Лигурија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bot: Migrating 91 interwiki links, now provided by Wikidata on d:q1256 (translate me)
с Removing Link FA template (handled by wikidata) - The interwiki article is not featured
Ред 27: Ред 27:
[[Категорија:Лигурија| ]]
[[Категорија:Лигурија| ]]
[[Категорија:Региони во Италија]]
[[Категорија:Региони во Италија]]

{{Link FA|it}}

Преработка од 09:06, 24 март 2015

Светилникот во Џенова, симбол на градот
Кристофер Колумбо
Рапало во Лигурија

Лигурија е италијански регион, сместен на северо-западниот дел од Апенинскиот Полуостров и која како главен град ја има Џенова. На југ се граничи со Лигурското Море, на запад со Франција (регионот Прованса - Алпи - Азурен Брег, на север со регионите Пиемонте и со Емиља-Ромања и на исток со Тоскана. Лигурија е составен дел од Еврорегионот Алпи-Медитеран. Со своите 5.421 км² Лигурија е еден од најмалите италијански региони но е еден од најгусто населените, особено во приморските делови каде што е концентриран најголемиот дел од економските активности. Меѓу 1950 и 1960 година, бројот на населението во Лигурија пораснал благодарение на големата имиграција од Јужна Италија, пред се во Џенова. Денес, по затворањето на многу фабрики, иселеничкиот бран престанал, што не важи и за туристичкиот, имајќи предвид дека Лигурија е една од најпознатите италијански туристички дестинации. Освен Џенова која е главен град на Лигурија, други познати лигурски градови се и Империја, Ла Специја, Савона, Бордигера, Портофино, Сан Ремо и Сестри Леванте.

Познати личности

Лигурија е регион во кој се родиле многу познати италијански личности како Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Едмондо Де Амичис, Еуџенио Монтале, Итало Калвино, Франко Малерба.

Занимливости

  • Лигурија е регион во Италија кој има највисок процент на стари лица и кој се наоѓа на самото дно на листата на наталитет. Речиси една четвртина од населението е над 65 годишна возраст.
  • Заливот Ла Специја е наречен уште и „Залив на поетите“ во спомен на англиските поети Шели и Бајрон кои таму престојувале на почетокот на 1800.

Надворешни врски