Нептун: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с додадена Категорија:Нептун со помош на HotCat
с Removing Link GA template (handled by wikidata)
Ред 24: Ред 24:
{{Link FA|it}}
{{Link FA|it}}
{{Link FA|sl}}
{{Link FA|sl}}
{{Link GA|ru}}

Преработка од 03:01, 24 март 2015

Нептун од Војаџер 2

Нептун е осмата планета во нашиот сончев систем. Неа ја открил германскиот астроном Јохан Гале во 1846 година. Освен овие податоци за Нептун не се знаело многу сè додека вселенската сонда Војаџер 2 не го посетила во 1989 година. Оваа светла сина топка речиси нема никакви површинси обележја. Во време кога ја фотографирал Војаџер, серија бури познати под името Големата темна дамка (која подоцна исчезнала) можела да се види како брзо се движи во насока спротивна на ротацијата на планетата. Нептун има свои прстени како и другите гасовити џинови. Постојат четири скоро невидливи прстени составени од темни парчиња мраз. Таа е четвртата најголема планета по дијаметар и трета по маса; Нептун има 17 пати поголема маса од Земјата и е нешто помасивен од блискиот Уран, кој има маса од 14 Земјини маси, но е нешто помал поради поголемата густина. Планетата е именувана по Нептун, римскиот бог на морето. Неговиот астрономски симбол (♆, Уникод U+2646) е стилизирана верзија од Посејдоновиот Трозабец. Најмногу се разликува по тоа што има елиптична орбита.

Сината боја на Нептун доаѓа од гасот метан. Метанот исто така влијае врз бојата на Уран. Нептун е најветровита планета во нашиот Сончев систем. Ветриштата кои дуваат со брзина од 2.200 km на час дуваат од исток кон запад на планетата.

Нептун околу својата оска се завртува за 16,1 часа а околу Сонцето за 164,8 години. Нептун има 8 сателити од кои најпознат и најголем е Тритон.

Поврзано

Надворешни врски


Предлошка:Сончев систем

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA