Гликобелковина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 36 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q187126 (translate me)
embed {{Нормативна контрола}} with wikidata information
Ред 3: Ред 3:
Гликобелковините се со многу различен состав и особини. Според карактерот на [[полисахарид]]от, ги делиме на неутрални и кисели. Полисахаридите од првата група е со неутрален карактер и се состои од повеќе единици на [[моносахарид]]и или [[аминошеќер]]и. Полисахаридот на киселите гликобелковини е [[хијалуронска киселина]], [[хондроитин сулфурна киселина]] или се состои од повеќе единици на [[Хексуронска киселина|хексуронски киселини]].

{{Нормативна контрола}}
[[Категорија:Белковини]]
[[Категорија:Белковини]]

Преработка од 00:29, 21 јуни 2015

Гликобелковините (гликопротеини) се сложени белковини кои како простетична група имаат некој јаглехидрат. Тоа се многу вискозни и слузести супстанци, па затоа се нарекуваат и мукобелковини. Гликобелковините се многу распространети во животинскиот организам. Ги има во сите секрети (плунка, желодочен сок, синовијална течност, секрети на цревна слузокожа), потоа во ‘рскавицата, папочната врвка, стаклестото тело на окото, рожницата, серумот, еритроцитите (крвните групи) и сврзното ткиво.

Гликобелковините се со многу различен состав и особини. Според карактерот на полисахаридот, ги делиме на неутрални и кисели. Полисахаридите од првата група е со неутрален карактер и се состои од повеќе единици на моносахариди или аминошеќери. Полисахаридот на киселите гликобелковини е хијалуронска киселина, хондроитин сулфурна киселина или се состои од повеќе единици на хексуронски киселини.