Свастика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 12: Ред 12:
Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обjекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со [[Нацистичка Германија]].
Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обjекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со [[Нацистичка Германија]].


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Крстови]]
[[Категорија:Крстови]]
[[Категорија:Индоевропски народи]]
[[Категорија:Индоевропски народи]]

Преработка од 02:25, 21 јуни 2015

Свастика свртена кон десно во украсна хиндуистичка форма
Свастика како дел од мозаиците во близина на црквата Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник, Охрид.
Препознатливиот симбол (свастика) на Третиот Рајх.

Кукест крст (германски: Hakenkreuz) или свастика (санскрит: स्वास्तिक) — крст со еднакви страни со прекршени краци под прав агол и свртен надесно () или налево (). Изразот потекнува од санскритскиот збор „свасти“, што значи добробит. Тајландскиот поздрав со споени дланки (како при молитва) има исти корени и исто значење.

Свастиката е ширококористен симбол во дармиските религии (хиндуизам, будизам и џаинизам). Хиндуистите често ја украсуваат свастиката со по една точка во секој квадрант. Во Индија е премногу чест и вообичаен симбол, така што е дел од неколку деванагари азбуки. Исто така е дел и од современиот Уникод. Често се наоѓа во верски текстови, покани за свадби, украси итн. Се користи за обележување религиозни знамиња во џаинизмот и будистички храмови во Азија.

Постојат археолошки докази дека облици на свастика датираат од Неолитот. Во 1920 свастиката била позајмена како нацистички симбол и од тогаш е контроверзен симбол. Во западниот свет, свастиката е најпозната како симбол на нацизмот, што го извртува историското значење на симболот на истокот.

Се среќава и во други азиски, европски, африкански и староамерикански (индијански) култури, некогаш како геометриски мотив, некогаш како религиозен симбол.

Иако и во Европа овој симбол може да се најде на голем број обjекти и споменици, неговото користење во Западниот свет се избегнува поради поврзаноста на овој симбол со Нацистичка Германија.