Фудбалот во Прилеп: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 15: Ред 15:
Почетоците започнуваат во Прилепската гимназија каде што професорите по фискултура формирале фудбалски клуб, односно Ученички клуб. Во него играа следните играчи :
Почетоците започнуваат во Прилепската гимназија каде што професорите по фискултура формирале фудбалски клуб, односно Ученички клуб. Во него играа следните играчи :


[[Сотир Белакапа]], [[Небреклија]], [[Киро Шишко]] , [[Благоја Стојкоска - Жабата]], [[Гиго Учителот]] , [[Трајан Мајата]], [[Андон Шапче]], [[Сотир Спасески]],
[[Сотир Белакапа]], [[Небреклија]], [[Киро Шишко]] , [[Благоја Стојкоска - Жабата]], [[Гиго Учителот]] , [[Трајан Мајата]], [[Андон Шапче]], [[Сотир Спасески]],
[[Сотир Смичко]], [[Стевче Бабески]], [[Даре Џамбаз]], [[Јосе Сугаре]], [[Миха Киселоски]], [[Ѓорѓи Елим]] и други.<ref> „ Прилеп и прилепско низ историјата “ , книга 2, глава 3.</ref>
[[Сотир Смичко]], [[Стевче Бабески]], [[Даре Џамбаз]], [[Јосе Сугаре]], [[Миха Киселоски]], [[Ѓорѓи Елим]] и други.<ref> „ Прилеп и прилепско низ историјата “ , книга 2, глава 3.</ref>


== Маалски клубови ==
== Маалски клубови ==

Преработка од 09:51, 4 август 2015

Фудбалот во Прилеп - низ историјата за спортските активности на жителите на градот Прилеп, неосновано е да се мисли дека со фудбалот во Прилеп започнува и спортската историја. Остатоците на античкиот град Стибера, кај Чепигово, со гимназиумот, што е единствен таков наод на територијата на денешна Република Македонија, како и останатите такви објекти во Солун (Тесалоники), Аполонија (Нехори), Амфиполис (Полина), Хераклеја Линкестис, укажува на фактот дека тука се организирани спортски активности уште од периодот на Филип II Македонски (359-336г.пред наша ера)[1] Пред доаѓањето на првата топка во Прилеп, децата во населените места - селата, по чешлањето на грубиот добиток од влакната правеле топки. Тие биле значително поголеми од тениските, но ниедна не била слична на фудбал. По завршувањето на Првата светска војна почнува да се игра фудбал во Прилеп, во време кога според публикувани податоци од периодот на Балканските војни градот имал 22 684 жители. Со пописот од 1921 година имало 18 500 жители., а Општината со 109 села и 45 773 жители. За доаѓањето на првата топка има повеќе верзии, од кои една е од германски војници во текот на војната , француски војници, или од едно семејство емигранти Колароски , но ова не е веродостојно. Хроничарите забележале: „ Младината на Прилеп прв пат се запозна со спортската игра - фудбалот, уште за време на војната “. Германските војници играле фудбал во месноста Чачорица.Од нив е купена фудбалска топка.[2] Кирил Миноски, наставник по ликовна уметност кој меѓу двете светски војни работел како бакал - трговски работник, е еден од оснивачите на првиот смучарски клуб (19.март 1933 година ).Постојат повеќе видувања околу ова гледиште , со оглед на војните збиднувања во Македонија. Аргументирано е дека фудбалската топка во 1891 година е донесена во градот Битола.[3]. Во периодот од 1912 - 1918 година, градот Битола бил често бомбардиран и постојано под воени дејствија, ова се однесува и за Прилеп и прилепчани бидејки тука е отворен таканаречениот Македонски фронт на Балканот, и граѓаните живееле во постојан страв, така да малку време се мислело на фудбалот.

Фудбалско игралиште

Градскиот стадион “Гоце Делчев“ , со проценка дека може да прими околу 20 000 гледачи, е еден од подобрите фудбалски објекти во Македонија. Пред Првата светска војна на тоа место биле турски гробишта. Во текот на војната , се до повлекувањето на окупаторските единици , оваа локација била депо за моторни и запрежни возила. По завршувањето на војната е адаптирана за фудбалско игралиште со отстранување на надгробните споменици и зарамнување , односно дислоцирање на турските гробишта од српските власти. Игралиштето било градено со ортоми, рогозини. Во 1930 година од железничката пруга во Прилеп биле земани талпите за оградување на игралиштето и со тоа прилепчани дале придонес за изградба на првото македонско игралиште. [4]

Фудбалски клубови

Првиоте фудбалски клубови:

  • СК „ Огнена Искра “ - основан 1919 година во Прилеп, основач бил Пане Напески, активен играч во „ Огнена Искра“
  • СК „ Југославија“ - основан е на 24 мај 1921 година од група граѓани и млади луѓе.[5][6]

Ученички тим

Првиот прилепски Спортски клуб „ Македонија“ е оформен 1922 година, на 12 јули 1922 година, битолските фудбалери отпатуваа во Прилеп каде се одигра првиот егзибиционен фудбалски натпревар.[7] Почетоците започнуваат во Прилепската гимназија каде што професорите по фискултура формирале фудбалски клуб, односно Ученички клуб. Во него играа следните играчи :

Сотир Белакапа, Небреклија, Киро Шишко , Благоја Стојкоска - Жабата, Гиго Учителот , Трајан Мајата, Андон Шапче, Сотир Спасески, Сотир Смичко, Стевче Бабески, Даре Џамбаз, Јосе Сугаре, Миха Киселоски, Ѓорѓи Елим и други.[8]

Маалски клубови

Наводи

  1. Прилози за историјата на физичката култура на Македонија,гимназиумот во Стибера, автор Душан Станимировиќ,1/1975,страна 93-113
  2. Прилеп и Прилепско низ историјата,книга 2, глава 3, страна 108.
  3. Публикација „Фудбалот во Битола низ децении“, страна 9
  4. „ Прилеп и Прилепско меѓу двете светски војни 1918 - 1941 година“
  5. „Прилеп и Прилепско низ историјата“ , книга 2, страна 108.
  6. Весник“ Вардар “ од 5 јуни 1932 година, страна 5.
  7. „ Фудбалот во Битола низ децении“,автор Димче Миноски.
  8. „ Прилеп и прилепско низ историјата “ , книга 2, глава 3.

Надворешни врски