Википедија:ВикиПроект Одржување: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Листа на учесници: затворачки </sup>. Макс, види си го потписот, да не е нешто грешка.
Ред 13: Ред 13:
# [[Корисник:Brainmachine|Brainmachine]]<sup>[[Разговор со корисник:Brainmachine|wtf?]]</sup>
# [[Корисник:Brainmachine|Brainmachine]]<sup>[[Разговор со корисник:Brainmachine|wtf?]]</sup>
# [[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]]
# [[Корисник:Виктор Јованоски|Виктор Јованоски]]
# --[[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])
# --[[Корисник:SmartM&amp;M|Макс]]<sup>([[Разговор со корисник:SmartM&amp;M|разговор]])</sup>
# /
# /
# /
# /

Преработка од 23:20, 13 јули 2008

Кратенки:
ВП:ОДД
ВикиПроект Оддржување


Добредојдовте на главната страница на ВикиПроект Оддржување. Овој ВикиПроект е централно место за координирање на нејзините членови, а целта на пријавените учесници и на проектот е техничкото оддржување на неправилниот материјал на Википедија.

Доколку сакате да се приклучите на проектот, ставете го вашето име во долунаведената листа. Овде не постои поделбата на активни и неактивни учесници; ако се пријавите, најчесто веднаш ќе добиете определени задолженија на кои ќе треба да работите.

Листа на учесници

  1. Brainmachinewtf?
  2. Виктор Јованоски
  3. --Макс(разговор)
  4. /
  5. /

Учесниците можат и да си постават една корисничка кутија на нивната страница, за ознака дека припаѓаат на проектот - кодот кој ја создава кутијата е {{Корисник ВП ОДД}}

Овој корисник учествува во рутинското одржување на Википедија преку ВикиПроект Одржување.



Задачи

Моментално (што значи ќе се проширува во иднина), вниманието треба да се посвети на овие три области:

  1. Поставување на македонски администраторски стандарди
  2. Средување на неправилно подигнати/означени/искористени слики
  3. Средување на категоријата Статии за уредување

Во продолжение следува опис на задачите кои треба да се извршат во секоја област.

1. Администрација

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Ова е дискусија за усвојување на стандарди, секој може да придонесува со свој глас и предлог.

Главна страница - Корисник:INkubusse/Администрација
Страница за дискусија - Разговор со корисник:INkubusse/Администрација

Накратко, иницијативата е започната од корисникот/администратор iNkubusse, кој објаснува за што се работи на соодветната страница:

Заради огромната потреба од средување на администрацијата на македонската Википедија, составив табела со имињата на главните поткатегории во категоријата Категорија:Википедија:Администрација/en:Category:Wikipedia administration, како и некои поважни страници од именскиот простор „Википедија“ и „Помош“. Од лево се дадени имињата на категориите на англиската Википедија, а десно соодветните преводи на македонски. Страниците што не се категории имаат ѕвездичка (*) пред нив.

Сите се добредојдени да учествуваат во дискусијата за категориите и да придонесат во именувањето. Сепак, подобро е да сте запознаени со темата, односно со категоријата и нејзината намена. Ве молам не менувајте ништо, пред претходно да дискутирате за тоа на страницата за разговор!

Откако се решат овие основни проблеми, следуваат поважните страници од именскиот простор „Википедија“, особено оние Policies и Guidelines.


Видете ја горенаведената страница за повеќе информации.


2. Слики

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Минимум двајца администратори за бришење на слики, плус сите волонтери за поставување на лиценци, описи и ознаки за фер употреба.


Главна страница - Корисник:Brainmachine/Слики за бришење


Пријавени доброволци

  1. Виктор Јованоски
  2. / (админ)

3. Статии кои бараат внимание

Приоритетност: висока
Потребни учесници: Минимум тројца волонтери


Главна страница - Категорија:Статии за уредување


Пријавени доброволци

  1. Brainmachinewtf? (1-Е)
  2. Виктор Јованоски (Е-Р)
  3. / (Р-Ш)


Постојат околу 600 статии во категоријата статии за средување. Поделено на тројца волонтерци, по 200 статии од човек. Ако секој средува по 5 статии дневно (просечно, бидејќи има и кратки и долги), ќе треба околу 40 дена. Вметни 20 слободни дена за пауза, одмор и рекреација, 60 дена. Што значи за 2 месеца ќе бидат средени.


Постапки за сите видови на статии

1. Статии без интервики врски и без категории. Постапка: средувај на лице место. Најголемиот дел од статиите се вакви. Решението е: се бара статијата на англиската википедија, ги копираме интервики врските овде, таму додаваме македонска вики врска, а овде вметнуваме плус англиска викиврска. Исто така, за категориите гледаме ориентационо како е на англиската, ги создаваме, а и во категориите ставаме интервики. Ако категоријата треба да се наоѓа во родителска категорија која не постои, ја правиме и неа, се` додека не стигнеме до конечно направена категорија погоре во хиерархијата. Ова најчесто се наоѓа како плус недостаток на сите овие статии за внимание.

2. Долги статии на дадена тема кои се копи/пасте од семинарски работи. Постапка:Маркирај сега, среди интервики и категории, направи основно форматирање, разгледувај подоцна. Овие статии немаат викиврски, немаат наведени извори и најчесто стилот на пишување е промашен (на пр, премногу стручен, а не информативен за општата читателска публика). Поправката на овие статии оди доста бавно, затоа ги оставаме за крај. Ознака со шаблон Предлошка:Вн долга Ги оставаме за подоцна, за најпрвин да ги елиминираме сосем малите и средните статии. Под 'направи основно форматирање' се мисли да се раздвојува текстот во параграфи и да се создаваат секции. Пример: Августус де Морган

3. Предолги статии на дадена стручна тема. Пример е статијата Современи теории на парите и каматните стапки. Постапка:Маркирај за бришење. Сега може некој да се запраша: за бришење? Но некој се трудел, ова може да помогне на некој, зошто да се избрише туку-така? Точно, браво за трудот, и да, може да помогне на некој, но нема да и` помогне на општата читателска публика, на просечниот читател, токму заради стручниот пристап кон темата. Нивната содржина е неенциклопедиска, и нивното место не е овде. Евентуално средените вакви статии, како што е горенаведената, треба да се сместат во сестринскиот проект Викиуниверзитет (Wikiversity). Да се викифицираат ваквите статии ќе биде потребен огромен труд, во просек се по 100kb! Бришење е решението, ако сте админ, направето го тоа директно, ако сте обичен корисник, маркирајте на врвот со {{брзо бришење|причина=ВП:ОДД критериум 3}}

4. Празни статии - има инфокутија или некој навигационен шаблон, но нема содржина. Постапка: Вметни соодветен вовед од 3 параграфа. Не заборавајте да цитирате извори. Сите статии со само воведен дел се никулци, затоа не заборавајте да ги маркирате како такви. Ако немаат категории или интервики, додавајте веднаш.

5. Статии со целосно промашен стил на пишување. Постапка: Бриши ја содржината и напиши соодветен вовед од три параграфа. Не заборавајте да цитирате извори. Типичен пример за ваква статија - Црна дупка. Каков стил треба да се избегнува:

Да видиме што навистина се случува, замислете како фрлате тениско топче во воздух нагоре...“
„Прво, не е возможно да се види црна дупка директно бидејќи од нив како што спомнав не може да излезе светлината... затоа тие се викаат црни дупки. Но има добри причини да веруваме дека тие постојат!

Од вакви причини, следно на листата за приоритетни работи ни е и создавање на Википедија:Прирачник за стил. За сите нови корисници кои упорно ќе пишуваат со неенциклопедиски стил, автоматски ќе ги известуваме (со шаблон) и ќе ги посочуваме кон овој водич. Ако го игнорираат, ќе ја бришеме содржината, се` додека не им текне да го прочитаат.

6. Мали уредни статии - пример: Тестис. Ваквите статии имаат категории, интервики и енциклопедиски стил. Им фали минимално уредување, на пример почетокот да се стави со задебелен текст и да се наведат извори. За пронаоѓање на извори, импровизирајте, најдете ја статијата на англиската википедија и обидете се да вметнете некоја референца онаму каде што е најпотребно. Ова е најлесното што може да го добиете.