и префрлувајќи ја на константинополскиот патријарх[11]. Ова дополнително ги влошило односите меѓу двете страни. Така папата решил да побара помош во западните земји.

Во 727 година, во Равена, Италија, избувнало востание против византискиот цар. Испратената византиска флота потонела во бура кое довело до губење на останките од т.н. Равенски Равенски екзархат.

Лав III Сириец починал во 741 година.

Наводи

  1. Craig, Graham, Kagan, Ozment, and Turner. The Heritage of World Civilazations. Prentice Hall. стр. 321. ISBN 978-0-205-80766-6. |access-date= бара |url= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Gero, Stephen (1973). Byzantine Iconoclasm during the Reign of Leo III, with Particular Attention to the Oriental Sources. Louvain: Secrétariat du Corpus SCO. ISBN 90-429-0387-2.
  3. BBKL,
  4. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford: University of Stanford Press. стр. 346. ISBN 0-8047-2630-2.
  5. Предлошка:Fr icon Guilland, Rodolphe. "L’expédition de Maslama contre Constantinople (717–720)" in Études Byzantines. Paris: Presses universitaires de France, 1959, pp. 109–133.
  6. Treadgold. History of the Byzantine State, p. 347.
  7. Byzantine iconoclasm
  8. Ladner, Gerhart. "Origin and Significance of the Byzantine Iconoclastic Controversy." Mediaeval Studies, 2, 1940, pp. 127–149.
  9. Treadgold. History of the Byzantine State, pp. 350, 352–353.
  10. Treadgold. History of the Byzantine State, p. 353.
  11. Treadgold. History of the Byzantine State, pp. 354–355.

Надворешни врски