Референдум во Македонија (2004): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
с →‎Политички импликации: отстранување на слика
Ред 18: Ред 18:


==Политички импликации==
==Политички импликации==
[[Слика:Miting_referendum.jpg|right|thumb|170px|Митинг за поддршка на референдумот]]

Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од [[СДСМ]], стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот. Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа [[САД]] кои 2 дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.
Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од [[СДСМ]], стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот. Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа [[САД]] кои 2 дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.



Преработка од 02:04, 9 јули 2008

Плакат за собирање 100.000 потписи за референдумот

Референдумот од 2004 година е распишан со цел изјаснување околу ново-усвоениот закон за нова територијална поделба на Република Македонија. Согласно Уставот на Република Македонија и Законот за референдум и граѓанска иницијатива објавен во Службен весник на РМ бр. 24/98, а по барање на 180.545 граѓани на Република Македонија со право на глас, Собранието на Република Македонија го распиша задолжителниот референдум за територијалната организација на Република Македонија. Референдумот се одржа на 7 ноември 2004.

На овој референдум гласачите со ЗА и ПРОТИВ се изјаснуваа по прашањето:

Дали сте за територијалната организација на локалната самоуправа (општините и градот Скопје) утврдена со Законот за територијалната поделба на Република Македонија и определување на подрачјата на единиците на локалната самоуправа (“Службен весник на Република Македонија” бр.49/96) и Законот за градот Скопје (“Службен весник на Република Македонија бр.49/96)?

Иницијатор за собирање на потписите беше Светскиот македонски конгрес.

Изборна статистика

  • Право на глас имаa 1.709.536 лица, запишани во Избирачкиот список.
  • Гласањето се одвивало на 2.973 гласачки места, при што целата територија на Република Македонија беше една изборна единица.
  • Изборни органи што го спроведувале референдумот се:

- Државната изборна комисија, 34 општински изборни комисии, 2.973 избирачки одбори.

Политички импликации

Зад иницијативата за референдум застана целокупниот опозиционен блок, додека владеачката коалиција предводена од СДСМ, стравувајќи од етнички поделби и тензии, се противеше на референдумската иницијатива и бараше граѓаните да не гласаат на референдумот. Меѓународната заедница исто така негативно се произнесе по референдумската иницијатива. Најгласни во тоа барањето беа САД кои 2 дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.

Резултати

Од вкупниот број гласачи, на референдумот излегле 454.347 или 26.58%, од тоа бројот на валидни гласачки ливчиња бил 449.324 или 26.28%.

  • ЗА гласале: 427.112 или 94.01%
  • ПРОТИВ гласале: 22.212 или 4.89%

Види исто така

Надворешни врски