Раи: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 1 interwiki links, now provided by Wikidata on d:Q6495741
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 29: Ред 29:
[[Оплодување]]то е внатрешно кај раите. Повеќето се вивипарни, но вистинските раи несат зарамнети, правоаголни јајца, затворени во кожни черупки. Празните черупки од овој тип се наоѓаат на [[Плажа|плажите]] и се познати како сиренини чанти. Повеќето фамилии на раи имаат космополитско распространување во тропските и суптропските морски води; некои се наоѓаат и во умерени и ладни води. Некои раи можат да живеат во соленкасти води и [[естуар]]и, а пилоносците навлегуваат во слатите води (реки и езера).
[[Оплодување]]то е внатрешно кај раите. Повеќето се вивипарни, но вистинските раи несат зарамнети, правоаголни јајца, затворени во кожни черупки. Празните черупки од овој тип се наоѓаат на [[Плажа|плажите]] и се познати како сиренини чанти. Повеќето фамилии на раи имаат космополитско распространување во тропските и суптропските морски води; некои се наоѓаат и во умерени и ладни води. Некои раи можат да живеат во соленкасти води и [[естуар]]и, а пилоносците навлегуваат во слатите води (реки и езера).


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Риби]]
[[Категорија:Риби]]

Преработка од 02:46, 21 јуни 2015

За граѓаните на Османлиската империја, видете Раја (народ).
Раи
Пилоносна раја
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: ‘Рскавични риби
Поткласа: Плочестожабрени
Надред: Batoidea
Редови

Rajiformes - вистински раи
Pristiformes - пилоносци
Torpediniformes - електрични раи
Видете го текстот за фамилии.

Во зоологијата, раја е ‘рскавична морска риба со многу зарамнето тело. Таа е роднина на ајкулата. Пекторалните перки на повеќето раи се развиени во широки, рамни и криловидни додатоци, прикачени од двете страни на главата. Животното плива со брановидно поместување на овие крила. Повеќето раи имаат тенки и камшичести опашки. Очите и спиракулумите се лоцирани на врвот на главата, а устата и жабрените цепнатинки се на долната страна. Многу раи живеат на дното на океанот, лежејќи како килими на него; други го населуваат пелагијалот (погорните водни слоеви). Оние раи кои живеат на дното дишат така што земаат вода низ спиракулумите (а не низ устата како повеќето риби), и ја пропуштаат низ жабрите. Раите се хранат со најразлични помали животни; цврстите, заоблени заби на многу видови се адаптирани за кршење на черупките на полжавите и школките.

Видови на раи и таксономија

Раите се поделени во седум фамилии. Најголеми се мантите, наречени и ѓаволски раи (од фамилијата Mobulidae). Овие се пелагиски форми кои можат да тежат до 1360 kg, со ширина од 7 m. За разлика од другите раи, мантите се исхрануваат со филтрирање на водата. Електричните раи или торпеда (фамилија Torpedinidae) имаат електрични органи на нивните крила кои генерираат електрично струење кое се користи за имобилизација на пленот, како и за одбрана. Електричниот поток е доволно силен за да го осетат луѓето, и веројатно Античките Грци ги користеле овие риби за шок терапија. Вистинските раи (Rajidae), кои некогаш се ловат како храна, живеат на дното и имаат речиси дисковидна форма на телата и кратки опашки; некои видови имаат електрични органи во нивните опашки. Боцкашите (Dasyatidae) имаат редови од боцки на нивните опашки кои инаку се многу подолги отколку нивните тела. Боцкашот задава рани на друг организам со замавнување на опашката; отровот кој се содржи во боцките може да е фатален за луѓето. Повеќето од орловите раи и лилјаковидната раја (фамилија Mylobatidae) имаат само една отровна боцка на опашката. Гитарестите раи (Rhinobatidae) се ајкуловидни по форма, и поседуваат добро развиени опашки кои се користат за пливање и помали пекторални перки отколку повеќето раи; но, перките се прикачени, како кај сите раи, над жабрите. Пилоносните раи (од фамилијата Pristidae) се слични во телесната форма, но имаат долги и рамни рилки со редици од забовидни проекции на секоја страна. Некои видови достигнуваат вкупна должина од 6 m, со рилки долги 1,8 m и 30 cm широки.

Размножување и распространување

Оплодувањето е внатрешно кај раите. Повеќето се вивипарни, но вистинските раи несат зарамнети, правоаголни јајца, затворени во кожни черупки. Празните черупки од овој тип се наоѓаат на плажите и се познати како сиренини чанти. Повеќето фамилии на раи имаат космополитско распространување во тропските и суптропските морски води; некои се наоѓаат и во умерени и ладни води. Некои раи можат да живеат во соленкасти води и естуари, а пилоносците навлегуваат во слатите води (реки и езера).