Џон Максвел Куци: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Робот: ја менува пренасочената категорија Лингвисти во Јазичари
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 17: Ред 17:
{{Нобелова награда за литература}}
{{Нобелова награда за литература}}


{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Добитници на Нобелова награда за литература]]
[[Категорија:Добитници на Нобелова награда за литература]]
[[Категорија:Есеисти]]
[[Категорија:Есеисти]]

Преработка од 02:18, 21 јуни 2015

Џон Максвел Куци

Џон Максвел Куци (роден на 9 февруари, 1940 година, во Кејптаун, Јужна Африка) е јужно африкански новелист, есеист, лингвист, преведувач. Татко му, адвокат, и мајка му, учителка, биле потомци на Холандските доселеници од 17 век. Освен тоа преку својот чукун дедо Балтазар Дубиел, Куци имал и полски корени.[1]

Биографија

Куци најраниот живот го поминал во Кејптаун, Ворчестер и Кејп Прованс(денешен Вестерн Кејп), а тоа го опишал во фикциските мемоари „Детство-сцени од правинцискиот живот“ (1997). Одел во католичко училиште „Свети Јосиф“, а потоа дипломирал математика и англиски на универзитетот во Кејптаун. Во раните 60-ти, Куци се преселил во Лондон, каде што работел за „Иј-би-ем“ како компјутерски програмер. Во 1963 година во Кејптаун ја одбранил магистерската теза за романите на Форд Медокс Форд. Искуството во Англија го опишал во вториот том на фикциските мемоари „Младост“ (2002). Третиот том е „Лето“ (2009). Особено место во неговиот приватен живот има тоа што син му починал трагично, под сомнителни околности, на 23 години. Докторот по лингвистика го одбранил на универзитетот во Тексас, а темата му била компјутерска стилска анализа на делата на Самјуел Бекет. Откако го напуштил Тексас, предавал англиски јазик и литература на државниот универзитет во Њу Јорк до 1971 година. Таа година побарал американско државјанство, но бил одбиен поради учество во протестите против војната во Виетнам. Потоа се вратил во Јужна Африка да предава литература. Откако се пензионирал во 2002 година, се преселил во Аделаида, Австралија, каде што е почесен истражувач на англискиот оддел на тамошниот универзитет во кој предава и неговата партнерка Дороти Драјвер. Паралелно со тоа, предавал и социологија на универзитетот во Чикаго до 2003 година. Бо март 2006 година, Куци станал австралиски граѓанин. За време на церемонијата, рекол дека „Бев привлечен од слободниот и широкоград на луѓето, од убавина на земјата и кога прв пат ја видов Аделаида-од блаженството на градот што сега го нарекувам мој дом.“ Куци е познат по повлеченоста, потенцира од обвиненото за „елитизам“ од страна на неговите сонародници, зашто толку многу го избегнувал публицитетот, што ретко давал интервјуа и не се појавувал да ги прими обете награди „Букер“ прво за „животот и времето“ на Мајкл Кеј, во 1983, а потоа за срамотата во 1999. Фактот дека ретко се појавува во јавноста бил искористен за со неговите потпишани примероци да се собираат пари за децата жртви на сида во Африка. Во последните години станал гласен критичар на суровоста кон животните и заштитник на правата на животните. Своите заложби ги претставувал и во книгите: Срамота, Животот на животните(1999) и Елизабет Костело: 8 лекции(2003).

Награди

Куци добил многу литературни награди. За романот по кој е најпознат, „Чекајќи ги варварите“ ја добил „Меморијалната награда Џејмс Тетј Блек“ во 1980 година, а трипати ја добил ,,Си-ен-еј прајз". Железно време(1983) била книгата на годината на ,,Сандеј експрес". За мајсторот на Петербург(1994) ја добил наградата ,,Тајмс ин-ин-тернешнал фикшн" во 1995 година. Ги добил и француската награда ,,Фемина", ,,Фајбер мемориал аворд", ,,Комонвелт литерари аворд", а во 1987 ја добил наградата ,,Ерусалим" за литература за слобода на индивидуата во општеството. На 2 октомври 2003 е објавено дека е добитник на Нобелова награда за литература и со тоа станал 4-ти африкански добитник, а втор јужноафикански, по Надин Гордимер. При добивањето бил фален поради ,,Безбројните облици со кои го портретирал вклучувањето на отпадникот" и поради ,,Добро изработената композиција, богатиот дијалог и аналитичките брилијантност", додека се фокусирал врз моралната природа на своите деца. Церемонијата на доделувањето се одржала во Стокхолм на 10 декември 2003 година. Куци е добитник и на наградата ,,Редот на Мапунгубове" од страна на владата на Јужна Африка на 27 септември 2005 за ,,Извонредниот придонес на полето на литература за ставањето на јужна Африка на светската сцена". Има почестени докторати на универзитетите во Аделајда, Натал, Оксфорд, Родос, Мелбурн(Ла троуб), Њу Јорк(Бафало и Стретклајт) и Сиднеј.

Творештво

Освен романите што беа досега спомнати ги обавил и ,,Земји на самракот"(1974), ,,Во срцето на земјата"(1977), ,,Фо"(1986), ,,Бавниот човек"(2005) и ,,Дневникот на лошата година". Неговите есеистички дела се: При пишувањето за:културата на писмото во јужна Африка(1988), Одвојување на поентата:есеи и интервјуа(1992), Нанесување увреди:есеи на цензурата(1996), Необични брегови:литературни есеи, 1986-1999(2002)и Внатрешни дејства:литературни есеи, 2000-2005 (2007). Ги превел делата: Посмртна исповед од Марсел Емантс(1986), Експедиција од Баобабот од Вилма Стокенстром и Пејзаж со веслачи:поезијата на Холандија(2004) кому му напишал предговор како и на Робинзон Крусо од Даниел Дефо, Брајтенската карпа од Греам Грин и Човек во неизвеснот од Сол Белоу.

Наводи

  1. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010