Пјерлуиџи Колина: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Bjankuloski06 ја премести страницата Пјерлујџи Колина на Пјерлуиџи Колина презапишувајќи врз пренасочување
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Инфокутија за личност
{{infobox
| name = Пјерлуиџи Колина
| име = Пјерлуиџи Колина
| image = [[Податотека:Pierluigi Collina.jpg|200px]]
| портрет = Pierluigi Collina.jpg
| родено-име =
| fullname = Pierluigi Collina
| dateofbirth = {{birth date and age|1960|2|13|df=y}}
| роден-дата = {{birth date and age|1960|2|13|df=y}}
| роден-место = {{роден во|Болоња|Италија|}}
| cityofbirth = [[Болоња]]
| countryofbirth = [[Италија]]
| националност = {{flagicon|Италија}} [[Италија]]
| занимање = поранешен [[Судија|фудбалски судија]] (1988-2005)
| dateofdeath =
| cityofdeath =
| countryofdeath =
| otheroccupation = [[финансиски советник]]
| years1 = 1988–1991
| years2 = 1991–2005
| league1 = [[Серија Ц2]] / [[Серија Ц1]]
| league2 = [[Серија Б]] / [[Серија A]]
| role1 = [[Referee (football)|Referee]]
| role2 = Referee
| internationalyears1 = 1995–2005
| confederation1 = [[ФИФА]]
| internationalrole1 = судија
}}
}}

'''Пјерлуиџи Колина''' ({{lang-it|Pierluigi Collina}}; р. {{роден на|13|февруари|1960}}) — поранешен [[италија]]нски [[фудбалски судија]].
'''Пјерлуиџи Колина''' ({{lang-it|Pierluigi Collina}}; р. {{роден на|13|февруари|1960}}) — поранешен [[италија]]нски [[фудбалски судија]].



Преработка од 17:31, 19 март 2015

Пјерлуиџи Колина
Роден 13 февруари 1960(1960-02-13)(64 г.)
Болоња, Италија
Националност Италија Италија
Занимање поранешен фудбалски судија (1988-2005)

Пјерлуиџи Колина (италијански: Pierluigi Collina; р. 13 февруари 1960) — поранешен италијански фудбалски судија.

Тој е сè уште врзан за фудбалот како неплатен консултант на Италијанското здружение на фудбалски судии (АИА), и член на судискиот комитет на УЕФА.

Тој се смета за еден од најдобрите фудбалски судии во светот.

Кариера

Колина е роден во Болоња и пратен на локалниот универзитет, каде што стекнал диплома за економија во 1984 година. За време на тинејџерските години играл како централен дефанзивец во локалниот тим, но бил убеден во 1977 година да оди на курс за судии, каде што ја пронашол личната надареност за таа работа.

За три години тој судел во највисокиот ранг на регионални натревари, и некои странски натпревари. Во 1988 година постигнал напредок побрз од нормалниот, и судел во националната третата лига Серија Ц1 и Серија Ц2. За три сезони почнал да суди во повиските Серија Б и Серија А натпревари.

Во меѓувреме фатил алопеција, што резултирало со целосно губење на неговата коса. Колина станал келав и го доби прекарот Коџак.

Во 1995 година откако имаше судено на 43 Серија А натпревари беше пласиран на листата со судии на ФИФА, со што му беа доделена за судење 5 натпревари на Олимписките Игри во 1996 година, вклучувајќи го и финалето меѓу Нигерија и Аргентина. Судеше во финалето во Лигата на Шампионите во 1999 година меѓу Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед, кој е најзапаметениот меч поради столчињата на крајот на мечот и лавовските 'ржења.

Во 2002 година ја достигна кулминацијата (врвот) на својата кариера кога беше избран за да го суди финалето на Светското Првенство во фудбал меѓу Германија и Бразил. После натреварот, Оливер Кан рекол Колина е судија од светски рамки, нема двоумење за тоа, но не носи среќа зарем не? Колина дотогаш на Кан му имаше судено два големи натпревари, во Лигата на Шампионите во финалето во 1999, кога Баерн Минхен изгуби од Манчестер Јунајтед 2-1, и Англија против Германија 5-1 во 2001 година. Среќата на Кан не се смени во финалето.

Во 2003 година тој ја напиша автобиографската книга „Моите правила на игра“ (Le Mie Regole del Gioco).

Тој судеше во Финалето на УЕФА Купот меѓу Валенсија и Олимпик Марсеј. Европското првенство беше неговиот последно поважно меѓународно натпреварување, и ја достигна старосната граница за судии според ФИФА (45 години) рано во 2005 година. Неговиот последен меѓународен натпревар беше Португалија-Словачка, квалификациски натревар за Светското првенство во 2006 година. Натпреварот беше на стадионот Estadio da Luz во Лисабон. Старосната граница за судии на Италијанската Фудбалска Федерација е 46 години, но на Колина му дозволи да суди уште една сезона. И покрај тоа, недоразбирањето меѓу федерацијата и Колина на почетокот на август 2005 година, резултираше со тоа што Колина потпиша важен спонзорски договор со Опел. Опел исто така беше спонзор на клубот од Серија А, А.Ц Милан и тој договор беше важен конфликт за интереси, а Колина беше отпуштен и не судеше на топ натпреварите во Италија. Во моментите на одлука, тој донесе оставка, и ефективно ја заврши својата кариера. Италијанската Асоцијација на Судии сакаше да го врати на терените, но тој се откажа, за да води мирен живот. Сепак, судеше хуманитарни натпревари организирани од УНИЦЕФ во мај 2006 и септември 2008 година. За време на овој натпревар Колина доживеа непријатен пад и излезе од игра после 21 минута игра.

Колина на натпревар од шампионската лига во 2007.

Една од неговите последни игри, квалификации за Лигата на Шампионите меѓу Евертон и Виљареал имаше контроверзи со непризнатиот гол на Евертон со што натрпеварот заврши во екстра време.

Колина е почитуван како најдобар судија во светот, и можеби единствениот судија кого го сакале сите тимови.

Можеби еден од најголемите обележја на кариерата на Колина беше скандалот на Серија А кога Јувентус беше испратен во втората лига.

Колина е главна фигура во популарната видеоигра Pro Evolution Soccer 3 и Pro Evolution Soccer 4 (заедно со Франческо Тоти и Тјери Анри). Исто така беше вклучен и во видеоиграта ФИФА 2005. Тој се појавува на рекламите за Мастер Кард и Адидас, за време на Светското првенство во фудбал во 2006 година. Тој исто така многу ја сака кошарката. Најомилен кошаркарски клуб му е Болоња.

Приватен живот

Колина ја запознал идната сопруга во 1988 година во Версилија. По долго време живеење заедно тие се преселиле во Вијареџио. Имаат две ќерки и куче западношкотски бел териер, кој се вика Валас.