Луј де Рувроа, војвода од Сен-Симон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Vikinata (разговор | придонеси)
Нема опис на уредувањето
с Brainmachine ја премести страницата Сен-Симон на Луј де Рувроа, војвода од Сен-Симон: Сен-Симон почесто се мисли на Клод Анри де Сен-Симон
(нема разлика)

Преработка од 14:48, 25 јуни 2015

Луј де Рувроа, војвода Сен-Симон

Сен Симон
Роден/аЛуј де Руврoа, (Видам од Шартр)
16 јануари 1675
Париз, монархистичка Франција
Починат/а2 март 1755 (на 80 години)
Париз, монархистичка Франција
Занимањеписател
НародностФранцузин
Жанрмемоари
Предметдворот на Луј 14


Луј де Рувроа, војвода од Сен-Симон, роден во Париз, на 16 јануари 1675 година, починат на 2 март 1755 година, припадник на француското благородништво, прочуен по своите Мемоари'’ во кои го опишува животот на дворот во времето на Луј 14 и на регентството. Син е на Клод Рувроа, војвода Сен-Симон за кого било создадено војводство во времето на Луј 13,во 1635 година[1], и за неговата втора жена Шарлота од Л’Обеспин.

Биографија

Младост

[[Слика:Portrait de Saint-Simon à 18 ans.jpg|vignette|left|300px|Француска школа од Предлошка:XVII век, портрет на Луј де Сен Симон, се припишува на Јасинт Риго (Музеј во Шартр). Син единец на Клод Рувроа, војвода Сен-Симон и неговата втра жена Шарлота од Л’Обеспин, роден е ноќта меѓу 15 и 16 јануари 1675 година. Уште во младоста добива титула видам од Шартр[2], од мајка си е строго и грижливо одгледан и воспитан да го почитува споменот на Луј XIII или Луј Праведниот. Тој се спријателува со војводата од Шартр, идниот регент. Друга личност која игра голема улога во неговиот живот е Рансе, опат на оптијата Ла Трап, кој на Сен-Симон ќе му биде ментор по прашањата на религијата. Младото момче се занимава особено за историјата, сака да чита мемоари кои ќе го « поттикнат да го опише тоа што го гледа сè со желба и надеж најдобро што може да го сфати времето во кое живее. »

Не ги запоставува ни физичките вежби, јавањето и мечувањето, и покажува желба да служи во армијата. Во 1691 година, кога има 16 години, татко му, кој е веќе стар (86 години) и се сместува во еден скромен дом во Версај, успева да го воведе меѓу сивите мускетари: му го претставуваат на Луј XIV со посредство на кралскиот хирург Марешал, пријател на Клод де Рувроа, кралот прифаќа младото момче да служи во војска. Тој служи како командант на баталјон во 1692 година при опсадата на Намур, а во 1693 година и во битката кај Нервинден. По извесно време, Луј XIV му ја доделува третата коњичка чета од региментата Ројал-Русијон[3].

Полнолетство

Почетоците на дворот

Во април во 1693 година, неговиот татко умира и тој станува војвода и пер на осумнаесет години. Набргу потоа, Луј го купува полкот Ројал-Карабиниер и станува заповедник на кампот. Неговите воени должности се во втор план во однос на обврските како пер. Сен-Симон сериозно го сфаќа својот нов ранг и наскоро почнува судење против маршал-војвода од Луксембур, кој сака да го смени својот ранг меѓу перовите. Toj e против « меѓуранговите » што им се доделуваат на вонбрачните деца на Луј XIV (војводата од Мен и гроф од Тулуз), и смета дека тие не може да бидат рамноправни со принцовите со кралска крв.

Своите идни Мемоари пчнува да ги пишува во јули 1694 година, но почнува да ги уредува од 1739 година[3].

Во 1695 година се жени со Мари-Габриеал Дурфор од Лорж, најстарата ќерка на маршал-војвода од Лорж под чија команда е за време на походите на Рајна; нејзината мајка, родена Фремон, потекнува од богата фамилија. Бракот е цврст и иако е договорен, што е вообичаено за тоа време, е многу среќен. На 8 септември 1696 година се раѓа првата ќерка Шарлота. Девојчето е заостанато и родителите цел живот ќе се грижат за неа. Потоа се раѓаат двата сина на Сен-Симон, Жак-Луј на 29 мај 1698 година и Арман на 12 август 1699 година. Децата се поситни и од таткото, толку ситни што другите ги викаат « кускулиња », а тоа му паѓа тешко на Сен-Симон. Изгледа дека синовите се интелектуално сјајни колку што се и физички, и згора на сѐ, не ја наследуваат чесноста на својот татко. Сен-Симон е свесен за тоа, и многу малку ги спомнува своите деца во своите Мемоари, само кога успева да издејствува да го добијат орденот Златно руно и титулата шпански грандеца и кога неговата ќерка станува принцеза од Шими.

Во 1697 година, води експедиција во Алзас под команда на маршал од Шоазелl. Тоа е неговиот последен престој во армијата : сѐ потешко му паѓа должноста да мине два месеца со својот полк. Освен тоа,неговиот полк е прегрупиран. Тој е заповедник на камп под оманда на обичен благородник.

Во 1699 година, е зафатен со своите Мемоари и се советува со Рансе како да работи[4]. Рансе го поттикнува да ги документира мемоарите а не да им се препушта на своите емоции. Можно е дека од тој датум Сен-Симон прави документарни досиеја дополнети со лични белешки. Тие досиеја на кои им додава и разни случки, на кои се сеќава, се основата на неговите Мемоари што ги пишува по четириесет години.

На 12 август се раѓа неговиот втор син Арман-Жан, кој подоцна станува маркиз од Рифек. Во 1702 година, кога го запоставува полкот за сметка на животот на дворот, Луј забележува дека се унапредуваат офицери кои имаат помал стаж од него. Меѓу нив е гроф од Ајан, идниот војвода од Ноај, кои ќе му биде лут непријател на војводата во текот на целиот живот. По настанот што го смета за очигледна навреда, Сен-Симон ја напушта војската изговарајќи се дека причина за тоа е здравствената состојба. Луј XIV долго време ќе се лути поради напуштањето на војската, а Сен-Симон потоа станува добар дворјанин на Версај.

Во Версај

Во 1702 година, добива апартман за себе и за жена си во дворецот Версај : го добива некогашниот апартман на маршалот од Лорж кој се наоќа во северното крило. Ќе го користи до 1709 година. На тој начин, тој е во центарот на случувањата на дворот што верно ги опишува во своите Мемоари. Во 1706 година, неговото име е предложено за местото амбасадор во Рим, да го замени кардинал од Жансон. Но, во последен момент, Луј XIV решава да го прати крдинал од Ла Трамуј.

Во 1709 година, го губи сместувањето. Пончартрен му дава друго, на вториот кат, во десното крило на министрите, и во 1710 година, Сен-Симон − бидејќи неговата сопруга е именувана за почесна дама на војвотката од Бери − добива голем апартман што порано ѝ бил доделен на грофицата Сфорца и на војвотката од Антен. Новиот апартман има и кујна и тоа му овозможува на Сен-Симон да приредува закуски и вечери што му овозможува да ги збогати Мемоарите.

1711 : Une mort qui délivre

En 1711, Monseigneur, fils de Louis XIV, meurt. Saint-Simon était partisan et ami de son fils, le duc de Bourgogne, désormais premier dans la ligne de succession. L'annonce de la mort du Grand Dauphin et le spectacle de son palais de Meudon, la nuit de sa mort, donnent une page célèbre des Mémoires[5]. L'attitude psychologique de Saint-Simon, en cette occasion, est remarquablement profonde :

Празен навод (help)

  1. [[#CITEREF|]], стр. LXXXI, Chronologie sommaire
  2. [[#CITEREF|]], стр. 19
  3. 3,0 3,1 Alain Decaux et André Castelot, Dictionnaire d'histoire de France, Perrin, 1981, Ouvrage utilisé pour la rédaction de l'article920 
  4. « Cahiers Saint-Simon », Société Saint-Simon, n°1, p. 13, Lettres à Rancé, 19 janvier 1700
  5. Sainte-Beuve, dans un article du Constitutionnel (2 octobre 1865), repris dans ses Nouveaux Lundis (tome X), déclare que cette scène est « une œuvre unique, incomparable, qui n'a sa pareille en aucune littérature, un tableau comme il n'y en a pas un autre à citer dans les musées de l'histoire ».
  6. Mémoires, ed. Gallimard, 1984, Bibliothèque de la Pléiade, vol.IV, p.67